Македонски автогол

10/24/2006

Да се надоврзам на постот на Анти.

Во чл. 6 од Законот за употребата на македонскиот јазик се појаснува дека „Заштитата, унапредувањето и збогатувањето на македонскиот јазик опфаќаат особено: (...)

- избегнување употреба на странски изрази и заемки, односно, по можност, нивно заменување со соодветни поими од македонската лексика;

- афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за битието и природата на македонскиот јазик во јавната комуникација;

- афирмирање на македонскиот јазик во светот; (...)“

Ај сега нека ми објасни некој „лектор“ зошто во законот се употребени странските изрази „афирмирање“, „комуникација“ наместо македонските изрази „потврдување“, „општење“?

Кога самиот закон ги крши насоките за унапредување на македонскиот јазик во истиот момент кога ги пропишува, што да очекуваме од оние кои би требало да го почитуваат законот?

6 коментари:

Фројд. рече...

Претполагам дека волно се испуштени качествените окачки за кои Конески своепериодно трошинѕа глаголеше

:)

Unknown рече...

Ако почнеме вака пре-блажено да говориме, ќе ни требаат и преведувачи од македонски на македонски.

Анонимен рече...

Хаха. Баш добра ти е забелешкава Жаре, ама и казанијата на бајкобиографот не се за потценување.
Јас сум да се знае и унапредува Македонскиот јазик, но никако не смееме да му ја одземеме забавноста на наелогизмите и странските изрази.

Комитата рече...

Да ви направя една прогноза.. Тая работа с езика трудно ще я свършите. За да се направи ревизия какво е собствено а какво е чуждо, трябва да се върнете към началото - АСНОМ, кодификация, Блаже Конески - а това са символи икони на македонския идентитет - никой няма да ви даде да ги демистифицирате и деконструирате ;-)

Анонимен рече...

Ништо не ве разбирам, комплицирано комуницирате, ако може симплифицирајте

Unknown рече...

„Ништо не ве разбирам, комплицирано комуницирате, ако може симплифицирајте“
:)))

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week