Еден полу-анонимен коментатор (Хамлет-хм) ми пишува кон постот Резерват за „опасни животни“?:
„Ајде бе да праиме РЕВОЛУЦИЈА. Се е точно од она што запазуваш во твоите постови но никако да чујам (прочитам) каде и какво е чарето.“
Чарето не е во револуција, чарето е во системски реформи кои ќе овозможат:
- владеење на правото (наместо владеење на неправото и на самоволието на политичарите),
- почитување и заштита на човековите права и слободи (наместо систематско прекршување од државата и пасивност на институциите кои ги штитат);
- елиминирање на корупцијата, сиромаштијата, и необразованоста како претпоставка за економски и човеков развој.
Не е лошо да се потсетиме на зборовите на Крсте Мисирков, кој беше против планот за револуција:
„ Револуциiата на пролет ке бидит наi глупаото, шчо можиме ниiе да напраиме. Со револуциiата на пролет ке се користат само нашите неприiатели, коiи си имаат само есапи, противни на нашите национални интереси.“
Аргументите на Мисирков беа дека револуцијата ќе послужи само како изговор за неисполнување на реформите:
„Сакаме ли ушче iеднаш да не послужиме на Турциiа, и пак да не напраиме криви друзите за нашите грешки? Јас мисл'ам, оти нишчо друго не ни остаат да напраиме осим да се однесеме со полно доверiе ком реформаторцките усилiа на двете заинтересуани Сили, и сo тоа да иангажираме, час по скоро да се воведат обeк'аните реформи.“
Ако Мисирков беше во право, не ми е јасно зошто тогаш го славиме најглупавото нешто што сме можеле да го направиме - неуспешното Илинденско востание?
Ако Мисирков беше во право, тогаш крајно време е во нашиот политички речник да почнеме повеќе да го цениме зборот „реформи“ од зборот „револуција“.
Најпосле, последиците од „револуцијата“ од 2001 сеуште ги чувствуваме.
Поради отсуството на реформи, не само што не претркаа Романија, Бугарија, Хрватска, туку полека не претркуваат и Албанија, Црна Гора, Косово, Србија.
Токму затоа, на ниту една Влада не треба да и се остава никаков простор за неспроведување на реформите кои не приближуваат кон ЕУ.
А Владата на Груевски засега го прави токму тоа - со проектите веронаука, религиозни празници и со смешните изјави на нашите по странски медиуми : „...да се биде кандидат за членство без датум за преговори е како да се прави свадба без музика...“ (Милошоски: Преговори за членство во ЕУ во 2007 или 2008 година)
Каква „свадба“ бе штурче мрзливо?
Датумот за преговори требаше летово и есенва да го сработиш. Камо конкретни резултати од реформите?
Сакаме реформи и резултати, а не свиркање популистички песнички пред зима!
Не РЕВОЛУЦИЈА, туку РЕФОРМИ - час поскоро!
3 коментари:
запази го насловов на следнава вест- апропо твојата симпатија кон јазички пермутации, кои кога се сугестивни или симболички, знаат да бидат и смешни! а уште великиот Аристотел, па и Умберто Еко за хуморот рекле ...:)
http://www.vlada.mk/Informacii/Oktomvri2006/i28-10-2006a.htm
се извинувам што нема линк него право адреса! али вреди!ете ги реформите! :)али побрзај да не го сменат насловот!
мошне јако.
Мириса на фројдовски лапсус...
(м)обилен оператор - обилен рушвет? :)
супер, со нетрпение го чекам :)
Објави коментар