Мудрите владини советници, во соработка со научниците од МАНУ, најпосле изнајдоа успешно и трајно решение за прв јуришник во борбата против октоподите, бачилата, урбаната и руралната, глобалната и локалната мафија.
Извори блиски на секретарката на претседателот на МАНУ ни потврдија дека во тајната лабораторија за клонирање во МАНУ се прават последните психо-физички тестирања на неговото височество БРУС ЛИ - успешно клониран од влакно кое во најголема дискреција беше купено од тајните агенти на ЦИА и прокриумчарено преку граничните терминали на Фершпед (за да не се сетат Власите).
Од извори блиски на преведувачката на џез фестивалот, дознаваме дека во тек се тајни преговори со Колман за џез-преработка на хитот „Удри Брус Ли, тепај Брус Ли, потепај ги свииииии...“ - како предлог за новата македонска химна.
Од извори блиски на кинотека на Македонија, дознаваме дека Владата тајно преговора и со Милчо Манчевски за подготовка на сценарио за филмскиот проект првенец на MAKWOOD - „Во октоподовото гнездо“!
Од извори блиски на пудлицата на Градоначалникот на Скопје, дознаваме дека е веќе договорено улицата „Маршал Тито“ да се преименува во „Брус Ли“, а истоимената гимназија да се реформира во училиште за бокс, кунг фу и други боречки вештини - под покровителство на премиерот Груевски.
5 коментари:
:)))))))))))))))))))))))
Од далечните потоци на безумните (де)сораборници, дотекуваат куп мудри глупости :) Јавни тајни :) Рурален урбанизам :) Специјални филмски ефекти ;)
Каков „Гол пиштол“, ова ти е маскирана нуклеарка :)
Ме пресмеа со постов Жаре. Го предлагам за пост на годината :)
п.с.Брус ли....хм...јас повеќе си го сакам Џеки Чан. Може мала ургенција?! :-P
се придружувам на подршката за пост на годината..:)))
е ова заслужува споменик, место Тито ете Брус Ли врз босански камен у тоа змајевата поза.
:)))
ахаххааааааааа
аааааааааааааааааа
антологија!
Од извори блиски на ДУИ, по e-mail ни пристигна коминике во кое се најавува ургентна акција од страна на групата лојална на Командант Вентили (планирано е сечење на водоводните цевки во Собранието) доколку споредните улици кои што ќе се сечат со булеварот „Брус Ли“ не ги добијат следните имиња: Џеки Чан, Чак Норис, Командант Чакала, Командант Џејми Шеј, Шабан Трстена и Михаил Тимофеевич Калашњиков.
Од извори блиски на стенодактилографката на Собранието, дознаваме дека постои спремност за прифаќање на предлозите на ДУИ под услов тие да го гласаат Законот за полиција.
Од извори блиски на поранешната невладина организација „Транспарентност“ дознаваме дека во околината на Карпош е прокриумчарен еден тон црн поликолор со кој се планира да се изграфитираат сите сиви и бели површини од градскиот ѕид - доколку не се прифати ултиматумот - плоштадот да го добие името „Командант Коки“.
Ме изнасмеја ...
Добар пост ... како и повеќето твои...
Си направи филмче ... ако веќе не си режисер - си ја згрешил професијата ... имаш имагинација за режија ... :)
Објави коментар