Мизерија невидена!

10/23/2006

Кутрите ергени од битолско! Купените жени им бегале по првата брачна ноќ:

„Валбона го чинела три илјади евра, пари што ги потрошил за патувањата во Албанија, да ја плати невестата...“ (Невестите-Албанки им побегнаа по првата брачна ноќ).

Навистина, не знам што е поголемо злодело: трговијата со жени (кривично дело според чл. 418а од КЗ) или пак известувањето на новинарката?

- „Според кажувањата, годинава 1.500 албански навести си нашле мажи во Македонија.“

Како бе „си нашле мажи“ кога биле купени како обична стока на пазар?

Да бевме нормална држава, јавното обвинителство веднаш ќе покренеше кривична истрага против „кутриот и напуштен“ зет „Слободан Златевски (33) од битолското село Далбеговци“.

Да бевме нормална држава, немаше да читаме вакви ступидарии по весниците во кои криминалци (сторители на насилство врз жените) се претставуваат како „кутри и напуштени“.

7 коментари:

Анонимен рече...

Да на запад нема фирми или физички лица кои се занимаваат со посредување при запознавање на лица од богатиот запад и жени од русија и околина.
Т.е. не, чекај, можеш дури и преку интернет да си нарачаш невеста.
Кај нас барем одат ергените во местото кај што живее девојката и се запознаваат со неа.

Unknown рече...

Никој не рече дека „на Запад“ нема трговија со жени.
„Кај нас барем одат ергените во местото кај што живее девојката и се запознаваат со неа.“
Тоа што нашите „ергени“ создале традиција да не купуваат стока на невидено, воопшто не ги ослободува од кривичната одговорност доколку станува збор за присилен брак.

Анонимен рече...

Ти во текстот имаше спомнато, Да бевме нормална држава, јавното обвинителство веднаш ќе покренеше кривична истрага против „кутриот и напуштен“ зет „Слободан Златевски (33) од битолското село Далбеговци“.. Се обидувам да замислам која според тебе држава е репер за нормална. Сигурно не западноевропските и америка, затоа што таму ваквите трансакции се легални и транспарентни.
Плус, од каде впечатокот дека не се работи за взаемно согласна спогодба? Дека и на жената и одговара наоѓањето на партнер преку стројници?

Unknown рече...

Прашуваш - „од каде впечатокот дека не се работи за взаемно согласна спогодба?“
Еве од каде:
„...што точно ја исплашило Валбона за пет часа по венчавката да ја напушти неговата куќа.“
(значи нешто ја исплашило)
„И се' беше добро додека не станавме интимни на првата брачна ноќ. Утрото со пиштење се облече, го порача истото комби што ја донесе и си замина - раскажува Слободан.“
(ако е верна изјавата „Утрото со пиштење се облече“ - тогаш тоа е доволна индиција за истрага по основано сомнение за сторено сексуално насилство, земајќи ја предвид и изјавата дека лицето ја платило невестата.
Во текстот има доволни индиции според кои Валбона би требало да се третира како потенцијална жртва, а Слободан како потенцијален сторител на насилство врз жена (најмалку како жртва).

Анонимен рече...

Чекај, го менуваш значи фокусот на постот од нелегална трговија со жени, на проблеми со семејно насилство.
Значи дека ја напушташ првобитната идеја? Или пак двете се споени?
Што станува со оние вакви договерени бракови кои успешно функционираат и во кои немало незадоволство од првата брачна ноќ? Не е ли можно ова да е само еден несреќен исклучок?

Unknown рече...

Извини, ама прво треба да прочиташ малку за елементите на кривичното дело трговија со луѓе. Еве ти еден цитат, кој појаснува во која смисла се третира како форма на трговија со луѓе „продажбата на жени/невести или присилни бракови“:
„продажбата на жени/невести или присилни бракови“ подразбира секое дејство или активност каде што: жена, без право да одбие, е ветена или дадена во брак за паричен или друг вид надомест во полза на нејзините родители, старатели или кое било друго лице или група...“ (од публикацијата „Кон прирачникот за јавни обвинители во кривичниот прогон на трговијата со луѓе, стр. 23).
Во случајов, има доволно индиции (основи за сомневање) - изјава од кушувачот дека странска државјанка е купена, потврда дека исплашено ја напуштила куќата со пиштење) дека е можно да станувало збор за присилен брак - односно, дека е сторено кривично дело - трговија со луѓе.

Анонимен рече...

Тоа да, но ако докажеш дека бракот е присилен или дека се работи за продажба. Инаку само да го спомнам традиционалното давање мираз, можеби за некого и тоа ќе изгледа како плаќање за невеста.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week