Кутрата полиција

6/04/2007

Изгледа има логика што Охриѓани имаат таков став кон „скопјанишчана“, оти Скопјаните знаат да бидат многу опасни:

„Случаите со полициската бруталност се многу интересни и за членовите на Хелсиншкиот комитет. Оттаму велат дека најдобар пример како функционира оваа проблематика е минатогодишниот случај кога бившата претседателка на Хелсиншки, Мирјана Најчевска, пред свои очи видела како петмина „алфи“ брутално претепуваат скопјанец на улица.
„Кога баравме објаснување, од МВР ни рекоа дека тоа што го видела Најчевска не било така, туку дека петтемина „алфи“ биле нападнати и тепани од човекот“, вели актуелниот претседател Исо Руси.“ (Осумдесетина полицајци пред отказ поради претепување граѓани)

Чувај боже од Скопјани, ако еден Скопјанец може дури петмина алфи да истепа! И дај нема смисла, не се јавувајте веќе на бесплатниот телефон 0800-11-333 да пријавувате полициско насилство. Тоа е бесплатен број за пријавување на насилство врз полицијата од страна на граѓаните.

Да се надеваме дека новите казни од 600 до 900 евра за омаловажување на полициски службеник, ќе придонесат за намалување на насилството врз полицијата, особено врз кутрите, нежни и беспомошни „Алфи“.

Први што треба да добијат глоба се новинарите што неоправдано ги омаловажуваат полицајците претставувајќи ги како насилници, врз основа на сомнителни искази на некакви си „активисти за човекови права“: „Нивното искуство кажува на солидарност меѓу полициските колеги, кои откако ќе претепаат некого, веднаш одат со стандардни финти дека биле нападнати и дека тие само се бранеле.“

Покрај глобата, за активистите на човекови права што ја „кодошат“ полицијата треба да се определи и педагошка мерка - притвор, за да можат и сами да се уверат колку нашите полицајци се нежни и беспомошни во вршењето на службата.

3 коментари:

Анонимен рече...

Проблемот со полицијата уште повеќе ќе добива на интензитет, бидејќи полицајци станаа многу криминалците. Покрај тоа МВР е место каде што на учењето и моралната доблест не се гледа благонаклоно.

Анонимен рече...

Do sega ne smeevme da digneme glas, otsega ni pogled.
Ne daj boze raka.
Ona shto navistina treba da se diga e - svesta.
Kje bide. Pa tek se od vcera Alfi, pa beti, gama, delti... eheej.
Do Nakolec i nazad eden zivot.

Unknown рече...

„Ona shto navistina treba da se diga e - svesta.“
Не е лошо и телефони да почнеме да вртиме, и механизмите за контрола да ги јакнеме.
Лошо е што има недоверба кон полицијата, ама самата полиција е најмногу виновна за тоа.
Внатрешната контрола мора да почне да функционира - и тоа без пардон!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week