Говор на омраза – „Парадокс, ама вистина!“

6/06/2007

Еве што вика експертот за Говор на омраза:

„Говорот на омраза или hate speech е јавна изјава направена преку какво било медиско средство, со намера да промовира омраза, повик на дискриминација, омаловажување или повик на насилство кон друго лице или група на основа на нивната различност по раса, боја на кожа, етничко или национално потекло или религија.“

Но, тоа е горе-долу дефиницијата на расистички и ксенофобичен материјал ("racist and xenophobic material") во “Additional Protocol to the Convention on cybercrime, concerning the criminalisation of acts of a racist and xenophobic nature committed through computer systems”:

“"racist and xenophobic material" means any written material, any image or any other representation of ideas or theories, which advocates, promotes or incites hatred, discrimination or violence, against any individual or group of individuals, based on race, colour, descent or national or ethnic origin, as well as religion if used as a pretext for any of these factors.”

Говорот на омраза не може да се редуцира само на расистички и ксенофобичен материјал. Како што фино забележува Парек „Hate speech expresses, advocates, encourages, promotes or incites hatred of a group of individuals distinguished by a particular feature or set of features.“ (Hate speech: Is there a case for banning?, Bhikhu Parekh). Впрочем и во дефиницијата на „hate speech“ во фамозната препорака 97, стои и изразот „...или други форми на омраза засновани на нетолеранција...“ („...the term "hate speech" shall be understood as covering all forms of expression which spread, incite, promote or justify racial hatred, xenophobia, antisemitism or other forms of hatred based on intolerance, including: intolerance expressed by aggressive nationalism and ethnocentrism, discrimination and hostility against minorities, migrants and people of immigrant origin.“ (RECOMMENDATION No. R (97) 20 OF THE COMMITTEE OF MINISTERS TO MEMBER STATES ON "HATE SPEECH").

Експертот како да не чул за хомофобичен говор на омраза (homophobic hate speech). Очигледно, ја нема прочитано Резолуцијата за хомофобија во Европа на Евопскиот парламент која ги повикува земјите членки да обезбедат заштита од „хомофобичен говор на омраза и насилство“ („Calls on Member States to ensure that lesbian, gay, bisexual and transgender people are protected from homophobic hate speech and violence...“).

Експертот очигледно не чул и за родово-заснован говор на омраза (gender-based hate speech). Ама затоа е експерт за сексистички говор: „Имено, помалку се заморивме, драги мои од главно трите групи-типа на другарки-госпожи во политиката: невротични кучки; истоштени квази-исусовки (кои ќе ја спасувале Македонија која заслужувала подобра власт) и девојки од работните акции т.н.community girls.“ (Дневник, 14 февруари, 2006) (види Честитка за „Свети Валентин“)

Да потсетиме и на ОТВОРЕНО ПИСМО до Европската комисија против расизам и нетолеранција во кое беше укажано и на елементи на говор на омраза од страна на Фрчковски.

Нема што, конечно, станавме пристојно место на живеење. Проминентните колумнисти што сакаа да им ја ебат мајката на „квислинзите“ сега бараат санкции за говор на омраза.

„Парадокс, ама вистина!“

4 коментари:

Анонимен рече...

Фрчко Е- ментол. :)

тој тип треба да се бави со шоуменство , тезги и сл.

инаку, тоа што е на линкот од mhc со извадоци од на фрчко бисерите кажани за разни луѓе , не ми е јасно, .. тоа он го кажал вака некогаш во некое интервју, дебата, дијалог? или само од неговите колумни е земено.

ако е само од колумни тогаш хмм што знам.. може Фрчек сепак има право да иде во крајности кога тоа е во пишана форма?

Unknown рече...

Од последната колумна е очевидно дека колумнистот Фрчкоски не настапува само како „паљачо“, туку и како професор и експерт за темата - говор на омраза.
Е, сега, можда навистина е „несфатен“ колумнист. Можда поентата му е да ни покаже на дело што е нетолерантен говор, за другите што пишуваат да не бидат како Фрчко.
Можда затоа и му дадоа награда како „проминентен колумнист“ - врачена од поранешниот претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Чоекот дава пример што е нетолерантен говор, како се повредува човеково достоинство - и сега сосем ни се јасни границите на правото на слободно изразување. :)

Анонимен рече...

dali ovoj:http://www.on.net.mk/
galerii//Heroin/index.html#28

"govor" ima nekakva osven dokumentaristicka priroda? sum gledala lugje so poinakvi dress-code-ovi koi se horsaat, so kravati, zapeglani, toj film, koi nemaat nikakva podudarnost so životniot stil koj ja preTstavuva ovaa galerij: lugje koi se istetovirani, izpirsani, ofarbani drech, so sukanici...
lugje koi se zavisnici, ili koristat heroin...
ti stiga na mail, shortly od damjan donev txt za politički koretken govor....

Анонимен рече...

a sum videla i pološi parčinja tekstovi što sum gi napišala pred da do ispijam prvoto kafe:)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week