Октоподот

10/20/2006

Со нетрпение го читав Обраќањето на Претседателот Црвенковски на Самитот на земјите од Југоисточна Европа посветен на борбата против организираниот криминал и тероризам.

Читам, читам, „октопод“ никаде не се споменуе.

Бане, што стана со „октоподот“?

P.S. Сте ја чуле новата македонска народна поговорка?
- „Октопод вјавај, октопод барај“

3 коментари:

Unknown рече...

Само мала илустрација до каде допираат пипалата на октоподот, според поранешниот Министер за внатрешни работи Павле Трајанов:
„- ...Владата прво донесе одлука доследно да го почитува ембаргото на ООН кон Југославија, но тоа траеше кратко. Додека беше на сила одлуката, МВР не дозволи преку границите пиле да прелета. Долго време го убедувавме министерот Фрчкоски дека не треба да се согласи да се крши ембаргото, владата донесе одлука за кршење на ембаргото. Бранко Црвенковски формираше еден кризен штаб за кршење на ембаргото, во кој беа вклучени повеќе министри и стопанственици, меѓу кои главни беа Штерјо Наков и Данчо Шутурков, како советници на Црвенковски. Најголемата грешка што ја направи владата беше одлуката само една фирма („Фершпед“) да има ексклузивно право да го врши целиот извоз и увоз. Попатно кон оваа фирма додадоа уште три други фирми - „Охис-транспорт“, Рафинеријата, „Макошпед“. Почнаа со размена на нафта за јаглен, но подоцна се дозволи на целосна и отворена трговска соработка за сите стоки, при што трговијата се „либерализира“ и се вклучија многу фирми во тој профитабилен бизнис.

Каква беше улогата на МВР во кршењето на ембаргото?

- МВР имаше задача да го обезбедиме транспортот на нафтата и на сите други стоки и сето тоа да биде далеку од очите на припадниците на УНПРЕДЕП и на другите мисии што го нагледуваа спроведувањето на ембаргото.
Полицијата беше крајниот филтер, таа проверуваше дали одредена фирма е на списокот доставен од владата за да може да работи со Србија или не.“
(интервјуиран од Бранко Героски, за „Време“, број 686, 09.04.2006)

Shepard рече...

каламари за предјало!

Unknown рече...

Уште не е „ДОШЈА НОЖ ДО КОСКУ“!
Тогаш од главата на „октоподот“ ќе се праи сашими :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week