Црнила - од Коле Чашуле

6/08/2007


Колку за потсетување, ете кој доби вечерва „Рациново признание“, за својот покајнички „можеби роман“ - „Патот од себеси“.

Еве го и неговото цитирано „признание“:

“Мене ме викна Видое Смилевски во ЦК каде беше присутен Елисие Поповски – Марко. Видое објасни дека Ченто бегал преку граница и други работи со кои тој се оптужува и дека треба да му се суди. Кога Видое зборуваше, Марко ја наведна главата и ништо не проговори. Всушност, судењето било однапред подготвено, не само обвинението, туку и пресудата. (...) Значи, пред нас, судиите беше наредено Ченто да биде осуден”.

Колку за потсетување, еве што укажав во постот „Последниот човек“ во Македонија?:„За жал, наместо да бидат историски „лустрирани“, директните учесници во срамното судење на Ченто, на кои им било наредено Ченто да биде осуден ... сеуште се сметаат за беспрекорни „херои“.“

Чашуле, слично како „Младичот“ од неговиот роман „Црнила“, слепо му верувал на Централниот комитет кој решил „да се премавне еден многу опасен издајник и изрод на нашиот народ.“ Во романот, „Младичот“ го повлекува чкрапалото, и го усмртува Ѓорчета. Чашуле става потпис на пресудата, иако знае дека процесот е наместен. Како резултат на тоа, Ченто излегува од затвор смртно разболен (иако сакал да се лекува во странство, никој не сакал да му издаде пасош).

Во романот-лектира од Чашуле, откако „Младичот“ сфаќа на кого извршил атентат, се самоубива. Во нашиот реален транзициски живот, откако Чашуле по многу години сфаќа кого осудил по нечија наредба, пишува покајнички роман и - добива „Рациново признание“. Алал да им е на тие што му го доделија!

Дали воопшто ќе дочекаме некогаш, покрај толкуте „Собрани дела“, издавачите да почнат да ги издаваат и „Собраните недела“ на нашите „еминентни“ писатели?

5 коментари:

Unknown рече...

Еве што изјавил Чашуле:
„- Од Рацин научив дека не треба да се помирувам со глупоста, со конвенциите, со наредбите. Тој постојано се трудеше да го развива сопственото мислење, дури и ако на другиот тоа не му се допаѓа.“
И тоа што Чашуле го научи од Рацин - дека не треба да се помирува со глупоста, со конвенциите, со наредбите - го примени на наместеното судење на Ченто.
Не ги послуша наредбите од партијата и не го осуди Ченто, првиот претседател на АСНОМ-ска Македонија.
Не замина како амбасадор во „Монтевидео - бог те видео“.
Имаше чиста совест до крајот на животот.
И не моравме да му доделуваме „Рациново признание“ за неговите „диктаторски“ исповеди - додека трае јавната расправа за задоцнетите закони за лустрација и рехабилитација.
Е, тоа би бил „можеби роман“, или сепак не?

Анонимен рече...

ovie chashulevci sve prevaranti

Анонимен рече...

Odlicna komparativna postavka.Zdiv na poozbilen istrazuvacki pristap koj nedostasuva kaj nas.Ah bre,Casule,Casule...Si ja zede nagradata uste na zemjava.

Анонимен рече...

А кога е пишуван овој пост?Еве ти ја цела пресуда.
http://i873.photobucket.com/albums/ab294/Effo/Cento001.jpg

Unknown рече...

Постот е пишуван на 29 мај 2007.
Фала за пресудата.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week