Критична маса

2/09/2006

(До другар ми Коља и блогер(к)ите)

За да се предизвика верижна реакција, потребно е прво да се создаде критична маса. Колку сакаш купчи „интелектуални“ кре-кре елементи од типот а ла Венко, Фрчко, Марјановиќ, Ѓунер, Орданоски, Героски, па и „Букарски“, „Вуна“... - останува истата квази-интелектуална жабокречина во која безнадежно тонеме. Тоа ти е галерија ликови што лесно газат по достоинството на другиот и продаваат сопствена душа за повеќе читаност/посетеност - естрадни задоволувачи на сеирџиските „фолклорни“ потреби. За да се создаде критична маса за верижна реакција која ќе ја разбуричка нашата застоена жабо-кре-кре-чина, потребни се урбани критички елементи од типот на Анти, Алаѓоз, Боцевски, Развигор, Комуникации...
Паметиш, некогаш живеевме во осмо(ро)собен стан, а сега се гушиме во смрдлива гарсоњера со спуштени завеси. Ниту сонце да не грејне, пријателе, ниту свеж водух да не понесе, од пустите ни зраци на Вергина и од загушливиот „вентилатор“ на нашето знаме. Почнавме да си „ги мериме“ со знамиња... Тоа ти е нашата јавна сфера. Завесите се спуштени за да не гледаме како новите капиталисти (во спрега со корумпираните политичари) купчат пари, од маката на тутунарите, стечајците, социјалците, бегалците, внатрешно раселените, зависниците од дрога, исчезнатите, загинатите...
Како да ги подигнеме спуштените завеси пријателе, ете тоа се обидуваме ние тука, а и ти богами, ако добро те читам со години. Со аргументи, наместо со лични навреди, со критичко мислење, наместо со „конспирации“, со рационален дискурс, наместо со говор на омраза...
Но, Коља, каков ти е тој аргумент – лаам 10 години против власта? Па, не сме ние село без кучиња. И Фрчко лае откако го развластија, и Марјановиќ лавка, и Хелсиншки (ко watchdog) само лае, Николче нема престанато да џавка, а и Орданоски едно време глумеше божем лае, па никому ништо, карванот си врвеше и си врви... Научија со време СДСМ-ДУИ-ВМРО-ДПА дека кучињата што лаат не касаат. Можеби затоа и никој не го есапи „Контра-бандаш“, пријателе.
Наместо лаење у ветер, потребни ни се конкретни иницијативи, пријателе – претставки, петиции, предлог закони, судски тужби, граѓански иницијативи, референдуми, протести, демонстрации... - малку да ја разиграме „демократијата“...
И отворање нови медиуми, разбира се. Убаво е што почнавме да иницираме некакви мини „форуми“ (нешто што не успеа „Маргина“, на времето), ама потребно е да ја фокусираме енергијата, да не ја трошиме во јалови меѓусебни пресметки и, како што велиш, да дефинираме приоритети...
Ако не се лажам, во нашава локална блогосфера има елементи од кои може да се создаде критична маса за барем две www списанија - за литература и теорија, и за критичко промислување на политичките ни состојби.
Не треба тука многу пари пријателе, туку обединување на позитивните енергии. Убеди го Анти да покрене барем едно списание, дај му малку потпора, со задоволство би се приклучил на таква иницијатива.

35 коментари:

Darko156 рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Darko156 рече...

Почувствував потреба да го отпоздравам овој коментар. На место е.

ТОЛКУ

Анонимен рече...

Ima logika toj tekst, no ima dve slabi tochki: preresko ja deli scenata i prelesno proglasuva shto e "laenje vo vetar" a shto korisna opshtestvena akcija. Ama pred se' - mnogu pozitivna rabota vo tekstot e povikot da se zdruzhuvame vrz poinakvi, popragmatichni, osnovi. Samo shto jas toa malku i bi go proshiril od sferata na peticii, predlog-zakoni itn. KAPITALIZAM E, eeej! I toa 15 godini! Ni trebaat, znachi, i poinakvi zdruzhuvanja, razvoj na pretpriemachki duh, ma kolku Anti skokal do nebo ko kje se spomne pretpriemashtvo. Pa marketing, odnosi so javnost (toa shto nekoi od blogerive - Bukarski, na primer, pa i Anti - go praat maestralno) - zar toa ne e pretpriemashtvo?! Znachi, zboram za porealni i poshiroki vlijanija, pa i ekonomski, shto da ne, se' neshto kon tamu mi vlechat razni digresii, fusnoti itn po pismava. Ili sakash, Zharko, iskluchivo ideoloshko vlijanie, da arbitrirash naokolu so pravno/filozofskite analizi vo chij fokus se chovechkite prava?! A posle se lutite ko ve zaebaam za ideoloshkite komisii?! Ova go zboram za da ne ja sataririrame scenata koja ionaka e mala i nejaka (iako bara diferencijacii, o da!). Kulturnive akcii, da rezimiram, vo najmala raka se isto tolku vazhni koi i peticiite itn.
P.S. Kon Vuna si nepraveden, Zharko. Ete shto se sluchuva ko kje se opushtish vo jazikot, za toa ti zboram. Gleash kako e! No, tuka sum da te potsetam, ko ti mene shto me potsekjash, fala. Bukarski, on, da, malku mi e preprostituiran, preeksponiran e a prilichno praznichok, no Vuna, chinam, ne e tolku zabegan, a i mal e epten, taka shto pazi i na pedagogija, pretsedatele na id-kom!

Unknown рече...

„...ете ушеден пример зашо на женските не треба да им се дава право на коментирање. иди виткај сарма!“
Тоа ти е одговор на еден коментар од пријателчето „Вуна“. Не велам дека не е талентирано и проникливо, ама ете како пропаѓа талентот...
А за членувањето во идеолошки комисии, како член на бордот на ФИОМ (паралелното Министерство за култура), поише се разбираш од мене во тоа пријателе...
Нејсе, да баталиме ниските удари, и да пробаме да напраиме нешто за жртвите од полицијата - што нашата држава ги третира како криминалци, наместо лица со посебни здравствени потреби.
Ќе ти пишам нешто за тоа.

Shepard рече...

Пошо ме прозва Жарко,
тој мој коментар се надоврза на целата пародија на „бакланскиот алфа муж“, феномен кој ми е инспирација сиве овие години.
Мрски друже,
не планирам да се правдам за нешто на мојот блог (што во случајот е извадено од контекст, налик на карикатуриве - човече, МАЛА ШАЛА, ја пишав сторија за тоа како треба да се тепа жената, бла бла, колку е таа природно глупа, што го замислив како исмејување на сексистите, исмејување на балканците, исмејување на она исконското ЌУТИ МОРИ ЖЕНСКА ГЛАВО! И доаѓа некој(а) и ми мрчи како сум требал да се лечам, а после тоа ќе оди дома и нејзиниот ценет и храбар сопруг ќе и удри глава, ќе ја осакати и ја ќе бидам крив.. и намерно, во тој смил, ја пратив да витка сарми. Е сеа у тоа име и ќе стаам парола „забрането читање на блогот додека имате ПМС“. Ова исто кога пишав протестно писмо за враќање на Боки 13 на малите екрани, па кога ми срипаа..

Толку за коментарот.

Општо за тоа ја што сум у не знам више која група со Фрчко и осталата мафија од Јустинијан Први и општо, знаме за која мафија станува збор:

За момент замижете пред моите години. За момент замижете пред све врзано за мене, онлајн и офлајн. За момент замижете пред сите суети, сопствени, туѓи, сајбер суети, онакви, такви, големи, мали, курови до земја, пички покрај кеј и слично.

Е тој сум јас. Уште еден дечко, БЕЗГЛАСНА БУКВА, кој „судбината го наведе да блогира“ (оди на старата вуна, првиот пост евр ми беше „денес е ладно, а у петок ќе идам на журка“), ДЕТЕ кое отиде на приредба да пее, онака, од што имаше желба да пее и наиде на добар одзив. Да му ебам мајката, мора ли бе одма да се прават центрифуги, одма да се класифицира, да се лепат траки? Македонштино, ти ли си? Ај за почеток да бидам неутрален, а?

Unknown рече...

Кога ја прочитав последната реченица од „Да станеме и ние папучари од век“, и јас прво помислив дека стануе збор за луцидно „исмејување на сексистите“.
Ама после нешто сменив мислење, кога ги видов коментарите и реакциите на нив.
Нејсе, имам чувство напати дека и јас ја преминувам линијата - кога ќе видам дека нечие достоинство е повредено од моиве писанија...
Жал ми е само што никој не презема иницијатива за блогерска синергија, за да создадеме комуникација на повисоко организационо ниво.
Пак старата болка, почнуваме да се разјадуваме меѓу себе...
Стварно не ми е јасно, зошто со Анти, Букаро, Етна... не смогнете сили да издадете едно е-списание? Со тоа вашата читаност нема да се намали, напротив, ќе создадете нов простор и за критичка дискусија и за дебитантски остварувања.
Патем, го напишав „критична маса“ зашто имам впечаток дека блогерајов ни заличува на јаки индивидуалци кои прават пуздер на кошот у свое маало, ама без team spirit, никако да состават екипа, па да заиграат у прва лига - за НБА ич да не праиме муабет!
До читање - Самојед Сибирски

Анонимен рече...

Imam predlog za korisna opstestvena akcija.

Vo denesniot Fokus (10.02.06, 554) ima istrazuvanje na Blaze Minevski za pristapnosta do dosieata od periodot 1945-1991.

Vo 2002 godina vo Drzavniot arhiv na RM se dadeni na cuvanje okolu 14.000 licni dosiea na Sluzbite za drzavna bezbednost.

Spored Zakonot za postapuvanje so politicki dosiea za lica vodeni od SDB (DBK), donesen vo juni 2000 godina, tie dosiea moze da bidat videni (vo prostoriite na Arhivot), no moze da bidat i fotokopirani.

NO, spored istiot Zakon (citiram od Fokus, str 21):

"Sekoj sto saka da go vidi,... svoeto licno dosie, mora da potpise izjava kaj notar deka vo javnosta nema da iznese nitu eden podatok od toa sto ke go procita, prepise ili fotokopira, Ako iznese makar i edno ime, na pr. na kodos, sto ke go prepoznae vo svoeto dosie, drzavata zakonski mu garantira na kodosot deka moze da ja tuzi svojata nekogasna zrtva zaradi narusuvanje na ugled. Duri 'i MVR ke mu pomogne so uvid i pristap vo celokupnata dokumentacija za da moze da prezeme pravni dejstvija za zastita na svojot ugled.' Znaci kodosot ima ugled, a zrtvata ne samo sto nema ugled, tuku ne smee nitu da pomisli da go posoci javno liceto sto mu go unistilo ugledot ili, mozebi, zivotot, voopsto".

"Znaci dokolku zrtvata go objavi imeto na dzelatot, drzavata ke mu pomogne na dzelatot negovata stara zrtva povtorno da bide zrtva, a dzelatot - dzlat" (str. 22)

Okej, taa e situacijata. Koj go donel ovoj moronski zakon i so koj pamet, e sosema nevazno vo momentov.

Kako sto se znae vo javnosta, jas gi iznesov podatocite od dosieto na tatko mi, Jovan Koteski, ama jas licno nemam potpisano nikade deka ne smejam, zatoa sto jas dosieto go naslediv, taka da se kaze, go najdov vo fioka.

Sega imam konkreten predlog za konkretna opstestvena akcija. I blogerajov mi se cini idealno mesto za nea, zatoa sto zad mojava inicijativa ne stoi nikoj vo direktna ili licna smisla, ni institucija, ni drustvo, ni grupa.

Eve ni moznost za konkretno opstestveno zdruzuvanje okolu edna MNOGU VAZNA RABOTA.

Predlagam znaci, da napiseme pretstavka do Vrhiovniot sud na RM, so koj ke se dokaze neustavnosta na ovoj zakon ili na negovi delovi.

Коментаров го отстрани администратор на блог.

Јасна пиши ми еден емеил, сакам да се дружам со тебе.

Жаре, извини ама кој кур фактор си ти општо? Извини по блогови не те познавам. Нов си изгледа? Тазе шанкуре блогерско еј, а веќе почна со солење ум како треба да се (ре)организираме?

Жаре бе Жаре...треба да знаеш сегде и во ново друштво и во ново маало, и тука на блогосферата првин треба да искажеш некое поштовање спрема веќе афирмираните. Тоа шо ти зеде одма да рецензираш, да групираш кој бил урбан кој курбан ти е голема утка.
Да резимирам - Жаре имаш жолт.

А Коља ми вика дека сум добар за маркетингот. Фала,фала ти чичо Коља и ти си добар за маркетинг, само кажи колку париња џитна за да портретите на другар ти Ацо ги гледаме низ билбордите во центарот на Скопје а?

ах, ах...срцки вие... уберкултурњачки и урбани..фаци бре андерграундски :)

Анонимен рече...

ej жаре, одма жестоко... :):):) прв пат кога го видов имаше само два поста, а сега види го ти него

Анонимен рече...

Јасна,

Би сакал целосно да ја поддржам твојата иницијатива. И повторно ќе повторам иако тоа и јавно го напишав - ти се восхитувам на храброста ...
Сметам дека не треба да остане целата работа на укинување на спорните детали од тој закон, туку дека е потребно веднаш да се објават сите досиеа за да се види како оваа држава ги тероризирала своите граѓани.

Воедно, го барав твојот е-маил или каков било контакт од тебе, но не успеав да го добијам.

Поздрав,
Ивица Боцевски

Анонимен рече...

Ivica, ti blagodaram na tekstot vo Utrinski. Mojot kontakt e jkoteska@yahoo.com

Bukaro, epa krajno vreme e da se vidime, nasamo ili zaedno so Kire, Eli, Gjoko, Jare...

Zarko, poradi ekspertizata sto ja imas od Helsinski, i poradi moznosta da dojdes do pravna pomos, predlagam da se najdeme ovaa nedela i da ja napiseme pretstavkata (ne do Vrhovniot, tuku do Ustavniot sud, moja greska).

Ovoj zakon od 2000 godina e vrven cinizam so koj ovaa drzava sistemski gi ebe svoite grajani so decenii. Onie 14.000 lugje + nivnite najbliski (sto e maksimum okolu 30% od celoto naselenie na ovaa drzava i toa samo vo minatite vreminja, bez segasnite politicki zrtvi, glavno Albancite i verskite renegati, a koi se sudeni po istiot, malku vidoizmenet, clen na Ustavot, spored koj im se sudese na nekogasnite disidenti od komunizmot) prosto imaat pravo da ja znaat vistinata za svoeto minato. Tolku e prosto, stvarno.

Voedno, i ovde, gi povikuvam naslednicite od politickite presmetki sto koristat vakva komunikacija, da se obedinime okolu inicijativata za osporuvanje na ovoj totalno apsurden zakon. Nema sto da izgubime, se sto moze da izgubime, veke ni se slucilo.

p.s. i etna, nevrzano, ama vazno, pisuvas uzasno dobro.

evelyn, please рече...

Иии, ова искочи борба на сите фронтови во која Коља се најде во положбата на Гемранија за време на Втората светска војна, опколен од сите страни.. Добро, сите блогери ли решија да го критикуваат Коља, аман нека го поддржи некој, нек прочита и тој некој добар збор за сопствениот придонес кон скопската алтернативна сцена додека параноично клика на сите линкови низ блогосферава.. Верна публика е, а?:)
Само кај него никад не се знае мотивот, полн е скриени поводи.

Ајде, да признаам, критикава на Жарко е може најконструктивната и објективна, само Жарко, што ќе ни се па два веб магазина?? Немој така пред Коља да пишуеш, ќе ги фати и двата и после оп, пак монопол...
Океј е идејата за блогерски магазин, веќе постои во Хрватска, иако не ми се допаѓа сосема концептот за таков вид на обединување на блогерите..

И нешто оф топик.. Жаре, потсреди го малку темплејтот, ситни букви на црна позадина, фрка е.
Да не мора секад да мењам text size кога ќе те читам:)

Unknown рече...

Јасна, го погледнав тоа законот од 2000 г., и колку што читам: „Со денот на предавањето на личните досиеја (...) на Архивот на Македонија, тие престануваат да се сметаат за службена тајна согласно Законот за внатрешни работи.
Заштитата, чувањето и користењето на личните досиеја (...) се врши согласно Законот за архивска граѓа.“
Ако добро толкувам, членовите на кои што ти реферираш не се веќе правно релевантни - важеа само една година во врска со постапката пред МВР - додека сега важат други законски одредби, кои ќе треба да ги погледнеме. Навистина ме чуди тоа ако вработените од Архивот чкртаат имиња пред да ги дадат досиејата на увид (оти веќе не се службена тајна), ама дур не ги погледнам нивните прописи, не можам да ти кажам.

Unknown рече...

Навистина не очекував вакви приговори Букарски, посебно не од луѓе кои се гордеат на „Кур ми е, блог ми е!“ (патем, конечно зборот „кур“ си најде свое место во еден речник на македонскиот јазик - новиот толковен на Мургоски).
Прашањето „кој кур фактор си ти“, jasnesumjas мудро ќе си го одмине, од дужно „поштовање“ спрема афирмираниот авторитет Букарски.
Инаку, скопскиот underground е интересна тема пријателе, а у тие кругови (и пошироко) сум имал прилика да сретнам многу жртви на синдромот Буковски - кои плачат по „поштовање“ додека ги касапат телата на постојните „авторитети“, користејќи ги исечените раце, нозе, глави, па и курови, како скалички за социјално искачување. Мило ми е што читам дека твојот издавач Исаковски (кој на времето „пичкараше“ a la Буковски), со парите од АД Македонски телекомуникации, ќе има можност „полесно да дише“ и повеќе да ги афирмира македонските автори во странство. Сега со радост ќе си го плаќам данокот за АДСЛ (не „десеток“, туку „петок“), знаејќи дека со дел од тие пари ќе се афирмира и Букарски, заедно со другите признаени вредности од македонската литаратура.
Дај бе нешто праете пријтелчиња, времето брзо поминуе. Учете од грешките на Коља и компанија, ама првата збирка поезија у Темплум е самиздат, со вложени 100 ДЕМ од страна на авторот.

Анонимен рече...

Малку изван контекаст ама ја поддржувам петицијата за ослободување на Вранишкоски и ми е ќејф шо после толку време има некоја конкретна иницијатива по тоа прашање (своевремено за ова говореа само Боцевски, Хелсиншки и ми се чини Ѓ. Василевска). Инаку во врска со она шо Коља го дава како пример со Грците, Србите, Бугарите...сиве овие примери (нивниот начин на стекнување црковна независност)се преседани во современата историја и не може да ни послужат баш како парадигми(етнофилетизмот како ерес се јавува тек во 19 век). Овие исклучоци значи не го прават правилото, а уште помалку го оправдуваат затварањето на бишоп Јован Вранишковски

Анонимен рече...

Zarko, vo pravo si, go najdov Zakonot za postapuvanje so dosiea i toj prestanal da vazi, ako dobro smetam, na 18 juli 2001.

Sega vazi nekakov Pravilnik za koristenje na dosieata vo Drzavniot Arhiv na RM, kade sto dosieata se premesteni vo 2002.

Spored tekstot vo Fokus ovoj Pravilnik e izgotven na osnova na istiov Zakon, samo ima nov element so potpisuvanje na izjava pred notar deka niedno ime nema da bide javno objaveno, sto go pravi odnosot kon dosieata uste poproblematicen, zatoa sto takva obvrska (so notar) nema vo Zakonov od 2000 sto veke ne vazi.

Spored Fokus "ona sto porano bilo obvrska na MVR koga dosieata bile vo tamosnite depoa …sega e obvrska na Drzavniot arhiv, pa duri i preckrtuvanje na iminjata na kodosite". Spored direktorot na Arhivot kako sto e citiran vo Fokus "sluzbata (na Arhivot) ima obvrska da gi napravi necitlivi podatocite za sluzbenite lica koi rabotele na formiranjeto na dosieto, kako i za licata koi na Sluzbata za drzavna bezbednost, odnosno Direkcijata za BK i davale informacii pri formiranjeto na dosieto". Sto sosema se sovpagja so clenot 14 od veke nepostoeckiot Zakon, sto pokazuva deka ingerenciite za cuvanje na tajnosta na dosieata, prodolzuvaat, no za ova da se tvrdi treba prvo da se vidi tekstot na Pravilnikot. Okej, da odime da vidime, pa posle da vidime sto moze da se pravi na nivo na legitimna akcija.
:-)

Анонимен рече...

"Тоа ти е галерија ликови што лесно газат по достоинството на другиот и продаваат сопствена душа за повеќе читаност/посетеност - естрадни задоволувачи на сеирџиските „фолклорни“ потреби."

А ти за Дневник беспари пишуваш или....?

Unknown рече...

За ниту една објавена колумна, ниту во Дневник, ниту во Време, не сум зел ни денар...
Инаку, ко-уредник сум на списание во кое се хонорираат сите ангажмани.
(Отсега веќе не одговарам на анонимни прашања и коментари...)

Darko156 рече...

Ниту едно веб списание нема да можже да ја долови убавината на блогот. Секој текст објавен како блог пост, или секој расказ објавен како блог пост е дел од една слика која се креира лично врзана за поединец или група автори.

Затоа ве молам идеи од типот сисание кое ќе собира текстови од богови на едно место нека не ви се мотаат низ глава.

Едноставно научете се поефективно да го поминувате времето на нет и структурирајте што ќе читате а што не, и проблемот ќе биде во најголем дел решен

Постојат агрегатори пребарувачи, тагови, блогролови и ред други работи само треба некој да почне да ги користи ефективно.

100 пазлични прегрупирања на една иста содржина нема да го зголеми квалитетот на истата

Анонимен рече...

bi se vratila na osnovniot tekst oti navistina mi e zbunuvachki razvojot na diskusijata. kolku shto mozzev da sfatam zzarko otvora navistina vazzna tema: diskursot vo javniot prostor, akumuliranje i dobro nasochuvanje na konstruktivna em kritichna misla koja kje ima podalekusezzni efekti, pa duri predlaga i mobilizacija okolu nekakov www magazin... ova poslednovo go poddrzuvam! veruvam deka samo so povrzuvanje mozzat neshtata da se pridvizzuvaat. preku glava od sameni nesfateni javachi. ostatokot od diskusiite, kako shto se zakazzuvanje sostanoci, peticii za vranishkovski i ne znam shto drugo mislam deka se tema za drugite postovi koi zzarko gi otvora, a ne za ovoj so naslov "Kritichna masa". Demokratichnosta na mediumov e prekrasna, ama se' kje bide veter vo magala, kako po obichaj shto biva vo ovaa zemja, kaj shto caruva nefokusiranosta.

Анонимен рече...

Дарко 156 има право кога зборува дека убавината на блогосферава е сосема специфична. Има нешто во тој неверојатен спој меѓу интимното/јавното/анонимното/затскривачкото - нешто суштински демократско и што отвора простор за игра и креативност. Од друга страна, ’официјалната’ медиумска сцена ни е толку затворена и толку досадна што можеби треба да се мисли за некакво ’етаблирање’ на некои делови од блогосферава... Можеби тоа е прерано, можеби не, се зависи од визиите, од волјата, од претприемачкиот дух, на крајот на краиштата... Но, уште еднаш повторувам, допрва сценава треба да се создава; никој не се отпишуе туку-така! Букарски и Вуна се апсолутно добродојдени во некои нови потенцијални дружбени јазли!
П.С. Одговор за Букарски за билбордите на Станковски: типот што ја води Еуро линија е фан на Станковски и џабе ем ни ги испечати ем ни ги постави билбордите.

.аНТИ рече...

Абе луѓе, шо кој кур сте се стегнале толку - организирање, канализирање, хиерархии, валоризации, куци палци

Според мене смислата на блогирањето е осаменоста, тоа што од тебе све зависи, шо не мораш да правиш компромиси со никого, што моеш сите да ги отераш у пичку матер без да изгубиш нешто (последново појше се однесува за анонимните). Од тоа произлегува дека можеш да ги надминеш табута о секаков вид.

А здружувањето, праењето коалиции, списања, петиции, метиции тоа е индивидуално.

Да живее неограничената слобода на субјективноста!!! Да живее аутизмот!!!

Анонимен рече...

e, pa, ivica ako taka go sfakjash bloggerajstvoto, togash imash seriozni problemi. daj togash da ne se vmrezzuvame voopshto vo virtuelniot svet. malku vo kontradikcija zapagjash: romanticharski-eskapistichki stavovi a bloggerska pozicija. za kakva osomenost zboruvash be ivica. gledaj shto se sluchuva: komunikaciska ekstaza! ta neli smislata na blogot e dijalog, polemika. skroz ne te razbiram, a se chini predolgo pominatoto vreme vo bloggerskiot film i tebe te zbunilo vo odnos na prashanjeto al poezija al osamenost al dijalog al vmrezzenost al vakva pletak al onakva... malku shizofreno a? ama i toa e super... no ako blogovite sluzzat samo za praznenje i nekoj tip psihoanalitichki onanii, togash daj da gi ukineme!

Unknown рече...

Да појаснам малку, ни на крај памет не ми беше да го омаловажувам блогот како медиум, чии потенцијали допрва ќе ги испитуваме.
Сепак, сеуште чувствувам потреба за создавање на други медиумски форми за негување на тимскиот дух, комплементарни на блогерајскиот атомизам (напати аутизам и ескапизам).
Ми се причини дека гледам критична маса за барем два блогерашки тима (еден за литература-култура-теорија, друг за политика-медиуми-теорија) кои ќе се издигнат над сопствените его-трипови и ќе застанат зад некој манифест, платформа, во кој ќе дефинираат приоритети...
Можеби само ми се причини... Можеби е само wishful thinking...

Анонимен рече...

decki, krajno vreme e da se stavi monopol i na blogovite vo mk, treba da se znae - blogovi pisuva samo bukaro i nema koj da mu se mesa u stipki.

so drugi zborovi (da ne slucajno ne skontas):
bukaro, idi tockaj. od kaj se najde ti prozvan da delis zuti kartoni toa ne mi e jasno.

Анонимен рече...

aj zzarko... super... a po koj kriteriumi kje bide grupiranjeto... :-)...

Анонимен рече...

...oti nablogosferava site se eksperti za se'... teshko kje odi sozdavanjeto odnovni identiteti, malku pospecificirani, podefinirani... iako i samat ne veruvam vo definirani identiteti... :-)

Анонимен рече...

Koga eden chovek saka da stane chlen na edna globalna planetarna verska organizacija i od istata e naznachen za nejzin Arhiepiskop vo zemjata vo koja toj zhivee, vladata na taa zemja identifikuvajkji se kako demokratska i kandidat za chlenka za EU sekako deka treba da gi pochituva i uvazhuva sovetite i najdobrite zhelbi na poiskusnite vo prakticiranjeto na demokratijata,vo zadachata "kako da se nadmine post komunistichkiot tranzicionen period vo demokratizacijata i chistenjeto od reliktite od istiot";Pokonkretno da se oslobodi od zatvor nepravedno zatvoreniot Arhiepiskop Jovan VI po prezime Vranishkovski,i voedno da se registrira negovata i na negovite istomislenici Arhiepiskopija so shto drzhavata kje se oslobodi od nedemokratichnoto monopoliziranje na religijata.Bravo za slobodoumnite inicijatori na peticijata za osloboduvanje na Arhiepiskopot Jovan.Pozdrav i Podrshka!

Анонимен рече...

.Bravo za slobodoumnite inicijatori na peticijata za osloboduvanje na Arhiepiskopot Jovan.Pozdrav i Podrshka!

Анонимен рече...

What a great site jenna jameson in sex http://www.2001-ford-windstar-minivan-feb-chrysler-country-town.info/Cabinets.html burgundy cherry kitchen cabinets Ranma ionamin Auto alarm bosch sam sie wlacza Golf iron u grooves Henatia sex games cabinet louver door Timeshare exchange scotland Smith eyeglasses http://www.onlinegamblingbaseball.info/south_carolina_modern_curio_cabinet.html Jeep comanche length Overnight lipitor eczema eyes building built in book shelves prozac treat Curio cabinets online infiniti qx56

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! Add aware for virus protection Lamictal panic Circuit breaker atc finder http://www.discount-xenical-8.info http://www.hummerh2build.info/Leadershiptraining.html Detector radar rx65 Biker girls blowjobs msn group arab sex Teens monster cock movies reverse mortgage 60154 babay phat hand bags cpu free monitor temperature Information online viagra crisis management training manufacturing First soft contact lenses

Анонимен рече...

Excellent, love it! Books call center metrics Nude lesbian movies Nude amateur hidden female honda odysseylx minivan Lucy model latina

Анонимен рече...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! Digital+cameras+wholesale Last minute vegas vacation pop up blocker Maxim pamela anderson Cnbc bextra las vegas nevada tooth whitening bleaching video cards Search engine positioning help Mcse boot camp pharmacy technician 10 cent roulette game ffxi hentai Cellular ringtones for samsung phones Internet+service+providers+for+area+code+517 Dont think surveillance cameras are right for school Caravan travel agency reviews Ford explorer towing guide Custom build laptop great prices black dating average weight loss with bontril rating accounting software

Анонимен рече...

Ogi Sinko
Temava i od denesna distanca ostanuva aktuelna.
Za zal ostricata umesno ja istapija.
Duri i Jasna Koteska, koja imase muda da ja pridvizi ovaa nepravda, ne stasala podaleku od edinstveno "otvoranje"na prasanjeto.
Lustracija?
So Andov napred.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week