Ќе ги учиме и за инквизицијата?

10/05/2006

Во денешната колумна „Антипункт“ (Шпиц), „Десет причини против веронауката“, Ивица Антески пишува:

„Никаде, во ниедна книга, во ниеден весник, не прочитав дека Црквата ги признала своите злосторства, и не се извинила за своите злосторства. Кој да им се извини на милионите луѓе што умреле поради тоа што Црквата, со догмите кои ги ширела, го попречувала развојот на науката, медицината, фармацијата. (...) Кој да им се извини на оние што биле прогонувани затоа што ширеле ереси, богохулства, вештерства, магии, богомилство, на оние што биле душевно болни, а биле изгонувани како опседнати со демони... Легитимна ли е црквата по непризнавањето на своето црно минато.“

Прашањата се сосем на место.

Папата во 2000 година има побарано извинување за последиците од Инквизицијата - за „грешките направени во служба на вистината со привикување на не-евангелистички методи.“

Во 2004 година, Ватикан се обиде да се ослободи од дел од историскиот товар заради прогонување и палење на вештерките и еретиците (вклучително и на муслиманите и евреите кои конвертирале во католицизам): „Torture, burning at the stake and other punishment for the faithful condemned as witches or heretics by church tribunals during the Inquisition was not as widespread as commonly believed, the Vatican said Tuesday.“

Демек само еден процент од 125,000 судења во Шпанија завршиле со смртна казна, а 5,7 проценти од 13.000 судени луѓе во Португалија добиле смртна казна. Всушност, Ватикан сакаше да се ослободи од одговорноста за ловот на вештерки во протестантските земји и за смртните казни изречени и спроведени од не-црковни трибунали.

Што ако сега, следејќи го Ватикан, наследниците на поранешните социјалистички држави се извинат само за оние што неправедно добиле смртна казна како резултат на судски процес, неприфаќајќи ја одговорноста за сите што биле мачени, прогонувани и убивани од името на „комунистичката вистина“ без воопшто да ја имаат привилегијата да бидат (о)судени?

19 коментари:

GoodBytes рече...

Сосем исправно - на училиште децата треба да учат за инквизиција (тоа е историски факт), а не за запалената грмушка (тоа е историска фикција).

Црквата (не религијата, туку баш Црквата, нејзината имплементација) носи тежок товар од погрешните потези низ вековите наназад. Иако се работи за штета која не може да се поправи никако, чесно би било да се признае сето тоа и да се извинат.

Unknown рече...

"Иако се работи за штета која не може да се поправи никако, чесно би било да се признае сето тоа и да се извинат."
Тоа е најмалото нешто што можат да го сторат.
Треба и да ги осудат сите обиди за кршење на човекови права „во служба на“ христијанската вистина.

asdf рече...

Во глобала сум и воопшто да немаат веронаука у школо.

А за инквизацијата што се случила пред 100тина години да се извинуваат сега е апсурдно.

Нема смисла за нешто што се случило пред којзнае колку години денес да се обвинува...денешната(може грешка термин е ова) црква. Нити имаат нешто со тоа, нити веќе ја застапуваат таа идеологија.

Анонимен рече...

Извинувањето не треба да биде со изјави и прокламации. Многу покорисно ќе биде ако тоа биде вклопено во веронауката и ако преку образованието на идните поклоници на верата им се пренесе на тој начин да можат да направат јасна разлика меѓу злосторствата што ги предизвикува верскиот фанатизам и позитивните страни на религијата.

Анонимен рече...

Црквата (не религијата, туку баш Црквата, нејзината имплементација) носи тежок товар од погрешните потези низ вековите наназад

Како на пример? Црквата (православна) никогаш немала инквизиција.

Кој да им се извини на милионите луѓе што умреле поради тоа што Црквата, со догмите кои ги ширела, го попречувала развојот на науката, медицината, фармацијата. (...) Кој да им се извини на оние што биле прогонувани затоа што ширеле ереси, богохулства, вештерства, магии, богомилство, на оние што биле душевно болни, а биле изгонувани како опседнати со демони... Легитимна ли е црквата по непризнавањето на своето црно минато.

Повторно, може само да констатираме непознавање на елементарни работи, Православната Црква никогаш не прогонувала, напротив, секогаш е прогонувана. Тоа е случајот и денес во Македонија, кога Архиепископот Јован е затворен, а Црквата прогонувана од државата која со прогонот ги погазува својот устав и своите закони.

А за тврдењето дека Црквата (православна) го попречувала развојот на науката - нормално, авторот неможе да даде аргументи. Но, еве контрааргументи.

И некои примери што за верата велат самите научници.

Анонимен рече...

Како на пример? Црквата (православна) никогаш немала инквизиција.

Во поскората(и посраната) историја, односно, во историјата која ја живееме, и која не' избрала, православната црква, има еден натуралистички пристап, кејвмен и то: ритуал, светењето на оружјето, како што имавме прилика да видиме, пред лов: погубување на неколку момчиња.

Христијанството, и не само исклучиво оваа „голема„ религија, го сметам за едно брутално, безмилосно и крваво лицемерие. На лицемерие кое води до бруталност.Војните, која ги одредува страните според припадност на одредена религија, никако да запрат(вклучувајќи ја и онаа, категоризирана како „материјалистичка дијалектика„ звана марксизам). И ако не на оние кои ги осмислуваат, енд мејк дем посибл, тогаш на оние кои ...право...силно:) ја имплементираат во стварноста и мотивот им е тоа. а тие луѓе, немаат ништо свето. и да се освестуваат уште од мали деца, за таа различност како суштинска и важна. тоа е нивно убиство и труење. верата е највеќе, метод кој е наменет за духот, преку моралноста и етичноста, а тоа сигурно нема да се постигне на тие години, во такви услови. Таков вид на активност бара зрелост. А ова е како тренирање пит- були:)), зез, кучиња за борба, ништо повеќе. ДЕЦАТА СЕ ВОСПИТУВААТ СО МУЗИКА И СПОРТ!! гласи древната мудрост! па нека е и духовна, подобро е од тој вид на дегенерирање. Воспитајте ги да бидат добри луѓе, паметни и етични, ништо не може да биде посилно од таков човек. Тоа да бидат принципите и карактеристиките кои ќе створат вистинско благородно заедништво. Ама на кого му треба тоа?
ВЕРОНАУКА У ШКОЛЕ, ДЕЦА ВАС МОЛЕ!!!

Анонимен рече...

ДЕЦАТА СЕ ВОСПИТУВААТ СО МУЗИКА И СПОРТ!! гласи древната мудрост! па нека е и духовна, подобро е од тој вид на дегенерирање. Воспитајте ги да бидат добри луѓе, паметни и етични, ништо не може да биде посилно од таков човек. Тоа да бидат принципите и карактеристиките кои ќе створат вистинско благородно заедништво. Ама на кого му треба тоа?

Ценам конструктивен пристап. Како што кажа GoodBytes во еден коментар, ова е преопширна и пределикатна тема за блог дискусија, но барем можеме да посочиме теми за размислување.

Жарко пред извесно време ги повика поборниците за веронауката да му ги изнесат своите аргументи. Јас не се сметам за поборник за веронауката, затоа што еден поборник неопходно е да темелно и сеопфатно да ја има простудирано проблематиката; јас можам само да дадам некои размислувања, не претендирам дека имам конкретни решенија како тоа би требало да се изведе во пракса. Еве еден текст што го пишував пред некој месец, па читајте доколку имате желба да чуете и други аргументи.

светењето на оружјето, како што имавме прилика да видиме, пред лов: погубување на неколку момчиња

Јас не сум ја имал таа прилика, би бил благодарен ако некој ми посочи каде да видам.

Анонимен рече...

За оние коишто сакаат потемелно да се запознаат со проблематиката на веронауката во образованието, еве и една статија напишана од Архиепископот Јован и објавена во Дневник (1999 год. пред да му биде блокиран медиумскиот простор).

Unknown рече...

Извадок од текстот на Архиепископот Јован:
„...на образованието во Македонија неопходно му е потребно веронаука не само за да можеме превентивно да се справиме со одредени девијантни појави какви што се наркоманијата...“
А како да го образоваме Архиепископот (и сите други) дека токму употребата на терминот „наркоманија“ е „девијантна“ појава?
Како да го образоваме Архиепископот дека е нечовечки (и повреда на личноста и достоинството) некој човек што има здравствени проблеми социјално да се жигосува како „наркоман“?

Анонимен рече...

Никола, тоа беше онаа снимка со погубување на момчињата од Сребреница. Сигурна сум дека можеш да ја најдеш на youTube... од друга страна, имаше и обратна ситуација, војници убивајќи луѓе, викаа „алах(у?) екбер„ во Книн.

оваа последната ја видов, и затоа сега немам баш сила директните линкови да Ти ги побарам, меѓута на гугл, веднаш ќе ти ги исфрли.

Анонимен рече...

Жарко, има доста што да се каже во врска со твојата последна забелешка, но за да не застраниме од темата, нема да образложувам сега.

Етна, ќе побарам на youtube и google; ако некој ги најде точните линкови и да ми ги прати по email (glagol на kolivart точка com) ќе му бидам мошне благодарен.

Првиот резултат што ми го исфрли гугл (барав srebrenica blessing) e Evidence that the Supposed Srebrenica Execution Video is a Lie

Анонимен рече...

мултиорганизација...........

Анонимен рече...

da, i holokaustot e izmislica... eve go
http://www.ogrish.com/archives/six_bosnian_muslim_men_from_srebrenica_being_executed_on_video_Jun_02_2005.html

Анонимен рече...

http://www.ogrish.com/archives/six_
bosnian_muslim_men_from_
srebrenica_being_executed_
on_video_Jun_02_2005.html

Анонимен рече...

http://www.ogrish.com/archives/2005/
june/ogrish-dot-
com-srebrenica_execution_video.wmv

"Ratnici" dobili blagoslov za "neprijateljski" narod
Iako se na snimku egzekucije šestorice zarobljenika u Srebrenici vidi kako član Srpske pravoslavne crkve blagosilja one koji će posle izvršiti zločin, crkva za sada ćuti.

"Daj vernoj vojsci srpskoj tvojoj da bude na savlađivanje neprijateljskog naroda... U ime Oca i Sina i Svjatago duha. Sretno otišao i došao..." Tako je svešteno lice pred egzekuciju u Srebrenici blagosiljalo učesnike tog dela. Međutim, dobri poznavaoci Srpske pravoslavne crkve nisu uspeli da prepoznaju o kome je reč i jedino što navode je da je u pitanju neki lokalni sveštenik. Ipak, to nije čini se dovoljno za reakciju crkve, koja se za sada nije oglasila.

http://www.genocid.org/images/articles
/skorpioni_5.jpg

video zapis o tome kako sedmorica Srba, pripadnici jedinice “Škorpioni”, brutalno ubijaju šest Muslimana, od kojih su četvoro bili maloletnici. Uveče, televizija B92
je u dnevniku objavila snimak i razgovor sa Natašom Kandić u
trajanju od 20 m

GoodBytes рече...

1. Ако се воведе веро-наука, таа најверојатно ќе биде опциона. Јас нема да дозволам моите деца да учат, бидејќи сметам дека науката и верата не одат заедно, оттука и „минуската“ кај зборот „веро-наука“.

Кога ќе бидат доволно големи за да можат да разберат, ќе им дадам материјали од кои ќе можат да се запознаат со неколкуте водечки светски религии. Истовремено, ќе се обидам и да им помогнам да дојдат до мислењата на науката за одредени појави и настани кои се тангираат во религиите.

Целта ми е да им дадам можност критички да ги перципираат и сфатат сите аспекти на религиите и нивното значење за развојот на човештвото низ историјата. Дали и колку ќе изберат да веруваат или не, тоа ќе биде нивна работа.

2. Никола, „Црквата“ е земската имплементација на религијата, таа е човечки систем на практикување на религија и како таква е одговорна за тоа што го прави. Христијанската религија нема врска со ловот на вештерки, палењето на Галилео на клада, давањето атрибути на светец или од бога поставен управник над луѓето на некој крал, повикувањето на свети војни, благословувањето воини... „Црквата“ е таа која ги прави овие девијации, ако сакаш ти зборувај за православието, а јас за секоја примена на религија, сосем е сеедно.

3. Зошто е потребно извинувањето? За да се покаже дека се научени лекциите, за да се подигнат стандардите во односот меѓу Црквата и луѓето, за да се каже дека тоа не е добро, дека било грешка и дека никогаш нема да се повтори. Или тешко е за Црквата да се прочисти низ покајанието, како што им препорачува на своите следбеници?

4. Никола, во твојот текст имаш теза дека на децата „од една страна им бранат да учат за Христа – чијшто образ се, а од друга страна ги раздетинуваат со сексуално (без)образование, трачеви, холивудски филмови и шпански серии“.

4.1. Ако НЕ се воведе веронаука, тоа не значи дека практикувањето религија ВОН училиштата е забрането. Нема тука забрана.

4.2. Квалитетот на ТВ програмата е очаен, се согласувам -- но нема врска со дилемата „дали да се воведе веронаука во училиштата“.

Мислам дека голем дел од проблемот е што црквите ќе сакаат да ги конвертираат децата во верници, а за тоа да се послужат со нивната „инфилтрација“ во училишниот систем. Мене тоа не ми влегува во глава и се чудам како воопшто може да се навраќаме на толку средновековни теми.

Unknown рече...

„...и се чудам како воопшто може да се навраќаме на толку средновековни теми...“
И не е за чудење, кога крстоносни војни се водат.
„Или тешко е за Црквата да се прочисти низ покајанието, како што им препорачува на своите следбеници?“
Интересна поента.

Анонимен рече...

Етна, благодарам за линкот. Незнам дали е тоа некоја скратена верзија од снимката за која се зборуваше, затоа што од она што го видов никако не би можело да се каже дека Црквата, или бегло покажаниот свештеник го поддржува снименото убивање. Убивањето е една снимка, свештеникот е на друга. Светење на оружје не видов, а и не постои такво нешто во Православната пракса. Доколку некој свештеник тоа го прави (за што јас не сум чул – освен сега од тебе) тоа е негова измислица, таква служба не постои.

Жарко, во врска со тоа што велиш дека употребата на терминот „наркоманија“ е „девијантна“ појава: наркоманија е медицински термин којшто означува болест на зависност од дроги. Манија означува претеран, неумерен и неразумен ентузијазам (http://www.webster.com/cgi-bin/dictionary?sourceid=Mozilla-search&va=mania), додека наркотик е средство коешто ги затапува сетилата, ја ублажува болката или опушта (http://www.webster.com/cgi-bin/dictionary?sourceid=Mozilla-search&va=narcotic). Нема ништо ниту девијантно ниту етикетирачки во употребата на зборот. Доколку овој термин во некоја средина има пежоративно значење тогаш тоа е само манифестација на малограѓанштината на таа средина. Знам дека за некои луѓе СИДА-та е „педерска“ болест – дали сега, треба да измислиме ново име за неа?

А сведувањето на наркоманијата во рангот на „здравствени проблеми“ е најблаго кажано: неиздржано. Не е тоа настинка па да ја закачи некој случајно, или рак што се појавува без болниот да има поим што му се случува или хепатитис што може да го добие некој преку трансфузија. Со ваквите промашувања на проблемот не само што не им се помага на зависниците, туку им се одмага – затоа што за да може било која болест да се лечи од суштинско значење е најпрвин да се даде точна дијагноза. Доколку дијагнозата е погрешна, последиците од лекувањето многу често се фатални за пациентот. Згора на тоа ваквите тврдења претставуваат навреда на личноста и интелигенцијата на оние коишто наводно ги браниш (а всушност им правиш лоша услуга) – како да не знаат тие што прават и што им се случува, па им треба некој да им објасни дека само имаат здравствени проблеми.

Анонимен рече...

GoodBytes,

накратко, според точките кои ги постави:

1) Апсолутно се сложувам со тоа дека веронауката не треба да биде задолжителна.

Велиш: сметам дека науката и верата не одат заедно... Го ценам твоето мислење, но не се согласувам со него. Причините ги аргументирав достаточно, а далеку од тоа дека ги исцрпив аргументите. Само ќе потсетам дека од примерите коишто ги посочив може да се заклучи дека најголемиот дел од врвните научници не само што не гледаат причина зошто науката и верата не би оделе заедно, туку Макс Планк дури вели: „науката и верата заедно се борат против неверието и суеверието, а мотото во таа борба секогаш гласи: кон Бога“. Но, да не се повторувам, текстовите си стојат напишани, нека процени секој што ќе ги чита.

Во врска со воспитанието - да кажам дека ме радува што демонстрираш конструктивен пристап – имаш идеи како треба нешто да се направи и тоа го образложуваш – без разлика во која мера се согласуваме или не се согласуваме.

2) Воопшто не е сеедно за која „имплементација на религијата“ станува збор, затоа што „имплементацијата“ е суштински и неразделен дел од самата Христијанска теологија. Оттука неприфатливо е поимањето дека Црквата е истовремено и Православната и римокатоличката и протестантската и „црквата на Елвис“ или „црквата за слабеење“ (последниве две организации се имаат појавено во САД, можеби и сеуште функционираат...) итн.

3) Оваа точка е веќе доста лабава, поради горекажаното и фактот што наброените работи неможат да и’ се припишат на (православната) Црква. А второ: Црквата постојано демонстрира покајание. И трето: Црквата нема следбеници туку членови (составни делови).

4) Коментарот за мојот напис што го спомнуваш ми се чини дека требаше да го оставиш под самиот текст, вака е вон контекст.

Образованието не се ограничува само на часовите во училишните згради. Постојат, поточно би требало да постојат, и настава во природа, посета на музеи, секции, оркестри, хорови, спортски тренинзи, образовни програми на радио, телевизија, интернет, списанија (ако ти дојде при рака „Наш свет“, разгледај го - ќе ги најдеш холивудските трачеви и шпанските серии) и уште доста работи. Од друга страна, образовниот процес не се сведува само на наука, туку се учат и уметности, литература, философија, гимнастика итн. Така што – има место за веронауката, а тоа што таа отсуствува од сето наброено само сведочи дека не се многу работи изменети од минатиот систем – којшто очебијно беше богоборечки – и забраните за веронауката коишто тој ги воведе сеуште се во сила.

Образованието е од суштинско и стратегиско значење во секоја земја. Друго име за истиот поим е просвета. Нели и самата етимологија на зборовите е доволно индикативна? Што значи образование? Што значи просветување? Пишував за тоа дека единствено Црквата има капацитет да образува и просветува и суштински да ги менува работите на подобро, а тоа дејствително се покажува и во Македонија. Сигурен сум дека тоа ќе биде уште по-очигледно штом Архиепископот Јован биде ослободен и штом олабави политичкиот прогон врз Православната Охридска Архиепископија и и’ се даде можност да се организира.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week