Еве уште една номинација за „Златна капина“ (заради трњето) во македонското новинарство, за категоријата „оригинална колумна“:
„Наш бренд е првиот Универзитет во Европа од 9 век (пред Болоњскиот) и универзитетот од Моско Поле. Нас ли тие денес „болоњски процес“, драги мои?“ (Цртежи на песок)
Тетка Вики појаснува дека Болоњскиот универзитет е „...the oldest continually operating degree-granting university in the world...“.
Ако само малку се апстрахираме од ароганцијата на драгиот наш колумнист, веднаш можеме да ја насетиме неговата игноранција. Трба само да си поставиме неколку логични прашања за „нашиот бренд“:
1) Дури и да имало некаков „универзитет“ во Охрид, дали воопшто може да се споредува со Болоњскиот, со оглед на тоа што не оперирал постојано?
2) Имало ли некакви степени, дипломи, признанија кои се доделувале на „Охридскиот универзитет“ или пак станувало збор за обична школа за описменување каде што учениците биле поучувани на словенски јазик и глаголица?
3) Ако „Охридската книжевна школа“ ја прогласиме за „првиот Универзитет во Европа“, што правиме тогаш со Преславската школа, која тетка Вики ја смета за „the first literary school in the medieval Bulgarian Empire“?
Најпосле, ако „Охридскиот универзитет“ е навистина наш бренд, зошто тогаш нашиот драг колумнист ја премолчува трагичната вистина дека официјално, во Република Македонија нема такво нешто што се нарекува „Охридски универзитет“?
По се изгледа, нашиот бренд е ароганцијата и игноранцијата на универзитетските професори.
Останува само после овие писанија за „првиот Универзитет во Европа“ нашиот уште пооригинален „премиер“ да организира македонска експедиција на Антарктик, за поставување научна база која, за инает на Бугарите, исто така ќе се нарекува „Св. Климент Охридски“. Како може тие да имаат база на Антарктик „Св. Климент Охридски“, а ние да немаме?
Стварно нема смисла, Св. Грујо! Ај сега, трк на Антарктик.
2 коментари:
А Аристотел кога го школувал Аце наш, ќе речат александровците сега. Тоа е настариот универзитет - у свет!
Да си ми жив :)
Кој тоа сака да украде 14 века македонска историја? :)
А Аристотел е универзитет по себе и за себе!
Објави коментар