Најнов сексистички испад на поранешниот министер, уставотворец, актуелен професор по човекови права, и наш претставник во Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата (ECRI):
„Имено, помалку се заморивме, драги мои од главно трите групи-типа на другарки-госпожи во политиката: невротични кучки; истоштени квази-исусовки (кои ќе ја спасувале Македонија која заслужувала подобра власт) и девојки од работните акции т.н.community girls.“ (Дневник, 14 февруари, 2006)
Инаку, ECRI издава Европски пасош против нетолеранцијата каде што нетолеранција е: расизам, ксенофобија, антисемитизам, сексизам, хомофобија... Според ECRI, „сексизмот е една од најраширените форми на нетолеранција“.
Наместо да се бори против сексизмот кај нас, како наш претставник во ECRI, Љубомир Д. Фрчкоски отворено шири сексизам.
Предлагам иницирање на уште една петиција, овој пат до Владата на РМ, со барање да поведе постапка за разрешување на Љубомир Д. Фрчкоски од оваа функција, затоа што личноста именувана од страна на Владата на Република Македонија не го исполнува критериумот „висок морален авторитет“ што се бара од членовите на ECRI.
Се надевам дека Македонското женско лоби, СОЖМ, и Министерот за труд и социјална политика (кој неодамна толку „успешно“ ги претстави нашите достигања на полето на човековите права на жените) нема повторно да се оглушат, и дека остро ќе реагираат на вакви јавни сексистички испади.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
Zare,
ova so peticiite ti e odlicna ideja,
ama da ne izleze kako so krivicnite prijavi na Marjanovic,
daj da formirame rabotna grupa, jas ti i uste nekoj (Bocevski, Kolja) ti stancaj peticii, da najdeme eden Boris Zmejkovski da naogja zainteresirani da gi potpisat i posle da stegneme pres konferencija i za Vraniskovski i za Frckovski, da izleze vo javnost da ne si prajme samo k.r mi e dvor mi e sto bi rekle brakjata blogeri,
mnogu vazno prasanje,
a prijatelot Frckovski zasluzuva malku popotkovani fajteri da go isperdasat,
So gospodinot Frchkovski, koj smetam deka e dosta kompleksna, sloevita lichnost, navistina treba otvoreno da se porazgovara za negovoto nesvesno koe prilichno mokjno go kreira javnoto mislenje. Ne znam chij shovinizam e poopasen: onoj na Frchkovski ili onoj na Marjanovic ili onoj na Venko Andonovski, ili - ili... i - i...
Peticija da, no se soglasuvam so Robert. Ajde od site predlozzeni peticii, na ovoj blog, za razni vazzni prashanja, konechno, da napravime navistina edna!
Predlagam sredba vo petok vo Tochka vo 15.00.
Osven peticijata, predlagam i Debata za seksistichkiot diskurs vo javnata sfera, na koja kje bidat pokaneti goerespomenatite a i nekoi drugi.
Oti dosta "kuloarski" gi konstatirame bolestite...
Дај не се резилете бе. Алаѓозовски мандаку ме читаш?
ама да не ме сконтате погрешно. Сум “за“, да го спукаме ова професорчето, меѓутоа морам претходно да укажам на две-три битни работи, ако јаска сум најмал (по возраст) од сите. (вуната е уште вон-категорија, цицибанко)
Првин Жаре, па и други ете, треба да се зберат и некоја недела, две па може и повеќе, да ги изанализираат, пробуричкаат колумниве на фрчко (период 2000-2005) да изработат една фина “семинарска“ со сите политички некоректности...да ја спастрат потоа, да ја достават до таму релевантни здруженија и организации...па дури после прчете се на прес-конференција.
без друго, вака, ако земете да правите петиција, ради две-три реченици во една колумна (додуша, да апла сексистички) Фрчко има да ве измава и исклоца слично ко на времето Најческа ко го обвини за ширење на “говор на омразата“.
Тоа е.. браќа алтернативци..Фрчко сака карневали, внимавајте :)
dali nekoj gi chita po dijagonala komentarite? dali nekoj se javuva samo kolku da se javi? kako i da e, i toa e legitimno, se nema vreme za razni budalashtini...
znachi bi sakala da obrnam vnimanie na ochigledno nedorazbiranje. patem, svetot se raspagja zaradi nedorazbiranja...
1. ne gledam koj spomna pres konferencija.
2. predlogot, da povtoram, beshe da se sobereme zaradi "izgotvuvanje plan za eventualna akcija, peticija, javen nastap"
3.g-dinot frchkovski, pretpostavuvam zaradi podolgiov moj prestoj na planetava zemja, go sledam od 1991 godina. redovno, uredno, i ne samo zaradi fakjanje beleshki na negovite greshki tuku i zaradi, kako shto rekov, negovata kompleksnost. od sekogo ima shto da se nauchi: i dobro i losho, i crno i belo i sivo, pa i magenta.
4.javnite nastapi na ostanatite spomenati vo mojot post gi sledam ednakvo dolgo, ako ne i podolgo.
5.ne sme tolku nedovetni (bar po nekoi prashanja, iako priznavam, se chini deka ponekogas sum ponaivna od mnogu izveshteni mazzestveni "kralevi" na blogosferskoto carstvo, a veruvam i deka ne sme do tolku neodgovorni da go zagrozuvame javniot prostor zaradi narcistichki izlivi da se pojavime vo nego, bez predvideni i razraboteni bar najmali rezultati od takvoto javuvanje. javniot prostor e prilichno zagaden od mlatenje prazna slama.
6.ne znam shto znachi ona alternativci. malku mi se povrakja od proizvolnata upotreba na ovoj, a i na site ostanati zborovi.odbivam da bidam narechena alternativec, osobeno koga ne znam shto drugite podrazbiraat pod alternativa. istiot problem se javuva i so upotrebata na underground. Aman lugje 21 vek e. aj postarive ushte da gi koristat tie vetvi zboroi, ama pomladite... ama toa e druga tema.
7.vo sekoj sluchaj blagodaram za dobronamernite ukazi. se razbira deka sekoj sovet, osobeno na onie koi se upateni vo problematikata, e dobredojden.toa znachi deka so golema radost ja ochekuvam konstruktivnata blogerska fela (koja gledma deka blika od hrabrost, znaenje i relevantnost na site mozzni temi i dilemi) vo tochka vo petok vo 15.00.
А бе Букаро,
пријателе,
те гледам ист си ко нас, ебаго,
ко Ззаре, ко мене, ко Фрццко, ко Коља, немој само и на Венко да поццнеш да лицциш, ебаго,
па тоа го викам и јас,
некој да седне и да сработи нешто,
што кур ми дрззиш лекции, па јас знам дека треба мала студија и треба со Фрццко озбилно, ама кој да го изработе тоа, гледаш дека затоа ми е краток постот, гледам да не солам памет, без лиццен пример, без преземена одговорност,
следниот пат ко кке се јавиш сакам да каззеш што ти кке направиш,
а не да го дрвиш, за дрвење има бааги кандидати нема кој да ... разбираш...
п.с. те ццитам,
гледам брзо уцциш,
стануваш полемиццар,
ама сум рекол, а и Ззаре и искра се согласуваат,
акција треба, и работа,
Neam veke so da kazam...
Ubi me prejaka argumentacija :)
Се извинувам за дигресијава што нема врска со Фрчковски, ама овој пост ми се чинеше најблозок на темата дискриминација. Би сакал да прашам дали е расизам ако некој во јавен медиум прогласува некоја човечка раса за инфериорна?
Фрчко пати од Смигол-Голум синдромот. Неговото „драгоцено“ е отелотворено во било каква лукративна можност па тој ќе ги менува улогите само за да остане блиску до него.
А кога сме кај разлигавените креатури, последната колумна на Фрки е парадигма на спомнатата (од Жарко) „интелектуална“ жабокречина. Само не ми е јасно кога во пошироки размери ќе падне митот за „авангардноста“ на Фрчко...
Јас сум поранешна студентка на Фрчковски и моето искуство со него е дека на факултетот е единствен професор лишен од комплексот на повисока вредност (во однос на студентите). Исклучително коректен однос, од кој , искрено , и јас бев изненадена, познавајќи го од медиумите. Затоа сега мислам дека неговата колумна си ја доживува само како можност да се спрдачи со све живо. Мислам дека ни самиот себе не се сфаќа сериозно. И забавен е!
This is very interesting site... »
Објави коментар