Возот за Кочабамба!

2/11/2006

Развојот на слободата на мислење и изразување доживува кај нас таков невиден „бум“ што дури и кафеаните почнаа редовно да издаваат свои вечерни весници. И тоа со слогани „Пиј и уживај слободно“! Така, во седмиот број од една скопска кафеанска новина, покрај излитените машко-шовинистички „бисери на мудроста“ од типот „Зошто пивото е подобро од жената?“ ги прочитав и следниве „паметни мисли од пијани глави“: „Животот е премногу кус за да пиеме евтини пијачки“ и „Алкохолот им помага и на грдите луѓе да имаат секс“!Како шлаг на се, во рубриката „направи си сам коктел“, промовиран е коктелот „очајна домаќинка“: „...Нарачајте водка и џин. Додајте го џусот. Добро промешајте. Додајте три диазепами и два кафетини. Уште еднаш добро помешајте.“Овој напис нема намера да ги поттикнува сите навредени жени, а посебно „очајните домаќинки“, да се организираат и да го искажуваат својот бес пред скопските кафеани поради шовинистичката злоупотреба на навредливиот хумор во комерцијални цели. Намерата ми е сосем поинаква - ако може, да го проблематизирам правото на слободно изразување кое некои поборници на слободата на печатот деновиве избрзано го прогласија за неприкосновено.Имено, ако ова право го прогласиме за „недопирливо“, како ќе постапуваме кога на некој прониклив трговец од Гази Баба ќе му падне на памет и тој да си го промовира бизнисот издавајќи своја вечерна новина со мотото „Дрогирај се и уживај слободно“? Што ако и самиот почне да промовира „бисери на мудроста“ од типот „Зошто хероинот е подобар од жената“, инспириран од начелата на слободната пазарна економија и од скопските кафеански новини? Односно, што ако и тој во своето „журналче“ почне да цитира „паметни мисли од надувани глави“: „Животот е премногу кус за да користиме евтини дроги“ или „Дрогата им помага и на грдите луѓе да имаат секс“? Најпосле, што да се прави ако и трговецот од „Гази Бејб“ одлучи да ја промовира слободата на печатот препорачувајќи халуциногени предизборни коктели за „очајни политичари“, зачинети со неколку дијазепами и кафетини? (повеќе, во саботен дневник)

17 коментари:

Unknown рече...

Ете, да ги послушаме малку советите на Коља, и да се себерекламираме...

Shepard рече...

Фино дело.

„Ако навистина стремиме кон ЕУ, итно треба да подготвиме нови казнени одредби сензитивни, како за количеството на дрога (воведување на концептот "сопствена употреба") така и за типот дроги (класификација на дроги во зависност од штетата што ја причинуваат).“

У Виена, а верувам и у други EU градови на џанаците им се делат стерилизирани шприцови и сл.

Кај нас сеуште се трга од премисата „дрогата е лоша“.

Права на зависниците, и тоа се човекови права.

Анонимен рече...

баш го читав урошевиќ пред некој ден:):):):)

Еј Жаре, молимте ме интересира пошто ете вака ти си магистер по демократија и се таму по ред.. кажи дали следнио виц е секстистички?

си бил еден пијан маж и една грда жена. пијаниот маж зел да ја малтретира по шо таа му рекла

- беај бе пијандура еден, не се глеаш каков си!
пијаницата пак и одговорил - ама утре ќе се отрезнам,а ти и утре пак грда ќе бидиш!!!

Кажи Жаре молимте, сакам да и го кажам на девојка ми насамо.. а еднаш ми спомна дека таа била феминистка. (нејќела да пере и готви и сл. замисли бре?)

Unknown рече...

Според мене, вицот не е експлицитно сексистички, иако има елементи на индивидуално омаловажување врз основа на изглед, и имплицитно се потпира на родови стереотипи.
Еве ти пример за експлицитен сексистички виц, кој штотуку го прочитав во „Неделно време“: „Зошто мажите не може да се заразат со кравјо лудило?
- ?!?
- Затоа што сите мажи се свињи!“
Btw, ме бендиса отвореното писмо до Макрадули.

Анонимен рече...

Некој рече дека си магистер? Со примери на 5то оделенец. Жаре, право на слободен говор значи искажување на мислење - слободно, без репрекусии за искажаното. Дрогирај се и уживај слободно неможе да биде слободен говор, затоа што се работи за нешто кое е нелегално (впо државите во кои е) и таква реклама не е дозволена - со закон (на школа не те учеле ама дел од што е дозволено е санкционирано со закон) - неможеш да рекламираш ти ништо што е нелегално - но имаш и те какво право да слободно се противиш на законот. Така да другар ти од Гази Баба може слободно да стави реклама - јас мислам дека сите треба да имаме право и да уживаме (или што годе). Така да не користи банални не додржани примери - магистер си не заебаај.

Карикатура и сатира никаде не е нелегална. Зборовите пичка, курва, кур, сеуште не се со закон забранети - так ада магистре од сопствено морално/етичко гледиште пуцај, ама дај жити се најди подобри примери.

Јас не сум видела некој да е затворен затоа што рекол дека мисли дека дрогата и останатите средства не се штетни (а сум слушнала милион, јавно да го кажат тоа) - и што сеа? Ај да ги затвориме... што ќе се случело рече - ам излези од дома, ќе видиш дека ништо не се случува. Право на слободен говор се дур не се наметнува врз другите е неприкосновено - последиците ги сноси оној кој тоа го кажал но никогаш последици изразени физички (затвор, казни, џихад). Ајт магистре... имплицитен

Unknown рече...

Како што реков, не коментирам веќе анонимки...

Анонимен рече...

Уф, немаш појма каков тапан ми е главата од слушање на "либералистичкиве профети" со нивните тиради за слободата на говорот, на изразот etc...

Расправата треба да се помести на едно сосема поинакво ниво. Слободата на говорот или било каквата слобода for that matter, како што ти многу јасно покажуваш, кога ќе се измултициплира до определена мерка и ќе се изиндивидуализира самата се кастрира. Расправата за правната регулатива притоа е беспредметна.

А, нашиве "интелектуалци" и понатаму до даска фураат онтолошки филм, зборуваат за права, за транскултурни категории и т.н.
Не ни се потрудуваат да ја одбранат тезата со аргумент различен од аксиомата на човековите права, таа прекрасна протеза која ја вадат пред нос слично како што муслиманите парадираат со Исламот. Мора да е многу угодно да си имаш такво алиби...

(Во стилот на една Clueless шмизла) HELLO!!!
Проблемот е, пред се, етички, а не онтолошки. Заглибувањето во јазикот и перчењето со такви културни checkpoint-и е апорија par excellence.

Живееме во карикатурална цивилизација на која страшно и треба една Левинас-овска етика, живеење за другиот...

Ме удира у глава како цунами помислата на таа врвна циничност, објавувањето на некои карикатури само колку да се покаже дека можат да се објават. И неверојатната пролиферација на истите(под плаштот на некаква вест) кога се дознава дека тие некого навредиле. И на крајот, ревносно бранење на "цивилизацските придобивки" со уште едно објавување. Repeat за тие што не чуле.
Совршено ларпурлартистички. Како и секој медиум, кога сме веќе кај тоа.

Прашање е на доблест, или на домашно воспитание, како што вика еден мој другар, а не на некакво право.
Најдоа господата-карикатуристи слободата на изразот да ја "бранат" баш на тој начин.
Си најдоа одлично поле за "жмурка", и противник за кого знаат дека ќе ги бара до смрт.

Анонимен рече...

BTW, знам дека друго ти беше темата. Ама ова со слободата на израз (као поп-култура) ме влечеше за јазик. Не можев да одолеам.

Unknown рече...

ASN - Ти велиш етика, ја велам право.
Не можеш да се бориш против нацизмот повикувајќи се на совеста на нацистот. Холокаустот ја уби совеста во поим.
Секој конфликт мора да може да има правна разрешница. Бубачките у глава си се приватна работа...

Анонимен рече...

Да, ама, холокаустот и нацизмот се последица на едно веќе пост-етично општество.
Тие не ја убија совеста. Тие се ЕФЕКТ на укинувањето на совеста во корист на позитивно-правните конструкции на Келзен и пријателите.
Самата пресвртница која се случи во правната теорија по втората светска војна и бегањето од кафкијанските перспективи на тоталната регулација мислам дека се доволно илустративни.

Да, супер е ако постои можност за правна разрешница, но често таквата поставка е само параван за колонијалистичкиот дискурс и за говорот на омразата.

На крајот на краиштата, на кој начин чистото право се здобива со легитимитет ако не со силата како негов најзначаен елемент?

Unknown рече...

Ако „чистото право“ го гледаме секогаш како производ на некоја „теорија на заговор“, и ако единствениот аргумент на „чистото право“ е голата сила, тогаш го редуцираме правото на идеолошки инструмент за легитимирање на режимот и за зачувување на „статус кво“.
За мене правото е нешто повеќе... меѓу другото - инструмент за општествени промени, заштитен механизам против самоволието, најпосле, отелотворување на некои морални принципи на праведноста...
(Се знаеме? :)

Анонимен рече...

Не сакав да го дискредитирам правото воопшто или да го редуцирам на чист идеолошки инструмент. Тоа би било глупо (и саморазорно - бидејќи сум правник).

Сакав само да посочам на луѓе како Густав Радбрух или Лон Фулер, кои насетувајќи го проблемот, а притоа сеуште страстно верувајќи во правото како "нешто повеќе", повторно стапнуваа на мета-правна територија, или барем се обидуваа да ја редефинираат. Фулер со неговата внатрешна моралност, Харт користејќи се со Оксфордската филозофија на јазикот и т.н.

Поентата е да не дозволиме правото како владеачка парадигма да ја доживее истата судбина како на пр. Кантовиот КИ.

(И не, за жал, не се знаеме).

Анонимен рече...

Me nervira, prijatelchinja, koa se bezecirate po palanechki... I me nerviraat apelite protiv anonimnosta, vakva il onakva... Abe, mediumov e igra, prijateli! Jazichna igra, aha, koa vekje spomnueme Oksford-strit... A igrava e malku mistichna, malku ko pad vo prazno, pushti se ti slobodno nie kje te prifatime, i se pushtash, so zatvoreni ochi, pagjash na grb... Me nervira lovenje poinakov tip avanturi, ovde, osven virtuelnite, osven tie strogo kontekstualiziranite so pravilata na igrata, na mediumot...
Ama ne e ni bitno, i krshenjeto na site pravila e del od "zakonikot" na chudniov prostor...
Kaj i da e, da se vklucham vo raspravata: mnogu sum poblisku do asn otkolku do idealistot/fetishist na pravoto, Zharko... Pravoto maltene e kur mi e dvor mi e na posilniot. Pravoto funkcionira dur go shtiti postoechkiot poredok i sekogash e poddrzhano so monopol na sila (chitaj Veber, Karl Shmit itn.) Bash denes mi izleze tekstot vo Utrinski, i eve edno delche kako zapadnjakot vospostavuval pravo:
Уште 1492 година, со едиктот на папата Александар VI, биле повлечени линиите кои сосема буквално одредиле кои делови на земјината топка “припаѓаат” на која европска држава. Сите земји и територии во светот биле поделени меѓу европските сили или биле прогласени - што е неверојатна ароганција - за “отворен простор”, т.е. територии кои се “слободни за да бидат окупирани”.

Анонимен рече...

Very nice site! essay on botox Side affects stopping neurontin fredericton volkswagen vw jetta fuel system volkswagen dealerships Malpractice insurance expert witnesses questa allegra giovent mp3 Free business legal advice hair loss treatment Funny free dowload answering machine messeges Incorporate in online ms cigar box humidifier Blocker free pop up window yahoo 2004 westinghouse lcd tv

Анонимен рече...

Very nice site! » » »

Анонимен рече...

Where did you find it? Interesting read army backpack kitchen islands fat fat woman baseball fantasy Business+conferencing Madison cooking schools Baccarat crystal nativity scene childrens toys incorporating a business in utah Dbz animate porn colon cancer new drug Logambling craps va loan mortgage refinancing Omega 3 amd asthma asian anal Financial planning cources sauna Pool table table tennis toys Wet sex

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week