Киро&Мето-дологија

10/12/2006

Еве и еден поглед однатре, нешто како претсмртно „опело“ на „жилавиот диносаур“:

„На Универзитетот, ние сме најфини и најкултурни - ние знаеме дека „кралот е гол“, дека ја препишал книгата или им ја продава со список на студентите, ама си премолчуваме - од култура! Избегнуваме пишување на прикази на најнови книги, за да не се замериме еден со друг. И така тивко умираме - духовно и идејно.“ (Д-р Билјана Ванковска, во нејзината најнова колумна во „Фокус“ - „Каде џенем да фатам?“)

Препишување книги и (пре)продавање со список на студенти - такви ли вештини ќе стекнуваат нашите академски граѓани?

А да почневме да покажуваме со прст, и да посочуваме, со име и презиме и аргументи?

Почитувана професорке - редно е јавно да ги посочите корумпираните колеги ако имате такви сознанија.

Оти, прикривањето казниви дела е форма на соучесништво!

Само така ќе дадете пример за демократска култура.

Вака, испаѓа дека само „културно“ си ја изразувате маката - со зборови, продолжувајќи да се солидаризирате со вашите корумпирани колеги - на дело.

3 коментари:

Анонимен рече...

“Почитувана професорке - редно е јавно да ги посочите корумпираните колеги ако имате такви сознанија.“

Како беше она, секој еден кој не направил грев во животот нека земе камен и нека фрли, остантите......
Се се плашам дека почитуваната професорка ќе застане во моментот кога ќе треба да го изговори(напише) своето име на списокот.....
Секоја чест на исклучоците, ама таму тие се поретки и од халеева комета, кога станува збор за К-зборот.

а ти како еден од фиромците го куцаш тоа...??

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week