После една седмица без весници и компјутери, најинтересен ми се виде следниов текст:
„Возењето по македонските улици воопшто не е еднолично. Никогаш не знаете кога ќе наиде свиок, ќе поминете покрај скапано фиќо или ќе ве пречека бик на патот.“ (Повеќе бикови од патокази)
Авторите на контроверзната репортажа зборуваат за два патувачки предизвика низ Македонија: недостатокот од патоказни табли и изобилството дупки на патот.
Дупките на патот ми се една од омилените теми - ја оставам за некој следен пост.
Овој пат, давам предлог за нова патоказна табла:
Ако можат нордијците да имаат сообраќаен знак „Елени на патот“, зошто ние да немаме „Овци на патот“?
Првиот сообраќаен знак можеме свечено да го поставиме пред македонското Собрание.
(фотографиите се снимени на два различни македонски автопати)
6 коментари:
a камо некој офчар да ги строи?!
На првата фотографија офчарот се наѕира зад иконата над крстот.
На втората го нема офчарот - затоа овенот користи прилика за да се качи на една овца.
Има и шарпланинци - ама не се гледаат.
Првиот пат чекавме некаде 3-4 минути, а вториот пат околу 5-6 за да се пробиеме низ овците.
Ако платиш „овчарина“, може офчарот да се смилува и да им нареди на шарпланинците да ти направат пат :)
Бачило у сенка!
зошто ние да немаме „Овци на патот“?
Првиот сообраќаен знак можеме свечено да го поставиме пред македонското Собрание.
За таму повеќе би одговарал сообраќаен знак увезен од да речеме пријателска Република Гана, “Мајмуни на патот“. :)
Како на шегобијните прилепчани досега не им текнало да постават собраќаен знак за забрана - со dancing monkey во него.
„Во Прилеп мајмун не игра“! :)
Кога сме веќе кај знаците, ова мора да го видите! Во Америка имаат ваков знак за да ги предупредат возачите по автопатите блиску до границата дека тука претрчуваат илегалци. Али пази како ги нацртале за да се знае на што се мисли. Карлос Менсиа (ам. комичар хиспанец) предложи да стават повеќе деца :))
Знакот е мошне илустративен :)
Некаков сличен знак можда треба да ставиме близу „Раштански лозја“ (без деца).
Разбира се - и пушка вперена кон имигрантите.
А у Велешта - Caution - Танчерка на шипка со ланец врзана за шипката. :)
Објави коментар