Зошто никој не ни го ебе јазикот? Ами, зашто после толку години „Говорете македонски“ државниот Институт за македонски јазик сеуште не успеа да изготви толковен речник. (Крсте Мисирков се превртува во гробот, и пишуе „За македонцките работи“ - II том).
А без толковен речник, немаме ни култура на комуникација, како што сугерира нашиот „државник“ на промоцијата на вториот том:
„Доброто познавање на мајчиниот јазик, умешноста на соодветен начин да ја пренесеме мислата преку зборот до другите, е основата за изградбата на културата на комуникацијата. Толковниот речник на македонскиот јазик, овој II том што го имаме пред нас денес, ни предочува за едно богатство кога еден македонски збор го толкуваме со други македонски зборови.“ (уште)
Ш'о збориш бе, батка?
Не сум го видел вториот том, ама првиот том не го признавам, зашто го нема зборот „ебе“! Го признавам само новиот толковен речник на Мургоски, во кој конечно заслужено место си најдоа клучните зборови што не ги признаваше Конески: „кур“ и „пичка“!
Dirty Shame, што би рекол Џон Вотерс!
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
14 коментари:
има вуна еден МАЕСТРАЛЕН пост. peer 2 peer:D:D:D:D duri genijalna:D
фала етна :)
иначе, не е само ебе, има катаљон (и катаљон дури) зборови. мислам, срамота, дисгастинг!
Abe, ima li nekoj blogash vo institutot za jazik, il megju to filolozite, da odgovori na ljudski&drushteveni prozivki!? (gi privikuem so srbizmive, to im e ko crvena shamija, marama t.e. hehe) Ja eden ekspert za jazik znam na b-sferava, asn, koj dodushe e polulud (poluljud - bar samiot se proiznesuva i se odaziva na pola&lud&ljud. Jas sum plus i lut, inache glavno ko asn... Za pesnata "eden na eden se zadadoa peder na peder skroz nefer i seksistichki" (alo, Zhare, belezhish li?) na em blazheniot ni em mnogupochituvaniot Vuna se soglasuem deka e malo minimalistichki sjebano remek delo direkt za ova demek depo - shto e blogosferava, ne?! I baram Vuna da ja stavi vo blokot za Margina :) (gi rasteruem ova kratkive ko lav vo dzungla:) : shto reche Lakan: site tragi vodat kon nego, a niedna od nego... Abe, postoi zavrshuem be, ejjj!)
Читам у „Дневник“ дека печатењето на третиот том ќе чинел околу 3.000 евра, што значи 3 евра по примерок. И за тоа распишувале „тендер“! А бе не tender, туку thunder да ги удри - 50 години еден речник не можат да напраат преку 30 луѓе.
А тиражот од 1.000 примероци, сам по себе е жива срамота - одраз на нашата неписменост.
А бе сте чуле ли за интернет? Имате ли интернет страница? А да ги објавевте првите два тома без пари на мрежа?
Или уште ќе си играте наци-лектори што ќе ги учат луѓето да зборуваат/пишуваат како зомби-спикерите од МТВ и стерилните поети-цинкароши од ДПМ?
Ај, сиктер, доста арчевте буџетски пари за џабе!
Skroz se soglasuem so Zharko (chujte me kako zboram, se' od jebaniot nedostig na rechnici!); neverojatna e kolichinata na nerabota&mrzovolie i voopshto uzhasni vibracii shto gi zrachat povekjeto t.n. instituti, cicachi na krvavo steknati danochni pari. Ovoj za jazik e eden od najzebeganite, najmrzlivite, so deceniski kontinuitet vo nerabotenjeto, no chujte me, i drugive glavno ne se podobri (chitav skoro analiza na Filkov li Zikov li beshe, deka i drzhavnite instituti shto imaat vrska so ekonomija, na primer, isto taka nishto ne rabotat, ili rabotat irelevantni raboti od koi nikoj nema nikakov air. Ko kje pochnat da pravat godishni planovi, ko kje pochnat da podnesuvaat godishni izveshtai koi kje ima koj ga gi proceni i oceni, koga precizno kje prezemaat odgovornosti i posledici - togash mozhebi kje mrdnat rabotive... Inaku, neverojatna civilizaciska bruka e agonijata so nashite tolkovni rechnici! Pa i ne treba da ni go priznae jazikot Unesko, po gjavolite! Kakov e toj jazik nekodificiran niz rechnici?! Ebate lingvistite svedeni na petoklasni lektorchinja koi celi karieri napravija na lovenje srbizmi! Aj, da ne se nerviram...
Не се нервирај Коља, и јазичната полиција беше дел од полицискиот систем. Интересно е да се види дали кодошите забележувале зачестеност на србизми, бугаризми, или хрватизми. Не би ме изненадило.
Аки ни ги отворат архивите, не е лошо да направиме еден доушнички речник, или дури кодошка енциклопедија. Со информации и за тоа колку литри алкохол се испиле во име на кодошењето!
Лакан, па сеа го читам него, т.е. за него. Успут да прашам да не се наоѓа нешо околу дискурсите, обжект петит и сл.
За поеснава, океј, кописај ја за блокчето во Маргина Коља, ја ќе ја додадам во она што ми е линкчето (депото) на песни, и то.
Повеќе книги од (и за) Лакан имаш во библиотеката на „Евро-Балкан“, Партизанска 63 - спроти Симпо (влез слободен).
Инаку, на emule можеш да најдеш многу pdf верзии од семинарите на Лакан, популаризацијата на Лакан од Жижек итн.
...ауф... се што ќе кажам е ауф... не за луѓето вклучени во развојот на толковниот речник, туку за вас, мили мои, блогери... да, за вас! како можете со такви србизми, бугаризми и фуј, англицизми да се користите и да го валкате нашиот од мајка, татко, баба, дедо, стрина, стрико, вујна, вујко, крава и НЛО даден јазик??? па, нели ви е срам? ај, за да си се исправите, барам подитно самите да си направите едно такво .хтмл толковно книжуле, па да видиме на кој му е подолг речникот... мммм... не бе, сериозно, а да се почне стварно еден таков блог за македонскиот јазик што ќе ги вклучува нештата што веќе постојат во толковниот речник (што би требало да биде јавно добро, како што спомна жарко) и кон нив да се додаваат и зомбицизми и разно-разно колоквијализми итн?... практично секој може да додава во коментар свои зборови што во наредниот пост се „официјализираат“ па луѓе можат да коментираат за дефиницијата, да предлагаат нови зборови, итн. а на година дена од поставувањето на блогот или за нова година, сеедно, да се отвори хтмл страна налик на ју митологијата и така, со фино, со бујрум, да се стави по ред, се што имаме прибрано? секако, тоа би морало да биде блогспот и цом за разлика од цом.мк од мнооогу јасни причини, не? и ќе се вика, пазипазипази момент на најоргиналнанасвет инспирација, „алт. мак. толк. реч.“ и тоа.
Прекрасна идеја Блум - Блогерски толковен речник на македонскиот јазик, кој ќе се развива по принцип на Wikipedia (ако добро капирам). Ни треба само едно формче, и малку волја да шприцнеме дух во нашата подзаспана ламбичка... Дај компјутерџии - бидете корисни - влезете во легендите, сигурно ќе бидеме побрзи од Институтот за македонски јазик (и почитани, разбира се!)
Многу љубам да веслам, а ич нејќам да пишувам на македонски литературен јазик. Мислам на официјалниот, пелцуван, шкропан, и одран со официјален лекторски печат „македонски литературен јазик“
Ало бе!
До кога таа фобија?
Нема србизми, бугаризми, хрватизми, словенизми.
Се е тоа наше!
Сакам бе колорит во јазикот, да имам широка ливада од која ќе си бирам цвеќа за букет(ова малце средношколскописмењачки), а не бавча сал со пипер, домати и краставици насадена.
Ју гет?
Сакам слобода!
Сакам да пишувам убав, леп, красен.
Сакам синоними!
Сакам лектори да ми се тргнат од грб, и да не ми се фаќаат за секој „србизам“ што сум го ставил. Имам бе ја право на зборови!
Сакам некој збор што сум го чул во некој друг словенски јазик и кој ми се свиѓа и мислам дека му е местото таму да го употребам.
Ебате фобиите, ебате.
Мислам дека е избрзано склепан тој нашиот литературен јазик.
Затоа и ќе си пишувам на дијалект.
Мој си е, а не е баш официјализиран.
А, и е далеку речнички побогат од шкропениов македонски јазик.
И уште нешто!
Во недостиг на синоними, се користат туѓинки(интернационализми за тие љубат да ги користат)!
Тоа е за мене многу посрамно од било кој -изам.
ТАКВИ НЕ ПОШТУВАМ!
Демек ај сега ќе пишувам нешто неразбирливо за обичниот народ, ќе се гаѓам со тешки зборови и јак курац сум.
ДО КОГА БЕ ТАКА?
Туѓо може, од комшија(а што е помалце и наше, не може). Класичен комплекс на мултифобичност(видите и ја можам така).
Ова горе сум јас, заебав нешто.
Баш така, пријателе. Јазично лицемерие: турцизми може, србизми и бугаризми не може. „Литератортурниот“ јазик бил секогаш инструмент за национално хомогенизирање. Лингвистичкиот нарцизам на малите разлики ни го убива у поим јазикот, кој наместо да се развива, венее. Имам една пријателка која збори строго на охридски. Треба да си напраите муабет. З'ш да не?
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it super jumbo refinance loans Laser hair removal machines Movie teen pussy pop blocker Sport television South carolina incorporate 2006 gmc rear seat storage Being allergic to gold Paintball in ohio http://www.florida-goverment-medical-malpractice.info/Canadian_mesotherapy_association.html Refinancing home morgage us
Објави коментар