Мораме да правиме разлики помеѓу декриминализација, депенализација, и легализација. Што се однесува до поседувањето и користењето марихуана, бесмислено е да се бара декриминализирање на нешто што не е криминал (кривично дело). Оттаму, промашен е поднасловот на текстот „Страв од дување“ - Декриминализација на марихуаната во Македонија? (Форум Плус, 18.02.2006), освен ако не инсистира на декриминализирање на производството или овозможувањето на употреба (тоа се веќе кривични дела).
Значи, ако зборуваме за „регулација на користењето на марихуаната“ (во таа смисла Алаѓозовски зборува за „легализација“), тогаш е посоодветно да зборуваме за „депенализација“ отколку за „декриминализација“, затоа што користењето марихуана („оддавањето на уживање“) кај нас е казнено дело (прекршок), а не кривично дело. Прекршок е и поседувањето на било какво количество марихуана, и прашањето за регулирањето на поседувањето на марихуана не смее да се пренебрегне, кога зборуваме за „легализација“ во погоренаведената смисла. Неовластеното производство на било какво количество на марихуана (заради продажба) е кривично дело.
Ако успееме да воведеме концепт на „сопствена употреба“, и го регулираме поседувањето на марихуана (издвоена од останатите поштетни дроги) дефинирајќи горна граница на количество марихуана „за сопствена употреба“, тогаш може да ни се постави следнава дилема: дали поседувањето на марихуана „за сопствена употреба“ ќе остане прекршок (кој ќе се казнува само со парична казна како и преминувањето улица на црвено) или ќе престане да биде прекршок (ќе се „депенализира“), што значи, парично ќе се казнува само поседувањето на марихуана над горната граница?
Ако се депенализира поседувањето марихуана за сопствена употреба, тогаш практично ќе се легализира и домашното производство на марихуана (до одредена количина) кое не е наменето за пуштање во промет, туку за сопствена употреба.
Кога ќе иницирате некои законски измени, имајте предвид дека некој треба нив и да ги изгласа во Собранието. Затоа воопшто не би ја потценувал политиката „чекор по чекор“.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
7 коментари:
Prijatele,
ti blagodaram za ukazuvanjata i terminoloskite razgranicuvanja,
znaci mie sve za depenalizacija,
da ne se kaznuva i da moze da se sadi vo ograniceni kolicini, a brojot na stebla da varira, do 15 na primer, zavisno koj kakvi potrebi ima,
se razbira deka politikata cekor po cekor e nuzna strategija vo makedonskata politicka sfera,
no da si dozvolime i diplomatska umesnost i razvoj na igrata, a?
Пријателе, тоа „секому според потребите“ не е баш дипломатски, пошто мириса на марксизам. Да те потсетам, Маркс ја прогласи религијата за „опиум“ за народот, а со нашата кампања не смееме да оставиме впечаток дека сакаме да го прогласиме „опиумот“ за народна религија. Умот не смее да ни е опиен, со усул!
Како што има закон за намалување на штетите од пушењето, така треба да предложиме закон за намалување на штетите од дувањето! За такво нешто потребен ни е нов систем за класификација на дроги, каде што марихуаната ќе биде во иста класа со алкохолот и никотинот.
Tokmu taka prijatele,
Ama na covek nekogas mu trebaat cetiri nekogas sest stebla godisno,
nekogas pusi povekje nekogas pomalku,
znaci mislam na domasnata upotreba,
a ako ti mislis deka treba isklucivo da kupuvame jointi od trafika,
toa e nepotreben liberalizam,
kje napravime mara bossovi od tipot na Suturkov,
i nisto ne sme postignale, lugjeto pak kje ja sadat ilegalno od nemastija, samo sega policija kje gi goni zasto ne kupuvaat od marata na Suturkov,
razmisli,
A da preslikame nekoj vekje postoechki model, od druga drzhava, bidejkji ochigledno rabotava i pravno i sekako e mnogu delikatna?! Martin Luter malku improvizira; dobro treba da se razmisli za strategijata i redosledot na chekorite, oti vo toa e seta politika&akcija, prijateli! Inaku, site imame dobri nameri, taka! No vistinskiot strateg e onoj shto kje gi zhnee plodovite (trevnati&pernati&ideoloshki&politichki... :). Pozdrav
Keep up the good work Free dvd players for windows Projector extension cable When medication is given for high blood pressure greg maddux and jogging
That's a great story. Waiting for more. » »
Best regards from NY! Porn hung black ladyboys http://www.whitemountainicecreammakers.info/plastic-surgeon-labia-photos.html Mature nature sex black reality shaved girls haircuts0d0a Hardcore fuck pics of black girls gmc pickup truck white women big butts free black mature porn pic
Објави коментар