Мало фајде од „Големо уво“

6/15/2007

Донесена првата пресуда за аферата „Големо уво”: „Во првата пресуда за аферата „Големото уво“ од 2000 година судот нареди да им бидат исплатени речиси 100.000 евра на новинарите кои ја тужеа државата.

Новинарите незадоволни од висината на оштетното побарување најавија жалба на денешната пресуда.“

Навистина нема смисла.

За „клеветење“ на Црвенковски (1,84 милиони ден.) и Костов (1.223.600 ден.) новинарот Никола Младенов мораше да плаќа отштета од 65.500 долари (според извештајот на САД).

За прислушкување на новинар, МВР и Телеком нема да платат ни по 3.000 ЕВРА (отштетата е 350.000 денари на секој од тужителите).

Простата математика вели дека кога новинарот ги „клевети“ државните функционери се прави 10 пати поштетно дело отколку кога државата прислушкува новинар.

Простата математика вели дека правдата е 10 пати побрза кога тужат државни функционери за клевета, отколку кога тужат новинари за прислушкување.

„Големо уво“ - Голема срамота за судството.

5 коментари:

Анонимен рече...

Не се прави 10 пати поштетно дело, него е нанесена 10 пати поголема штета (ако више споредуваме), а со друго дело.Пошто делата не се исти, и штетата не може да се споредува.
И во правото, како и во секоја друга фела, споредувањето на баби и жаби води кон грешни резултати.
Брзината на правдата не зависи од тоа кои се лицата инволвирани во постапката, туку во најголем дел, од тоа колку е сложена постапката. Кога од било кои причини се менува судијата во постапката, се започнува јово наново. Тоа е процесно правило.
Освен тоа, тука не може да стане ниту збор за уедначена пракса.Делата немаат исто битие.Не се сродни.
И најбитно, можел уопште да не ги суди ист судија. Секој судија е слободен во своето судиско уверување, се додека правилно утврди факти според закон и ги спроведува процесните гаранции на правата на граѓаните.
Значи ,ако судијата смета дека со клеветава се нанел углед на лицето , и институцијата која ја претставува (зборам за Бранко), тоа е аргумент за парите за отштета. По мене не е, али давам пример за судиска оцена.
Или да речеме, аргумент за овие другиве оари може да биде проценката колку со чинот на прислушувањето (пошто тоа е нели, докажано) се нанела штета на новинарите (како фела, или како граѓани као ти и јас).
Освен тоа, џабе збориме, кога пресудата не е конечна. Они ќе се жалат , и гарант повеќе ќе добијат, тоест повторно ќе се суди.
Уопште немам намера да го бранам експресниот процес против Младенов , наспроти седумгодишната голгота во аферата
со новинарите.
Али би го нападнала со поинакви аргументи и доколку располагам со сите информации. :)

Unknown рече...

Фала ти за критиката, ама многу „цепидлачиш“. :)
Ја само се обидов да го доловам впечатокот кој се добива - од аспект на добиената отштета и експресноста на пресудата во случаите Младенов-Костов-Б.Ц., во споредба со „Големото уво“.
Акцентот не ми беше на аргументите, туку на реторичкиот ефект.
Патем - случајот „Швајцарски сметки“ беше неверојатно комплексен, а сепак неверојатно брзо решен - во споредба со „Големото уво“ - каде што беше од самиот почеток јасно како ден дека новинарите биле прислушкувани од МВР и Телеком.

Анонимен рече...

хмммм, ок, тоа е мислам скроз легитимно.
али се плашам дека судски одлуки не се коментираат и ценат на база на впечаток и реторички ефект.
а поготово не кога оној што коментира е (треба да е ) свесен за одекот што го оставаат неговите коментари.ова , нормално, важи за тебе. твоите постови се opinion-making , и тоа ми се гледа како преголема одговорност, а да би се базирала на “дојам“.
ок, да не “цепидлачам“ веќе :)

ribaro рече...

Поважно е прашањето кој е осуден и од каде ќе се исплатат тие 100 000 евра?
Ептен дискутабилно е тоа дека ќе се платат од МВР, т.е од мој џеб.

Unknown рече...

„Ептен дискутабилно е тоа дека ќе се платат од МВР, т.е од мој џеб.“
И притоа, нели, никој нема да биде одговорен за прислушкувањето.
Браво Рибар, токму во тоа е поентата.
Во случајов станува збор за самоволие на определен број лица, кои ги злоупотребиле своите позиции, и тие треба да ја платат отштетата од свој џеб, а некои од нив да завршат и во затвор.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week