Кочо Рацин: мистеријата на смртта

6/15/2007

(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“)

Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува контроверзни бранувања во јавноста. Во медиумите се одвива вистинска борба помеѓу мистеријата на љубовта и мистеријата на смртта на Кочо Рацин. „Кого љуби Рацин?“ и „Кој го уби Рацин?“

Еве што изјавуваат авторите на филмот за смртта на Рацин:

„Мислам дека тоа е убиство. Кочо Солев Рацин е намерно убиен поради своите идеи кои на тогашната политика и сметале. Тој бил човек со високи морални вредности, со високи филозофски размислувања и таквите ликови во нашата историја биле ликвидирани". („Елегија за тебе„ на Рациновите средби)

„Ние тврдиме дека Рацин е ликвидиран. Сега не е важно прашањето кој го уби Рацин, туку зошто воопшто тоа се случило“ (Вистинската љубовна приказна на Рацин)

„„Рацин не е убиен во истиот момент, туку е оставен да искрвари седум часа, што значи имало можност да се спаси, така што од денешен аспект воопшто и не е важно прашањето кој го уби Рацин и кој го нарача убиството на Рацин, туку зошто воопшто се случувало тоа“, додаде Зафирчев.“ (Премиерата на „Елегија за тебе“ ќе биде в среда во Велес)

Еве и други толкувања:

„Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.“ (Биографија)

„Неофицијално, Кочо Рацин е убиен заради неговите јавни промакедонски истапувања што не се вклопувало во шемата на новокомпонираните комунисти.“ (КОЧО РАЦИН)

Љубиша Георгиевски: „Во моментов ми излезе пред очи Рацин. Во живо. Ми соопшти зошто беше убиен. (Ги молам оние кои веруваат во официјалните верзии на неговата смрт да ми простат). Бил убиен зашто врз неговото чело никако не се залепувала мрсната етикета на "фил” и на "ман”.“ (Симптоми (2))

Блаже Миневски: „....во базата на Лопушник Кочо бил погоден од куршумот на Мино Миновски, партизан кој бил на стража во близина на импровизираната партизанска печатница. Поетот бил смртно ранет, но не починал веднаш, туку неколку часа подоцна. Иако имало доволно време да биде однесен до партизанската болница, раководството кое било на Лопушник не презело речиси ништо Рацин да биде префрлен на лекување. По неколку часа агонија, поетот умира, а веднаш потоа бил погребан во импровизиран гроб таму каде што бил убиен.“ („Фокус“, 15.07.2007)

А еве што викаат историчарите:

Тодор Чепреганов, на прашањето „Дали, според Вас, се уште постојат енигми за случајот со убиството на Кочо Рацин?
- Факт е дека тој е убиен тогаш и тогаш. Меѓутоа, интерпретациите се различни за тоа што и како било. Овде не можете да имате објективност и вистина, зашто вистината е индивидуална. Познато е како реагираше брат му на Рацин во однос на истакнатата слика на Страхил Гигов затоа што сметал дека тој е еден од оние што е виновен за смртта на Коста. Човекот што го уби Рацин беше жив долго време. А да живеете со една таква мисла толку години е навистина тешко. Човекот кажува дека таков бил договорот. Јас ја знам приказната дека не требало да се враќа назад и дека требало да остане во базата. Кочо Рацин бил натеран повторно да се врати, овој бил на мртва стража и извикал "стој". Кочо Рацин бил наглув, не слушнал и овој го убил. А двајцата биле другари од Велес и да се сомневаш дека тој намерно го убил не држи.
“ (Секој народ мора да се соочи со својата историја)

Историчарот Ѓорѓи Чакарјановски: „- Она што буди сомнеж е сознанието дека еден од луѓето што вечерта биле во базата барал токму Кочо Рацин да оди кон печатницата за да им однесе храна на Миновски и на Инадески. Потоа, требало заедно да се повлечат од печатницата. Миновски, кој бил на стража, слушнал дека некој доаѓа и извикнал „стој“. Откако Рацин не застанал, тој пукал и не отишол да провери дали и кого погодил. Потоа поминало повеќе време откако се разбрало дека Рацин го нема и, по потрагата, да го најдат мртов.“ (Вистината за Рацин се' уште закопана на Лопушник)

Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски: „Неспорно е дека случајот со убиството на Рацин не е докрај истражен, дека постојат различни верзии, контрадикторни изјави и дека во сето тоа има многу сомнежи. Сето тоа треба да го истражува првенствено историската наука.“ (Вистината за Рацин се' уште закопана на Лопушник)

Но, до кога ќе чекаме на историчарите?

Дали прашањето „Кој го уби Рацин?“ е од оние прашања кои не заслужуваат одговор, додека се живи и последните учесници во НОБ?

1 коментари:

Анонимен рече...

Koco Racin mozno e da e ubien:
-1. Od nekoja frustrirana komunjara, zaradi samo nemu poznat prizemen i beden lichen interes
-2. Od nechija povredena sueta na nekoj polupismen,zavidliv pisatel koj go nahuskal pretsedatelot na KPJ da go likvidira Racin, za toj da bi bil podobar i poslaven poet od nego,koj mozebi podocna napisal i doktorat na tema "Elegii za tebe"- prva makedonska sovremena poezija-i go proglasile mozebi za prozen i znacaen pisatel na povoenata stara generacija vo sovremenata makedonska literatura
-3. Ili,najverojatno od drzavata.
I 1. i 2.pretpostavka odi vo prilog na toa.Obete se pod zakrila na togashniot totalitaren sistem.
"Sekoe socijalisticko ureduvanje ima svoj prislushkuvacki sistem,zaradi nacionalnoto dobro na drzavata"(parafraza od filmot "Life of the others")
-Onoj sto ne se slozuva, ili se samoubiva ili se likvidira.Poglednete ja sudbinata na dramskiot pisatel vo filmot,pa povlecete paralela so situacijata kaj nas, ne mnogu razlichna od Racinovot vreme.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week