Конечно, Бранко Црвенковски се скраси - на градскиот плоштад “Маршал Тито“ во Ресен. Еве што ни порача:
“Должни сме да се потсетиме на 24-те илјади борци кои ги положија своите животи во НОВ како траен влог за слободна, суверена и независна Република Македонија“, изјави во своето обраќање шефот на македонската држава Бранко Црвенковски. (Борците на НОВ - траен влог за независна Македонија)
„Должни сме да се потсетиме...“
Многу од тие борци што тогаш се бореле за суверена и независна Република Македонија станале жртви затоа што не можеле да ја прифатат догмата на партијата на која и припаѓаше Б.Ц. – дека суверена и независна Република Македонија е можна само во рамките на Титовата Федеративна Југославија.
Крајно време е Република Македонија да расчисти со „наследството на Тито“.
Должни сме да се потсетиме дека токму Тито и неговиот намесник Лазо биле најодговорни за страдањето и смртта на Ченто и редица други борци за самостојна Македонија.
Должни сме да го потсетиме Б.Ц. дека до последен момент ронеше солзи по Југославија и дека е најголема срамота тоа што зборува за суверена и независна Република Македонија од плоштад наречен „Маршал Тито“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Ако добро се сеќавам, БиЦи беше единствениот парламентарец кој не стана додека се интонираше химната на Македонија за време на првата седница на првиот парламент. Југословен во душа, комуњар по професија, убав на мајка, БиЦи е талогот од тоа што не чинеше во КаПеЈу и посебно во КаПеЕм.
Ако не се лажам, на таа седница се интонираше и „Хеј Словени“, и тогаш Б.Ц. сигурно се истакнал.
Киро Глигоров и Б.Ц. се најодговорни што сеуште ни се накалемува ем бивша, ем „југословенска“.
Објави коментар