„...слободата на говорот не е никогаш апсолутна.“ - Кофи Анан, по повод објавувањето на карикатурите со ликот на Мухамед. (повеќе)
Ете, уште еден повод лицето Бранко Ц. да го тужи неделникот „Фокус“ - за навредливиот стрип.
А „Бушавата“ администрација демек балансира:
„Главна цел на надворешната политика на администрацијата е промоција на демократијата и човековите права, вклучително и слободата на говорот, во земјите каде што ги нема.“
Каде бе тоа промовирате демократија и човекови права? У Гуантанамо, у тајните затвори во Кабул, у Ирак можеби? И каков е тој нов демократски бран: „Friendly fire“ демократија?
„Но, клучната мисија на јавната дипломатија е да ја нагласува почитта кон исламот, после војните во Ирак и Авганистан“.
Наравоучение: Американското знаме може да се пали, ама Мухамед не смее да се црта. Машала!
А што ако сега излезат на улица сатанистите и почнат да дигаат џева зошто Сатаната толку лошо се претставува во христијанските карикатури?
Шегата настрана, ама Јован ќе си одлежи кај нас поради календарчето православно, заради поттикнување верска нетрпеливост.
Затоа, берете памет блог-тротери!

3 коментари:
Еве каде бев јас и што пишував за Јован („Слобода на говорот“, Утрински весник, 6 август 2005 година): http://217.16.70.245/?pBroj=1846&stID=40893&pR=7 Еве и извадок: “Во Македонија се нарушени основните човекови права и слободи на еден македонски државјанин. Јован Вранишковски е во пранги, бидејќи сака да си ја искористи уставно загарантираната слобода на говорот, слобода на вероисповедта и слобода на здружувањето. Битолскиот основен и апелациски суд експресно донесе срамна пресуда која овозможи еден невин човек да е во затвор. Со оваа пресуда Република Македонија си се избриша себе си од картата на слободните и демократски држави во светот.“
Ивица, секоја чест за колумната a propo случајот „Јован Вранишковски“. Ете, ти си бил исклучок. Убаво беше да се потсетиме на Јован во овој контекст. Ме буни само еден цитат:
"Правото на слобода на говорот е неприкосновено, а борбата против исламистите само се зајакнува и се изострува со одбраната на правото на слободен говор, дури и за оние што го злоупотребуваат тоа право."
Прво, ме буни тоа “борбата против исламистите“ - против кои „исламисти“?
Второ, ние имавме некоја интересна дискусија кај .анти за индивидуализација на вината и таа заврши кога некој без име и презиме почна да споменува „Шиптари“, што е крајно навредливо за мене. Што праиме со ваквите случаи?
Трето, слободата на изразувањето не е „неприкосновено право“. И во Европската конвенција за човекови права убаво си пишуе дека слободата на изразувањето (и на мислењето и информирањето) со себе носи и должности и одговорности. Овие слободи можат да бидат ограничени во едно демократско општество, меѓу другото, и заради „превенција на неред и криминал, за заштита на здравјето или моралот, за заштита на угледот или правата на другите...“
Имено, како и при остварувањата на сите други права, треба да внимаваме на границите - а тоа се почитување на правата на другите.
Што се однесува до Јован и сличните случаи (Крамарска, покојниот Менде Петковски, итн.), што мислиш за идејата заеднички да подготвиме една петиција?
Zdravo Ne-bitie,
neka ti e cestit blogot,
gledam jas deka kje strada
makedonskoto opstestvo so site vas sto zabegavte vo blogo-sferata,
naprajte peticija so Bocevski jas kje ja potpisam, za tolku mozam,
Bocevski napisa nekolku dobri kolumni, ama uste nema serija,
Bocevski stegaj zabite,
a ne e loso i slikata da ja smenis vo utrinski, prvata ti bese pofina,
se nadevam nema da mi go spalis biroto za ovaa zabeleska,
pozdrav
Објави коментар