Цензурата е забранета со Уставот. Но, како да го препознаеме говорот на омразата, и како да се справиме со него?
Британците го ослободија лидерот на една партија од обвинувањата за поттикнување расна омраза. Во екот на политичката кампања тој го нарекол Исламот "wicked vicious faith", а азилантите ги опишал како "a little bit like cockroaches". (повеќе)
Кај нас, во текот на 2001 год. стандардна практика на некои весници беше да објавуваат писма на граѓани во кои Албанците беа нарекувани „Шиптари“. Македонските форуми се сеуште полни со етно-шовинистички изрази. За употребата на „педер“ и разните видови сексизми, ич да не зборуваме.
Македонските колумнисти се посебна приказна.
Героски практично повикува на војна во 2001: „Албанските терористи ни објавија тотална војна... Тие крволоци не сакаат мир. ... Дојде крајот на сите наши надежи шестмесечната воена криза да заврши мирно, разумно, со политички договор. ... Нема веќе за што да се разговара и да се преговара... Бараме врховниот командант Борис Трајковски веднаш да облече маскирна униформа и да се нацрта кај своите војници во Тетово. Бараме лидерот на социјалдемократите Бранко Црвенковски да му се придружи, бидејќи тој рече дека Македонија се брани во Тетово... Бараме луѓето што ги избиравме, што ги плаќавме и ги храневме за да не водат во добро и во зло, да изберат да не поведат во битка за правда, мир и слобода.“
Фрчкоски, уште еден милитант од 2001, во една прилика вели: „Потоа треба да ги идентифицираме КВИСЛИНЗИТЕ во нашите редови и да им ја е.. м..“. Општо земено, стилот му е препознатлив токму по навредлив и сексистички хумор („национал-плачи п...“, “една мошне курентна дама”, „Политички пи.... димови“, „...се згадувам од она медиумско пренемагање на "онаја госпожа"...“). Препознатлив е и по нетолеранција кон различното мислење, а човекот ни е државен претставник во Европската комисија против расизам и нетолеранција! Таму треба да се залага токму против нетолеранцијата, сексизмот, навредливиот хумор, говорот на омраза... (повеќе). Парадоксално, нели?
Британците го ослободија лидерот на една партија од обвинувањата за поттикнување расна омраза. Во екот на политичката кампања тој го нарекол Исламот "wicked vicious faith", а азилантите ги опишал како "a little bit like cockroaches". (повеќе)
Кај нас, во текот на 2001 год. стандардна практика на некои весници беше да објавуваат писма на граѓани во кои Албанците беа нарекувани „Шиптари“. Македонските форуми се сеуште полни со етно-шовинистички изрази. За употребата на „педер“ и разните видови сексизми, ич да не зборуваме.
Македонските колумнисти се посебна приказна.
Героски практично повикува на војна во 2001: „Албанските терористи ни објавија тотална војна... Тие крволоци не сакаат мир. ... Дојде крајот на сите наши надежи шестмесечната воена криза да заврши мирно, разумно, со политички договор. ... Нема веќе за што да се разговара и да се преговара... Бараме врховниот командант Борис Трајковски веднаш да облече маскирна униформа и да се нацрта кај своите војници во Тетово. Бараме лидерот на социјалдемократите Бранко Црвенковски да му се придружи, бидејќи тој рече дека Македонија се брани во Тетово... Бараме луѓето што ги избиравме, што ги плаќавме и ги храневме за да не водат во добро и во зло, да изберат да не поведат во битка за правда, мир и слобода.“
Фрчкоски, уште еден милитант од 2001, во една прилика вели: „Потоа треба да ги идентифицираме КВИСЛИНЗИТЕ во нашите редови и да им ја е.. м..“. Општо земено, стилот му е препознатлив токму по навредлив и сексистички хумор („национал-плачи п...“, “една мошне курентна дама”, „Политички пи.... димови“, „...се згадувам од она медиумско пренемагање на "онаја госпожа"...“). Препознатлив е и по нетолеранција кон различното мислење, а човекот ни е државен претставник во Европската комисија против расизам и нетолеранција! Таму треба да се залага токму против нетолеранцијата, сексизмот, навредливиот хумор, говорот на омраза... (повеќе). Парадоксално, нели?
18 коментари:
Искрено ме интересира што мислиш дали овие кои ги спомнува и плус уште некои други имаат или имале (тогаш) претстава за говорот на омраза, за суштината на ова да го наречам злодело и дали свесно ги концепирале своите текстови во стил на ширење на говор на омраза или сето тоа им дошло спонтано без и да се свесни дека овој начин на пишување некаде е недозволив?
Јас не го знам одговорот на ова прашање а богами и немам заземено став по него. Ме интересира дали имаш ти?
Интересно.
Ако Героски (тогаш уредник во „Дневник“) и Фрчковски (автор на учебник за човекови права), па и Марјановиќ (доктор по кривично право) немале претстава што е „говор на омраза“, што е нетолеранција, што е повикување на војна, тогаш стварно сме „наебале“.
Едноставно, им се можело да го прават тоа и им се може, оти се „недопирливи“!
Уште пар бисер од Геровски од пред неколку седмици:
„Можам да разберам една фрустрирана мисирка, задолжена за „аутирање“ во неделникот „Фокус“, да нема поим што е тоа право и да не може да разбере зошто Кривичниот законик мора да предвиди и да казнува кривични дела изречени со збор („клевета“, на пример).“ Исто, „Ало, мисирки и мисири, право е ова, а не облечи-соблечи и пали-гаси!“
Геровски ја брани казната за кривично дело „клевета“ со тоа што отворено навредува своја колешка нарекувајќи ја „мисирка“.
Ваков „сексизам“ не би можел да помине во сериозен весник, и сериозна земја, затоа што би се сфатил како навреда кон женскиот род воопшто!
Gerovski furashe voena retorika i govor na omraza i po potpishuvanjeto na Ohridskiot dogovor, na primer vo edno golemo intervju so Ljubcho Georgievski, za shto jas go repnav vo Utrinski... Abe, glejte, toj profil na novinari (Latas, Mirka, Mladenov, pa i Ordanoski - i da prestanam da nabrojuvam, samo egzemplarite, oti nema da zapram), za zhal, seushte pali i gasi vo MK. No, tendencijata sepak e kon nivno ischeznuvanje ako, daj bozhe, zemjava stvarno trgne kon civiliziranje, za shto bogami, pak za zhal, pa i ne gleam mnogu preduslovi... Toa se dosta grubi tipchinja, preveani, dobro go znaat grubiot kontekst, brutalnite igri, a i formativnoto znaenje go sobrale po somnitelni duvla (Latas vo nekakvi udbashki propagandni rabotilnici, Gero vo uzhasno zholtiot Vecher i vo nekoi opskurni komunistichki glasila vo vreme koga site krchmi na komunizmot chkrapkaa fajront so ionaka podrazbienite mizhurkavi svetlenca...) Nego, kaj se novite?! Ima li kapacitet za nekakov zhurnalistichki presvrt?! Gi gleate li i anketite za doverba kon mediumite?! Mozhe li blogosferava delumno da bide mesto za treniranje javno mislenje, treniranje ne samo sloboda (toa pred se'!) tuku i odgovornost (toa shto Gero ili Latas go nemaat)?!
За жал, Коља, имам впечаток дека и нашава локална блогосфера е поише „маалско теренче“ за лечење лични фрустрации со „прљава игра“ (навредлив хумор), отколку простор за „тренирање на слобода и одговорност“ - или поле за културен натпревар.
Секоја чест на ретките исклучоци што го прават (на моменти) животот поинтересен!
Ако медиумскиот простор се остварува со „борба“, тогаш, се надевам ќе се сложиш, критичкото мислење треба да биде единствено дозволено „оружје“.
П.С. Кога сме кај личните фрустрации, не можев да и одолеам на оваа милитаристичка метафора, како „контрапункт“ на Али Ахмети и неговата фамозна фотографија со отворената книга. Откако Али почна да држи курсеви по „планинско“ читање, Универзитетска библиотека (порано дувло на библиотекарски глувци) сосем ни се испразни.
Ете, такво време дојде пријателе, дочекавме да ти се подбиваат младонадежните литературни „ѕвезди“ (неначитаните жртви на синдромот „Буковски“) затоа што си губел време студирајќи по дузина книги неделно.
Затоа, отсега, пред да помислиш да објавиш некое раскасче, песна, или книга, прашај го/ја прво дали читал/а нешто од Гибсон, Пинчон, Набоков, Шимборска, Борхес, Едгар По...
Оние у ДПМ не ги прашуеле такви работи, па затоа денес имаме многу „биографи“ што своите литературни записи ги објавувале за одбрана публика - во тајните досиеја на Удба.
Немојте да бидете скептици кон блогосферата. Не велам дека нема исфрустрирани или неубави блогови,но сепак блог може да направи секој, и судејќи по тоа отимистички е да се надеваме дека добрите блогови процентуално ќе бидат солидно застапени во нашава блогосфера.
Пред појавата на блог.ком.мк овој сооднос беше многу понаклонет кон квалитетните блогови, но квантитетот може да резултира и со зголемен квалитет.
Едно предупредување: квалитетни и неквалитетни блогови се категоризираат по лична проценка :)
Aj, tuka kje go plasiram tekstot otkaj Anti, chisto da go diseminiram... Mozhe ima vrska so temata, a ako nema, se izvinjavam, mozhe i post da se otvori za blogerska vlada, nek vidat toa Anti i Zharko?! Zagrizheniot Kolja, znachi, pishuva:
Me zagrizhuva shtamava posle Kontra Bandazh... Znaesh kako tolkuvam, Anti: lukav e prosurfaniot Makedonec, se plashi da ne uleta vo nekoja politichka ujdurma, zaebancija shto ludite mrcini od zabavno-narodnite partii im ja shtekaat na azdisanive od kobojagi drzhavotvornite kobojagi levite (haha, levi, haha, bash levi, da!) partii... I si vika, kjutam... Ama Bandazhot e okej, zatoa se javuvam, Bandazhot prv pat ko se pojavi, vo Margina, pred desetina godini, na vlada raspravale za nego, tolku gi stresol (mi zborele Gjuner i Frchko, chitatelite na Margina)... Anti, Bandazhot e totalen rebelijanec! Mislam deka duri ima i ideja za blogerska vlada vo koja na tebe i na gospodinot Bocevski vi gi sprema debelite fotelji na dvete kluchni ideoloshki komisii: za kultura i za vistina (taa, ko parodija na Orvel, za Bocevski, razbira se). Da, da, parodichna vlada, ama mnogu opasna, znaete ona, ko de Niro koa na mafijashkiot sostanok si sheta taka so bezbol palkata, hi hi ha ha, i bam sred lobanjata na eden sumnjiv... Mislam deka i Zharko Trajanoski e bezeciran za resor, planiranje semejstvo so feminizam, filozofija i chovechki prava pod b i inspektorat na kafanite pod v. Ama koj drug, sto mu dabrova sa Ontarija, Anti?! Za komunikacii go iame Filip Stojanovski-Razvigor, agencijana za mladi kje im ja nabieme so klosharanana na Bukarski, ama kluchnite resori...?!
I sea, koga ja spomnav amaterskata lit sekcijata na Bukarski, abe primetivte li, lugje, literarni uzleti kaj Bandazhot?! Ona delche koa im se obrakja na mokjnicite
(Не знаете самите кои сте, не можете да ги процените капацитетите, целите, приоритетите, не ги препознавате ни луѓето околу вас...), vo toa e celiot Goran Stefanovski, zhimi se'! Kje izginete po nekoi dupki - toa beshe isto od svezhiot ni akademik, chinam... Aj, javujte se, promasheni levichari, ako ne ve trogna tekstot na Bandazhot togash barem dajte da ja razvivame idejata za blogerska vlada... Dosta beshe ropstvo! Daj bar virtuelna sloboda da ja ebam...
Кољка, маргиналецу мој, сеуште си опседнат со „центарот“...
А некој се обиде со ad rem аргументи да отвори некоја тема, Коља почнува одма да минира со ad hominem плукање по чоекот.
Нешто многу ми заличува тоа на Фрчковски, кој како и ти, долго време е креатор на јавното мнение, што само по себе подразбира не само слобода, туку и некаква одговорност.
Извини што го споменувам зборот „одговорност“, збор кој многу наши поборници на неприкосновеноста на правото на слободно изразување го имаат длабоко потиснато во свеста.
Во овој пост се обидов да отворам една тема (Слобода и на говорот на омраза?) и да изнесам некои аргументи. Аргументи против оние што слободата на изразување си ја сфаќаат како неодговорно пљукање по секого и сешто уз мала доза на (ре)креативен навредлив хумор - културна специфика на балканските простори.
Значи, изнеси аргументи во врска со темата пријателе, ако сакаш да внесеме малку критички дух во нашава жабокречина.
Кога најпосле, на некои блогови, почна да се развива критичка дискусија за некои теми, наместо да се радуваш на тој момент, ти пријателе пак почнуваш да ја минираш дискусијата со твојов déjà vu обид да испровоцираш полемика на лично ниво.
Пријателе, војните обично почнуваат токму со говор на омраза - барем ти паметиш како кликата на Слобо го експлоатираше „Јасеновац“.
Разобличувањето на говорот на омраза е достојна тема, како и проблематизирањето на сите видови изразување кои отворено газат по достоинството на човекот.
Има ли чаре за говорот на омраза?
Предложи нешто, биди малку конструктивен...
Ne gledam kaj pottiknuvam govor na omraza... Se obiduvam niz humor da pottiknam (kreativna) fantazija (toa e problem so vas filozofite: totalno go objektivizirate svetot i glavno pojma nemate za psihologija, psihoanaliza...), a plus se trudam da dadam prilog kon pluralizmot na stilovite, na govornite chinovi ako nishto drugo... Ili mislish da vojuvash so sluzhbeni soopshtenija, prijatele?! So toj zatapuvachki birokratski kvazikorekten govor zad koj, bash, se krijat ogromnite apetiti kon vlast, kon propisi, kon objektificiranje, kon "centarot"... Ushte ednash velam: nikogo ne sum navredil, na kraj na pamet mi e toa; moite strategii se povekje terapeutski, abreaktivni; Bocevski go peckam malku povekje zashto epten zasluzhi (ima moshne rididni stavovi i cenzurira tekstovi), no i kon nego se obiduvam da bidam vnimatelen, kako i kon tebe, Zharko, plus se trudam da duvam vo edrata na tvojot blog... Ako stvarno ste navredeni, peki, najlesna rabota, se izvinuvam i go napushtam vashiot semantichki prostor, prijateli, da ne zagaduvam povekje, ima i drugi prostori, taka?!
Eve ushte eden prilog shto ne mozham da go ispratam kaj Anti (fontovi li shto?). Se odnesuva na tekstot na Anti Bandazh koj beshe skinat od kaj Bocevski...
Gleam, mejnstrimot go prigrlue Bandazhot, po obichaj… Alo Bocevski, alo vlada! Deneshniot Utrinski donesuva interesni prilozi; prviot e komentar na novinarka na Utr, vtoriot e pismo:
Иако приказната за фамозната милијарда заврши неславно, актуелните политичари очигледно не ја сфатиле лекцијата, па повторно посегнуваат по "мали слатки лаги".
Неодамна, преку медиумите, бевме сведоци кога премиерот Владо Бучковски му ја претстави Македонија на софтверскиот гуру, основачот на "Мајкрософт", Бил Гејтс, како држава што е целосно покриена со безжичен Интернет. Според агенциските извештаи од местото на настанот (форумот на "Мајкрософт" што се одржа во Португалија), Бил Гејтс бил "позитивно изненаден од фактот дека Македонија е прва земја во регионот целосно покриена со безжичен Интернет". Исправката набрзо дојде лично од сопствениците на "Он.нет", кои го реализираа проектот за поврзување на училиштата во Македонија со безжичен Интернет, што секако не значи и целосна покриеност на територијата на земјата. Тоа, впрочем, не е ниту Скопје, иако се прават напори во тој правец.
Ѓердани на
сиромаштијата
се нижат
(Повод: текстот "Гоцевите клупи" од Даниела Трпчевска, "Утрински весник")
Светлана Мицкова, Мелбурн, Австралија
Додека го читав текстот, се прашував дали е тоа навистина точно и дали се случува сега таму кај нас во Македонија, и тоа во 21 век!? Додека читав, истовремено почувствував и тага и срам. Срам во името на сите тие кои ја доведоа земјата до тој степен за да се срами од реалноста. Од друга страна, токму тие што се одговорни за тој срам ни го трасираат патот кон Европа, мислејќи дека без да се промени совеста можат да се решат сите проблеми. Се чини дека е исто толку поразителна состојбата и во здравството. Деновиве гледав вести на еден ТВ-канал, при што се прикажуваа руинирани амбуланти во кои десетици луѓе, болни, искривени до ѕидот, чекаа да видат лекар. Поразително и срамно. Луѓето немаат, колку што можев да видам од репортажите, дрвена клупа или столче да седнат додека го чекаат лекарот, а да не зборуваме за нешто поудобно и попријатно како за стари или исцрпени лица. А само пред неколку недели весниците спомнаа и веднаш заборавија дека министерот си купувал ѓердани за пријателките. Можеби со тие пари ќе можеа да опремат неколку амбуланти со столови за седење за нашите стари болни пензионери, кои некогаш го градеа сето она кое денес толку немилосрдно се разнесува. Драги пријатели, не мора да го објавите моето писмо, ама барем вие во Редакцијата треба да знаете дека доколку се случеше тоа во Австралија, министерот веќе наредниот ден ќе Ј речеше "гуд бај" на позицијата. Знаете зошто, затоа што тука важи мислењето дека старите лица треба да стареат со достоинство и респект, бидејќи ако не биле тие, младите немало да живеат во благосостојба. Можеби затоа во секоја амбуланта каде што старите луѓе се најчести пациенти има многу љубезни лица, топлина и меки фотелји.
I ushte neshto: blogosferava e mnogu specifichen medium. Jas ja sfakjam vo prv red ko sloboda (na kreativnosta, da recheme, pred se'), a duri posle posle ko odgovornost... No, toa e tema za rasprava, interesna, se razbira... No, mene, Zharko, da me obvinuvash za javna neodgovornost?! Pa, deset godini kontinuirano pishuvam vo "mejnstrimot", a plus deset pishuvam "samizdatski", ako nikoj drug eve ti dosega si imal shansa da reagirash na moite "plukanja" i "vregjanja po lichna osnova"?! Abe, aj, stvarno vi go napushtam prostorov, stvarno sum navreden po lichna osnova i stvarno mi se preku kurac birokratskite ad hominem propovedi shto si gi sobral od toa bednite duvla ko Helsinshki ko MANU ko Euro-Balkan itn. Ja rastam na drug govor, na drug stil, leksika, se', ete ti go Bocevski, ete ti go novive mladi lavovi shto kje ja menuvaat zemjava, cao.
Za Bocevski, po povod Kontra Bandazh, t.e. Buchko&Bil Gejts, prenesuvam kolumna od blogot na Komunikacii
И послендото, исто така од Лисабон, овојпат "обратното": изненадувањето што Бучковски му го приредил на големиоит Бил Гејтс. Алал да му е: го оставил "првиот бизнисмен на светот" со отворена уста!
Имено, вчера ("види информација во денешниов број) Бил Гејтс "го примил" Бучковски (и придружбата) на разговор "во посебна сала", за да поразговараат за "општата економска состојба во регионот", посебно за ситуацијата во Македонија. Се разбира, веста ќе беше сосема поинаква ако од разговорот се "изродеше" нешто конкретно, на пример "некое погонче" на "Мајкрософт", а не само дека "резултатите од стратешкото партнерство со "Мајкрософт" се извонредно позитивни". Меѓутоа, "ексклузивноста" е во тоа што, како што информираме, Бил Гејтс бил "позитивно зачуден од фактот дека Македонија е прва земја во регионот целосно покриена со безжичен Интернет". Знаете зошто? Затоа што знае оти тоа воопшто не придонесува за зголемување на бројот на Интернет-корисници. Проблемот е во неподносливо високата цена (монопол), а и со квалитетот не е баш на "некое" ниво. Сигурни сме, токму затоа Гејтс бил "зачуден" (а "позитивно" само одглумел). Затоа што е неверојатно тој (еден таков!) да не е детално информиран за состојбата со Интернетот во Македонија воопшто, а особено за мизерната бројка на вклучени односно корисници на "глобалната мрежа".
Колку што можете да забележите од вестите и информациите за средбата (и во нашиов весник), Бучковски воопшто не спомнал нешто што мошне помпезно беше најавувано (со посебна промоција) од еден од неговата "придружба" во Лисабон-Јани Макрадули. Имено, Г-дин Макрадули е претседател на владината Комисија за ИТ кој е "директно одговорен" за реализација на развојната стратегија на информатичкото општество -"е-Македонија". Од тој проект (објавен во посебна книга, па со фази, рокови на реализација, па "ти реков-ми рече") нема "ниту трага ниту глас"! . Оценката на Бил Гејтс дека "Македонија е одличен пример за мала држава со применливи функционални ИТ решенија" е само куртоазна оти сигурно знае (таман работа да не знае) дека само поразителни околу 4% (некои наведуваат "пооптимистички" 6%) од населението се вклучени во Интернет мрежата.
Која е разликата помеѓу лажењето и самозалажувањето?
Извор: Дневен е-Еснаф
Eve, si uletav vo autistichen krug (sam si zbori sam si slusha, sam si padnal sam kje si stane...), ama ne mozham da izdrzham (a i odam na pat tri dena, pa da ne ve ostaam epten): Buchkovski e katastrofa nevidena! Toa e temata! Kakov jeban Jovan Vranishkovski! Bocevski&Zharko, ako taa tema ne ja gledate, za shto da razgovarame, be, drugari?! Iskra ima peavo: da si gi drvime "seksizmite"?! Da go zaobikoluvame kabinetot na Bocevski za da razgovarame za komunizmot?! Site tie velelepni hakerski drugarchinja na Bocevski (ete im gi autistichnite blogovi, nema postrashen autizam od toj, shto i da kazhe Zharko, Bukarski e nevina jadna kapka, "zhrtva", shto bi rekol Zharko, vo odnos na japievshtinata shto go trga Kontra Bandazh). Tema e, znachi: zdravstvo i obrazovanie, prijateli! Tema se mrtovcite shto gi izvlekuvame sekojdnevno, tema se ludacite shto od ochaj rastat sekojdnevno i celava uzhasna atmosfera! Toa e tema! Ministerskata apokalipsa olicetvorena vo Meri i Dimov, najstrashnite frivolni simboli na najnovava faza na uzhasniov kapitalizam! Se sekjavate li deka kosi kubevme nad Novkovski?! Znaete li shto se Novkovski ili Ljuben Paunovski (nesomneno, legendarnite ministerski katastrofi) za segasnive SDSM ministri: emocija! empatija! inteligencija! Bez zaebavanje! Go gleam vecherva Buchkovski na vesti; pak za Telekomot, ne mi se veruva! Ljubcho bil kriv! Eeeej! 4 godini! Bocni me, Zharko, dal sonuvam! Bar od 2002 sekoja godina EU ni zbori deka morame da go liberalizirame tel pazar! I vie mi vikate ne e tema Buchkovski?! Kje mi go trgnete i ovoj komentar?!
Toa e toa, Zharko, radi toa nie dvajca stalno pagjame vo konflikti: shto se prioritetite, shto e oportuno.
Mozhe imash pravo, mozhe laam bezveze, protiv sekoja vlast, deset godini... No, nema da igram kurtashaci so Bocevski i so japievskata druzhina, zaobikoluvajkji gi kluchnite temi.
Eve me nazad. Interesen e postov, sam si zbori sam si slusha, ko shto rekov. I gleam, okomen sum im na Bocevski i na vladata. I malkucka sum von temata. Pa da gi obedinam temite ("Sloboda i na govorot na omraza")?: zabelezhavte li, drugarchinja, deka denta koga pochituvaniot Bocevski go trgna eretikot Kontra Bandazh vednash go zameni so diskutabilnata karikatura na Muhamed?! Interesen gest. Alo, kulturni studii, alo mediumski analitichari, kakva pirueta, kakov zaeb, a?! Zapadnjakot misli namesto nas, toa e edna od rabotite shto im gi zameram na nashive eskapistichki mladi insajderi nalik na Bocevski. Ne sakam da vregjam, znachi (naklon vo site pravci, prijatelchinja...), no stvarno treba da si neviden idiot za da trgnesh od sopstven blog kritika na sopstvena vlada i da ja zamenish so verska fundamentalistichka vojna shto ja rabotat drugi, za drugi kauzi, koi ne da nemaat nikakva vrska so nashite kauzi tuku se direktno kontra niv. Toa e i edinstvenata prichina shto go furam postov-dnevnik: da im obrnam vnimanie na japievchinjata deka skroz naskroz zabegale vo klanjanjeto pred nashite gospodari, golemiot zapadnjak i negovite ovdeshni mizerni slugi od tipot na celi vladi...
Веќе споменав у некој коментар: арачот што го плаќам само за АДСЛ е една петина од просечна месечна МКД плата; плус телефон, тоа ти е веќе една третина; плус парно - тоа ти е веќе половина; плус струја (и тв претплата), вода, кабелска, одржување во зграда (пре-паид картичките не ги споменувам) -и, што остана од една просечна плата?
Значи, човек со просечна плата не може да си дозволи интернет; не може ни да си ги плати сметките, ако сака да го преживее месецот.
А ние ги сожалувавме кутрите наши предци, кои 5 века под турско морале да плаќаат „десеток“.
Ако ја шитнат дистрибуција, отиде цела една просечна плата само за сметки, пријателе. Тоа ти е приоритетна тема - „расчистување на сметките“!
Така, ако ме снема некое време, значи сум се откажал од луксузот - интернет дома.
Чул ли овде некој за „граѓанска непослушност“ како демократска форма на протест? Или ќе си играме „револуција“ со анонимки?
Shukjur, se javi nekoj glas vo pustinata! I shukjur, se najdovme na temata, konechno! Abe, lugje, internetov i telefonijata se nasha apsolutno najvazhna tema, jal gleash vaka "avtoreferencijalno" (ni treba za ovde da si se zanimavame, taka, i da gi shirime horizontite na demokratijata pa i obrazovanieto se' ponatake, ne?!), jal gleash politichki-ekonomski: me interesira, da se javi nekoj ekonomist, ima li nekoja tel kompanija vo svetot koja drpa 10% od celokupniot bruto opsh proizvod (450 milioni evra), a pritoa da imame vakov mizeren razvoj na internetot pa i na telefonijata?! Mislam deka pozicijata na Telekomot vo MK nema primer vo svetot, iako znam za chodovishni primeri na monopolsko odnesuvanje, vo Juzhna Amerika, na primer, shto maltene celiot kontinent go natera da se stroi nalevo na izborite. Razbiram da dava Mk 10% od proizvodot za telekomnikacii, no vo toj sluchaj se' treba da bide umrezheno, i banki i firmi i mediumi, se'! Vaka nema logika. Narodov pishti za strujata, no strujata mora da poskapi. Ama telefonijava?! Samo taa edna edinstvena prichina dovolna e Buchkovski da go oddalechi za vjeki vjekov od bilo kakvo poseriozno politichko vlijanie, kako shto vo toa gjubrishte na istorijata treba da gnijat politichkite dostreli na Ljubcho, Branko, Hari, Andov, Tupurkovski, pa i Grujo koj beshe minister za finansii dur brakjata drpaa i levo i desno...
This is very interesting site... » »
That's a great story. Waiting for more. » » »
Very cool design! Useful information. Go on! » » »
Објави коментар