Културна револуција

6/11/2007

„Речиси дваесет и пет години откако беше одржана последната филмска проекција во Кичево неделава публиката повторно ќе може да оди во кино.“ (По четвртина век кино во Кичево)

Којзнае, за едно 50 години аматерскиот театар во Кичево можеби ќе стане и професионален.

Затоа, пак, секоја година Струга си има поетски фестивал.

Ем си пејат, ем се жалат - Малку пари за голем поетски фестивал.

Ем се жалат, ем се фалат:

„Се надеваме дека политичарите ќе го сфатат фактот дека СВП е наша културна и амбасадорска манифестација што извезува најголем духовен производ од Македонија. Сите амбасади што ги имаме не направиле толку за идентитетот на Македонија, колку Струшките вечери.“

Пораката е јасна – ајде сега сите поети да ги пратиме за амбасадори!

Ем ќе се реши спорот со непополнетите амбасадорските места, ем сигурно ќе ја добиеме битката за „идентитетот на Македонија“.

Можете да си ги замислите реакциите кога нашиве поети ќе почнат да читаат поезија во ОН, Советот на Европа, во НАТО...

- „Аман, еве признаваме, Македонци сте, ама дај престанете со тоа мачење...“

Така ќе ја добиеме дипломатската битка, ќе се ослободиме од досадните поети, а парите од високите сметки за Струшките вечери и ручеци ќе можат да бидат пренаменети за изградба на нови кино сали.

0 коментари:

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week