Наместо законот да ги штити граѓаните, неспроведувањето на законот ја штити тутунската мафија, која слободно рекламира цигари.
Пошто Груевски е за економија, и поддржува добри идеи, еве му уште една идеја како да го наполни буџетот.
Нека издаде веднаш налог до пазарната инспекција за поведување прекршочни постапки за рекламирање на цигари.
Само низ центарот на Скопје вчера забележав стотици реклами.
Ако просечна казна е околу 3.000 евра, тогаш координирана акција низ цела Македонија со поднесени 1.000 прекршочни пријави би можела да исходува со полнење на буџетот од 3 милиони евра.
Ете пари за борба против зависноста од никотин и други дроги.
Затоа, пријавете рекламирање на цигари на 3220547!
3 коментари:
Не го знам законот, ама мислам дека е забрането експлицитно покажување цигари во рекламата.
Логото,
слоганот,
"човекот во преријата" на Marlboro, "нашите дечки со Канео во позадина", "pozdravi iz Rovinja" со небо и облаци (од чад, хмм?!?) - се вон досег на законот.
Tricking the law, sadly...
Го има некаде целосниот закон?
законот е на право.орг.мк, под З, страна 9.
нема никаков правен трик,пошто е забрането и пока
ување на заштитниот знак на цигарите. напротив, одредбата е јасна тотал.а и казната е јасна.
И законот е јасен, ама кога прв пат се јавив во пазарна инспекција, прво ме препратија во трудова и во санитарна, па дури после прифатија дека тие биле надлежни за трафиките.
Каде што има чад (незаконски реклами за цигари), има и оган (тутунска мафија)!
Објави коментар