Мнозинството жртви од конфликтот во 2001 год. повторно станаа жртви од долгогодишната битка против системот, во обидот да ги заштитат своите права.
Мнозинството внатрешно-раселени лица станаа жртви на корупција, на молкот на администрацијата, на високите судски такси, на бавните судски процеси, на партизираноста на државните институции, на негрижата на надлежните служби, на обидите за присилно враќање во нивните домови, и на неспроведување судските пресуди.
Хелсиншкиот комитет во последниот извештај наведува случај каде што државата не спроведува пресуда на Врховниот суд после молкот на администрацијата (повеќе од година и половина) од поднесувањето барање за детски додаток!
Обидете се само да го замислите револтот на внатрешно раселените деца и нивните родители кои најголем дел од своето време и здравје го потрошија во барање правда пред државните институции.
Што стана со хуманоста и солидарноста?
Што стана со борбата против сиромаштијата?
Што стана со начелата на приоритет и итност во судските постапки за заштита на слободите и правата утврдени со Уставот?
2 коментари:
Дали штом пројде „примарната виктимизација“, секоја наредна полесно проаѓа?
„Внатрешно раселените лица“ се полноправни граѓани на Република Македонија и носители на нејзината државност! Нивните права се загарантирани со Уставот на државава. Солидарноста и хуманоста се необврзувачки категории, а ако не се лажам, тука се работи за прекршување на основите врз коишто почива оваа држава!
Ако не грешам, „внатрешно раселени лица“ е термин скован за да го замени зборот „бегалци“ - којшто ми се чини дека е посоодветен и поточен.
Меѓутоа „внатрешно раселени“ или „бегалци“ - сеедно, штом правото и правдата не важат за одделна група граѓани - тогаш како да не важат за сите, затоа што од секој може во иднина да се најде вбројан во таква една група граѓани за која не важат уставот и законите.
член 8 од уставот на Република Македонија:
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
- основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот;
- слободното изразување на националната припадност. Соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа;
- владеењето на правото;
- поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
- политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
- правната заштита на сопственоста;
- слободата на пазарот и претприемништвото;
- хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
- локалната самоуправа;
- уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата и
- почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
„Ако не грешам, „внатрешно раселени лица“ е термин скован за да го замени зборот „бегалци“ - којшто ми се чини дека е посоодветен и поточен.“
Терминот „бегалец“ се употребува за лице кое е „outside the country of his nationality“ (вон државата на неговата националност/државјанство).
Токму затоа, за бегалците се грижи УНХЦР, а за ВРЛ првенствено државата.
Објави коментар