Врховниот суд ја претекна нашата петиција за помилување на Вранишковски, намалувајќи му ја казната на 8 месеци (исто толку колку што е в затвор):
„Практично Вранишковски ја отслужил казната за единственото од трите кривични дела за кое беше осуден - разгорување на верска, расна и национална омраза.“ (повеќе)
Не е прв пат нашите судови да изрекуваат казни само за да го покријат времето поминато во притвор или во затвор.
Нашиот кутар Претседател продолжува да дава парадоксални изјави дека „државата нема да се меша во црковните работи“, а во исто време лобира за МПЦ кај поглаварот на Романската црква (повеќе). Претседателот ја пропушти шансата, и не даде на време помилување за контроверзното календарче.
Така, станавме земја во која помилување добија т.н. „терористи“ (заедно со сите бранители кои правеа недела за време на конфликтот), оние што ги прислушкуваа новинарите и опозиционерите, но не и „Расколникот“ претворен во монструм од страна на медиумите, и осуден од сите судови заради неговото „проклето“ календарче.
Наравоучение: Верска, расна и национална омраза не се разгорува со демолирање и палење на верски објекти, ниту со јавни расистички испади во кои сите „Црнци“ се перцепираат како закана по нашето здравје, ниту со навивачки и протестни скандирања со кои одредени етнички групи се праќаат во гасни комори.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
eve vic kaj mene u inbox>
Nekolku prakticni soveti za pustanje po skopskite kafici. Priogjas na
tipka i i postavues konkretno dve prasanja:
-Dali si rasist?
-Dali ides na fudbalski utakmici?
U kombinacija na odgovori Ne na prvo i Da na vtoro, batali, baraj druga
prilika :-) sigurno si e sigurno;
Lele, etnaaaaaa... si letna, nema gajle... :) A za Vranishkovski... Mediumite go naduvaa, ehe, ko balon, mu go najdoa dzepot i niz nego, ama i toj si se namesti prilichno zdravo... Vsusnost, ne mi e jasno zosto porano ne se reagirase so nego, mislam, sigurno ni e jasno na site deka covekot e olicetvorenie na gavolot, mislam vidi go samo kako se smeshka... A za teroristite t.e. turistite, toj muabet ce se vrvi dooolgo dooolgo vreme i sekoj sto nema kazan na glavata i jade burek ko nezdravo magare ce se brani taka, "Koj tashak tie ne se vo zatvor, a jas patriot za toa sto sum ukral mochani 100 000 evra/ sum zaklal chovek, e sho, Nigeriec e/ me fatile kako vozam vo pogreshna lenta ednas vo 5 000 pati"... Kako i da e, ne sum dovolno zapoznaen so negoviot sluchaj, ama ova znam: ako pomiluvanjeto od 2001/2002 se zeme kako rezerven presedan, makedonskoto sudstvo ce si ostane vo kal za vek i vekovi, amin. A mil moj, Zombifikatoru, bi sakal da mozam da te strpam vo zatvor prva sekunda stom mi ja zgresis podebelo. Normalno, ako jas ti ja zgresam, kako toa teroristite mozat...
Па да ти кажам можда е и боље шо Претседателот ја “пропушти“ шансата за помилување на Вранишкоски, уствари преседникот ни се бламира со неговите “богословски“ способности, не знам воопшто шо не земе сам да ги продолжи преговорите и да го реши статусот на МПЦ.Па за каква лаичка држава збориме со вакво фаворизирање на една религиозна заедница, пази се Жарко не знам дали и вие ќе успеете да ја регистрирате МКЦ :-)
Богами, како тазе конвертиран верник од „расколничката“ СКМ, која ширеше ерес со лажните комунистички проповеди, на Б.Ц. и неговата еретичка дружина сигурно нема да им биде сеедно формирањето на автоќефална МКЦ!
Посебно откако ќе го разобличиме нивниот ерес во календарчето што планираме да го издадеме, со сите правоверни комунистички светци/светителки и маченици/маченички. Многу од нив имаат настрадано токму од џелатите на квази-комунистичката инквизиција.
Додека да се организираме ние (како некоја си македонска алтернатива) да испратиме петиција ...
Задршката настана во комуникацијата со Хелсиншкиот комитет. Бордот наводно ја подржал петицијата, со напомена да се образложи правно зошто Претседателот треба да даде помилување без оглед на тоа што нема барање од осудениот. Можеби не требаше воопшто да чекаме на поддршката од Хелсиншкиот комитет - ама ете, памет за друг пат! Како и да е, мислам дека писмото (петицијата) сепак стигна до адресатот!
What a great site Sex toys for gays Renault dealer Medical malpractice has a great status quo Byd sign flat panel televisions motorcycle insurance bad credit personal loan training online mcse training mature gallery business health indiana insurance small small tits
Објави коментар