ВОЈНАТА ВО ИРАК – ПРЕКУ ОЧИТЕ НА ФОТОГРАФИТЕ

6/20/2007


„Немав чувство дека сум со ослободители,

туку дека сум со освојувачи.“ – Кристофер Морис.

По нападите од 11 септември, седуммина реномирани фотографи се здружија и ја формираа фотографската агенција едноставно наречена – „Седум“. Во март 2004 година, на првата годишнина од Ирачката војна, групата организираше изложба во Њујорк, среде Менхетен: „Војната во Ирак: координатите на конфликтот“. Изложбата опфаќа фотографии од терористичките напади на Њујорк и од првите борбени редови во Авганистан и Ирак, покажувајќи различни аспекти од „новото лице на војната во 21-от век“.
Во 2006 год. е снимен документарен филм кој се фокусира на фотографиите на четворица припадници на „Седум“: Џејмс Нахтвеј (САД), Кристофер Андерсон (Канада), Кристофер Морис (САД) и Гери Најт (Британија). Филмот ќе се прикажува во културниот центар „Точка“ во среда, 20.30 часот.
„Војната во Ирак – преку очите на фотографите“ е моќен документарец што ги открива ужасите на војната преку турбулентни фотографии проследени со автентични коментари и сведоштва од страна фотографите:
„Кога некое возило ќе се доближеше [до американските контролните пунктови], и не ќе застанеше, тие пукаа во возилото. Но, за некој Ирачки земјоделец, кој си поминува по патот, и не е информиран... можеби нема радио... кога ќе здогледа некој човек со стисната тупаница... што тоа значи за него? За еден американски војник значи „Стоп!“, „Стоп!“, „Стоп!“... Но, ако возилото продолжеше едно или две метра потоа, тие ќе запукаа. Беше прашање на избрзани одлуки... бидејќи, културно гледано, нема универзален знак за стоп...“
По проекцијата на документарниот филм, во 21.30 часот ќе се одржи дискусија на тема „Не пиеме нафта“, организирана од група анти-воени активист(к)и – меѓу кои ќе препознаете и неколку блогери.
Ќе се дискутира за (не)оправданоста на нашето воено учество во т.н. „мировна мисија“ - „Слобода за Ирак.“
Повелете.

3 коментари:

GoodBytes рече...

Ни камерата не е доволна да раскаже што се' се случува во војна. За жал, илјадници луѓе веќе се загинати, а крајот не се гледа. Пумпите црпат...

Анонимен рече...

сега веќе докажано дека ЈОШ е модел кој веќе функционира во... ма:

Ovih je dana pasivistički nepokret JOŠ radio na pokretanju nove akcije ... zapravo, radi se svojevrsnoj Kampanji zgodnog naziva: "ZAŽMIRIMO NA TREĆE OKO!"

Ova je Kampanja neophodna, kako za razvoj politike plitkog življenja, tako i za razvoj nerazumnog promišljanja ... Naravno, nema je ko drugi sprovesti u djelo nego Nepokret JOŠ!

Dobili smo novce od naše vlade, nevladinog sektora, i kojekakvih biznismena. Iza nas čvrsto stoje NATO, UN i USAID, što znači: Nema zime kad su naše plate i godišnji odmori u pitanju ...

Red je da spomenemo šta će sve ova Kampanja sadržavati tako da se i vi možete isključiti ...

Pasivnosti:
1. Potpuno zatvaranje Trećeg Oka
2. Razvoj privatne Demokratije
3. Dekriminalizacija korupcije


To su samo neke od pasivnosti koje namjeravamo pokrenuti i sprovoditi u nedjelo ...

Moram se pohvaliti da imamo račun u Banci i knjigovođu preko kojeg možemo oprati gomilu para i raditi poslije s njima šta nam je volja ... Tako da ovo možemo nazvati samoodrživim projektom dugog vijeka ...

Hvala vam što ste isključeni i što podržavate naše pasivnosti ...

Asim Ganglija, generalni koordinator regionalnog ureda nepokreta JOŠ, Semizovac.

Анонимен рече...

а да. изворо.Пексим Слани, „руски класик који у кругу своје фамилије је познатији од Пикаса„
http://brlogar.blogger.ba/

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week