Еден цитат кој ме подразбуди од дремежот и ме потсети на еманципаторското мото на просветителството: „Имај храброст да го употребуваш сопствениот разум!“ (Sapere aude):
„Кои се начините да му се спротивставиме на теророт на религиозниот догматизам? Еден од нив, на пример, е повторното реафирмирање на слободата на идеите, која се' повеќе е загрозена под превезот на борбата против тероризмот или под превезот на лажната политичка коректност. Луѓето мораат да имаат шанса да ги критикуваат сите идеи, па и цели системи од идеи, макар се нарекувале религија, наука или национална сигурност. Почитувањето на другите не подразбира молчење за нивните верувања тогаш кога ќе оцениме дека тие верувања се опасни.“ (НИКОЛА ГЕЛЕВСКИ, Крајот на религијата?)
Методите за критичко мислење се најдобар начин за реафирмирање на слободата на идеите. Оти, дури и за религиозните догматисти има место во критичката дебата.
А дали веронауката (како слугинка на религиозниот догматизам) може да обезбеди критичка расправа и слобода на идеите?
Дали веронауката промовира употреба на сопствениот разум или пак помрачување на сопствениот разум со ирационалната верба во Светото писмо (и одбраните авторитети кои имаат монополска моќ да го толкуваат)?
Да не заборавиме на мудрото предупредување: Заспаноста на разумот креира монструми!
Критички мислители - разбудете се!
6 коментари:
Интересно, ама откако падна политиката втемелена на слоганот - „Религијата е опиум за народот“, опиумот се повеќе почна да станува народна религија... :)
Шегата настрана - дефинитивно, „Слободата на религиозното убедување е едно од основните човекови слободи и права...“ - и секој има право на слободно мислење и изразување. Токму затоа кажав - „дури и за религиозните догматисти има место во критичката дебата.“
Е, сега - дали ќе има место за критичките мислители на часовите по „веронаука“? Тоа е интересно прашање.
И колку наставните програми по веронаука ќе бидат компатибилни со концептот на човекови права - со правото на абортус, правото на сексуална ориентација, со забраната за родова дискриминација, со правото на изразување на сопственото мислење, па и со правото на верско (не-црковно убедување).
Дали предавачите по веронаука ќе бидат должни да ги поучуваат учениците и на нивното право, на пример, да бидат христијани во Македонија, без да бидат припадници на МПЦ? Просто се сомневам во тоа.
Ако веронауката ја браниме со слободата на религиозното убедување како едно од основните човекови слободи и права, тогаш воопшто немаме потреба од засебен предмет - веронаука.
Тогаш повеќе имаме потреба од наставни програми за човекови права во кои, покрај другите права и слободи, ќе биде опфатена и слободата на религиозното убедување.
Леле нама во мене останато ни трага од таа девојка не времето која имаше сила и време да дебатира со некој кој апсолутно нема слух за објаснувањата на стојалиштето на соговорникот. Ама морам да кажам само едно мое убедување:
Доколку би ти била дадена моќ, ти би им забранил на луѓето да веруваат. Би сечел глави на верници, би направил се да ја збришиш верата од срцата на луѓето, дури и да успееш да го направиш тоа со религиите, религиозните институции и празноверијата. Ти стварно имаш некој личен проблем во врска со ова прашање и стварно не можам да ти се изначудам.
Се надевам дека грешам, баш би сакала да сум побиена.
Поздрав.
„Доколку би ти била дадена моќ, ти би им забранил на луѓето да веруваат. Би сечел глави на верници, би направил се да ја збришиш верата од срцата на луѓето...“.
Навистина не знам дали заслужувам ваква перцепција. Иако на блогот ретко милувам да ја изразувам својата интима и приватност, во моментов чувствувам потреба да кажам дека воопшто не се перципирам себеси ниту како атеист, ниту како агностик. Во неколку наврати сум се декларирал како деист или мистик.
Може да ти изгледа чудно - но религиозните чувства се нешто свето и за мене.
Притоа, немам ни суицидални нагони - на крај памет не ми доаѓа да си ја сечам главата како верник.
Немам ништо против ни верниците да се здружуваат за религиозни цели иако самиот верувам дека мојот однос со бог (онака како јас го сфаќам, разбирам, и чувствувам) е многу лична и приватна работа.
Она што мене ме чуди е нетолерантноста на многу христијански верници кон луѓето кои веруваат во бога на поинаков начин и кои ги презираат религиозните институции кои најчесто манипулираат со религиозните чувства на нивните верници.
Она што како секуларист ми пречи - а тоа го кажав и во постот - е веронауката сфатена како авторитарно толкување на некое свето писмо или традиционално поучување на специфични религиозни обреди и институции на деца кои имаат право на избор на вера или религија.
Немам ништо против изучување на религиите во форма на „историја на религии“. Но, имам многу аргументи против религиозниот догатизам.
Како што реков, баш се радувам дека сум погрешила. Се надевам ноу хард филингс :)
Се сложувам со она што го коментира Ивица Боцевски, мислам дека од збор до збор е во право.
Критика - апсолутно да, ама образложена во дебата, инаку се работи за етикетирашта болшевичка реторика основана на предрасуди, не на познавања.
Ич не сте ми јасни - каква „болшевичка реторика“, какви „болшевички методи“?
Објави коментар