Намерно или ненамерно, и „државникот“ Б.Ц. се вклучува во грчката кампања според која во ОН сме примение како FYROM.
“-Република Македонија на конструктивен начин и со позитивно изразена волја учествува во преговорите кои се водат во Њујорк. Верувајте ние повеќе отколку било кој на светот би сакале да се дојде до решение и да се исфрли од употреба во ООН на анахроната и понижувачка кованица БЈРМ.“
Што е финтата, Б.Ц. не знае дека „акронимот“ FYROM/БЈРМ е грчко масло, а дека во ОН сме примени како „the former Yugoslav Republic of Macedonia“?
Еве го прашањето од интервјуто, на кое Б.Ц., за чудо има одговор:
„Дали вашата страна ќе се согласи да влезе во НАТО под ФИРОМ настан кој што може да ја спречи Атина да стави вето?
- Се разбира дека најмногу би сакале нашето зачленување во НАТО да биде под нашето уставно име. Но ако такво решение за спорот не е можно да се постигне до моментот на нашиот прием во НАТО, ние сме подготвени да влеземе и под референцата која сега се користи во ООН се разбира како времено решение.“
Ете така, „фиромизацијата“ стана и државен проект.
„Тоа е доволна причина да се започне процедура за импичмент на Црвенковски, вели Тодор Петров, кој бара да не се повторува грешката направена во Обединетите Нации, каде привременото име одобрено од Киро Глигоров се користи веќе 12 години.“ (СМК: Да се одбие поканата за НАТО доколку не примат под ФИРОМ)
Ужас невиден. Знае ли овој Петров да брои? Од 1993 до сега има 12 години?
Пиши пропало на идејата за „импичмент“.
3 коментари:
БиЦи е последниот зрак светлина во скованата Македонија. :-)
Море не би се изненадил ако следниот орден му го додели на Јосип Броз - Тито (посмртно), откако не му успеа идејата за споменикот.
И собаранието дава свој прилог кон фиромизацијата:
„Marion Haberfellner
Austrian Educational Coordinator for Macedonia/FYROM and Kosovo“
http://www.sobranie.mk/mk/default.asp?vidi=vetpres
Објави коментар