Поранешниот советник на Претседателот на Републиката г-дин Љубомир Д. Фрчкоски, му потшепнува на поранешниот „другар“ Црвенковски (во ООН и ЕУ познат како претседател на „Поранешната Југословенска Република Македонија“) дека е згодно време да ги замоли за прошка „луѓето што трпеле неправда поради идеолошки предрасуди“.
Од поранешниот Министер за секакви работи (внатрешни и надворешни), дознаваме дека ова прашање било намерно „покривано“: "Во меѓувреме поради покривањето на ова прашање во Македонија се намножи една сива зона на гадинки, во умот исти со злосторниците од име на комунистичката кауза, кои ги чинеа малите гадости до крајот на стариот систем, до 1990 година." (повеќе)
„Хуманистичката идеја“ на поранешниот министер Фрчковски (нашиот „калиф наместо калифот“), инаку соучесник во досегашното „покривање“, е со еден политички гест на замолување прошка да се депласира отворениот процес на барање на конкретни виновници за покриените злодела на еднопартискиот социјалистички режим, а богами и после 1990-та.
Ако Претседателот на Републиката сака да направи некаков политички потег во насока на помирување и исправање на неправдите, тогаш под итно треба да го помилува Јован Вранишковски (независно од неговите верски убедувања), кој не беше само жртва на не-фер судење, туку и на верска нетолеранција и говор на омраза.
Да се потсетиме малку кој беше во првите редови на сејачите на „говор на омраза“ кон Вранишковски:
„... овие конспирации се сенишни обиди. Тоа се кули од карти! Исто како што е "Јовановата српска црква" кула од карти, пепел и пепел ќе остане.“ (повеќе)
Г-дине Фрчковски, како прво ти треба да молиш за прошка поради сеење верска нетолеранција и говор на омраза! И ако остана малку чувство за одговорност во тебе, под итно да си поднесеш оставка од функцијата претставник во Европскиот комитет за расизам и нетолеранција!
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
6 коментари:
Prijatelche, nikogash ne si imal chuvstvo za real politik i toa, megju drugoto te pravi takvo luzerishte niz koe ko da minalo cunami (ko shto reche samiot nekni), tolku razbushaveno i nakostresheno mi izgleash ponekogash, drugarche... (Voopshto, mislam deka relevantnosta na prioritetite e golem problem i na Helsinshkiot, kaj shto beshe do skoro, ama toa e druga golema tema) Siguren li si deka bash za ovaa budalashtina treba da go gonime Frchkota?! Pazi, okolu Jovana stvarno se igraat krupnichki (za MK) geo-strateshki igri, da go ebam, site znaeme za srpsko-grchkive gjurultii niz zemjava! A niz jurodiviot direkt se prekrshuvaat site tie (paranaochni?!) zaebancii! Zatoa go butnaja, da im telefoniraat na igrachive do kaj kje toleriraat odredeni igri... Abe, Zharko, kaj zhiveesh, be, prijatelche... Abe, cajkanot vladee od ovde pa do u pichke si materine, dokle pogledot dopira i dokle ima zhivi bakterii (edno 10.000 metri dlaboko vo zemjinata kora)! Bitno e cajkanot da go smekshame, okej, toa e eden od prioritetite, se razbira, ama nemash taktika, prijatele! Aj, mozhe kje se razvie muabet, za da doargumentiram...
Пријателе, не ни сакам да имам чувство за „реал политик“ - тоа ти е израз зад кој се крие голо насилие, демонстрација на сила, отсуство на било какви критички аргументи.
Плус тоа Кољка, нашиот професор нема напишано учебник за „Реал политик“ туку за Меѓународно право за правата на човекот! Живее од тоа, децата ни учат човекови права токму од него. Згора на тоа, тој ни го напиша уставот, а во него човековите права се мртво слово на хартија, нема никаков механизам како да ги заштитиш, пријателе.
Во овој пост се обидов да ја разоткријам неговата хипокризија, неговото лажно душегрижништво, неговиот расчекор меѓу она што го прави и она што го проповеда.
Токму во тој расчекор чмаеме ние денес пријателе. Сакаме да ги осудиме кривичните дела на „комунизмот“, а ич мува не не лази за сегашните жртви од нашиот судско-полициски систем.
А Јован Вранишковски и неговите следбеници се жртви, пријателе, освен ако не сакаш да се правиш слеп при очи! Тие се актуелни жртви на нашиот судски систем и жртви на нашата полиција, која наместо да ги штити од разулавената толпа, ја поттикнуваше, ја организизаше, или си стоеше мирно настрана. Во некои случаи дури и ги апсеше и прогонуваше монасите, ги истеруваше нивните домови, ги спречуваше да се задомат нив и оние што се обидуваа да им помогнат.
Не е битно тоа дали Јован бил или не бил дел од некои конспирации, битно е дека тој не беше осуден за тоа (не ми е познато кривично дело „учество во конспирација“), и битно е како беше тој осуден.
Треба само да го земеш образложението на пресудата, пријателе, и самиот ќе се згрозиш! Не прејудицирам дали Јован сторил некои други кривични дела, ама делото за кое сега лежи во затвор не му го докажаа.
Сакам да кажам, со истото судско образложение, и авторот на писанијата на „Контра Бандаш“ лесно може да се најде денес зад решетки.
Токму затоа, пријателе, предлагам иницирање петиција до Претседателот за помилување на Јован, и бришење на осудата што не посрами пред цивилизираниот свет.
Во следниот пост ке го објавам предлог-текстот на петицијата, па давајте коментари, и потпишете ја ако се согласувате, да ја пратиме кај што треба.
П.С. Што се однесува до полицијата, ѕирни овде (http://www.moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=2556&mid=734&tabid=65&parent=22&tabindex=2). Нашите „Алфи“ откриле седум криминалци (производители и трговци на дрога), а дури 560 обични прекршители (уживатели на дроги), кои по правило се жртви на полициско малтретирање, и кои не смеат да писнат, пријателе, оти нема кој да ги заштити.
За поседување 0,05 грама канабис се оди у затвор и тоа според закон што не е преведен на македонски! И на денешниве жртви субалтерни (што би рекла Спивак) не им се слуша крикот во јавноста, пријателе, го гушат хипокритичните ни душегрижници.
Za rechisi se' imash apsolutno pravo i argumentacijata ti e moshne ubedliva. Za Jovan bash i ne sum spremen da ginam, iako kje potpisham peticija za osloboduvanje, a za travarite i malite drogashi stvarno treba da pokreneme golema akcija na pritisok kon policijata i sudstvoto, najprvin da pravat razliki megju drogite, a potoa i zakonski da dekriminaliziraat odredeni grupi uzhivateli... Spremen sum da vlezam vo koja bilo grupa koja bi organizirala takva akcija. Spremen sum i da gi ponudam nashite resursi za takva akcija.
A ova so alfive shto velish, ne znaev, no epten zagrizhuva. Ako celata energija na taa ko mokjna edinica e da lovat klinci po dzbunovi, da gi maltretiraat i pretresuvaat za da najdat molekuli od treva - togash zemjava epten ni e zabegana. Dotolku povekje bara nekakva akcija!
Verskite prava se pojaki ako od nivnata vnatresnost se izroduva i pravoto na sloboden govor.Sekoja pojava na "hate of speach" bi se eliminirala dokolku bide prepoznaena od pripadnicite na bilo koja veroispoved kako necistotija na nivnoto ucenje,i opasnost po drugite.Verskite prava se potrebni da bi se reguliral dijalogot mejgu verskite zaednici so svetot,drzavata no i mejgusebniot dijalog vo vnatresnosta na sopstvenite organizaciski strukturi.Tuka e i pravoto na poedinecot da go izrazi svoeto nesoglasuvanje so nekoja pojava vo verskata zaednica na koja pripajga,da izleze od nea,ili da oformi druga na koja bi i go dal pravoto koe i nedostiga na prethodnata,ili bi oformil nova.Drzavata e taa koja treba da gi regulira tie odnosi preku nezavzemanje strana,ovozmozuvanje na nepreceno deluvanje na sekoja stara i novooformena grupacija,preku ograniuvanje na zloto sto eventualno bi proizleglo od nekoe dogmatsko ucenje sto gi narusuva etickite normi.Kaj nas sostojbata e krajno licemerna;drzavata se deklarira deka ima tolerancija prema site religii i verski zaednici osven edna,POA.MPC e duplo licemerna:zboruva za poimanje na mejguverska tolerancija a bezocno,so neargumentirani optuzbi i kleveti pred drzavnata javnost,sudi i zatvora eden Arhiepiskop;ja osuduva pojavata na karikaturite protiv islamskiot Muhamed(sto i e za osuduvanje),a gi premolcuva karikaturite na Jovan koi pojavija vo dnevniot pecat;Stap na koj visat bradite na proteranite monasi.Cudno,no nikoj togas ne prepozna govor na omraza-ni drzavata ni bilo koja verska zaednica.

Best regards from NY! The first grade backpack arthimetic Malpractice loans Add asp associate click computer connection domain easy viagra C17 with voice data video conferencing surveillance equipment property insurance spy digital camera Schematic plantronic headset affiliate programs Hiv aids nutritional supplements freezers straight edge shirt web hosting
Објави коментар