Глупавиот и поглупавиот

10/25/2006

Некои вести ме потсетија дека одамна не сум го гледал филмот „Глупавиот и поглупавиот“:

„Црвенковски истакна дека Македонија во овој момент не размислува ниту за намалување на бројот ниту за повлекување на нашите војници од Ирак.“

(Претседателот ке оди во Ирак)

А што мајка бара нашиот претседател во окупираниот Ирак?

Случајно „октоподот“ да не се скрил во близина на „ослободените“ нафтени полиња?

Или, поскоро, сака да даде поддршка на Медиумската офанзива на САД и на „крстоносецот“ Џорџ Буш кој продолжува да тресе невидени глупости:

Џорџ Буш ... рече дека Соединетите Држави се прилагодуваат на тактиката на непријателот за да го поразат.“

Која ступидарија:

1) Ако непријателите се „терористи“...

2) Ако САД „се прилагодуваат на тактиката на непријателот за да го поразат“.

тогаш, не следува ли дека:

3) САД се прилагодуваат на „терористички“ тактики за да го поразат „терористичкиот“ непријател?

И кој е сега поголем „терорист“?

3 коментари:

Анонимен рече...

Се додека животот на цивилите е поважен од животот на американските војници, нема да има прогрес и решение на ситуацијата во Ирак.
Добар потег на Црвенковски и од политички и од морален аспект.

Unknown рече...

А кога животот на цивилите бил поважен, пријателе?
Кој најмногу го наебува во војните - оние со, или оние без шлемови?

Анонимен рече...

Променети се правилата на војување, за жал, постои нешто како оправдување на акцијата пред светот надвор од бојното поле.
А токму тоа пречи за успешна реализација на воената акција.

Ти текнува во 2001 кога имаше соопштение на мтв..жителите од селата во кумановско да се евакуираат?
Зошто не го спроведоа тоа?
Затоа што немаше основа за истото, во Македонија немаше прогласено воена состојба. Во Ирак се води војна, без разлика што не е држава против друга држава, туку некои групи, па излишни се сите противења, сите разгледувања на цивилни жртви.

Види што се случи со Абу Граиб, кој притисок се врши за Гватанамо. Не може да зависи успешноста на војската од такви цивилни компоненти.
Затоа и спомнав дека се искривуваат основните принципи при водење војна и се разбира дека ќе нема резултати.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week