Продолжува сапунската серија за „интелектуалци“, турбо-фолк варијантата на „Сексот и градот“ - „Сам Фрчко против сите“. Како што е полицијата „поблиску до народот“ (на пендрек растојание), како и „жолтите“ весници со деталните описи на секоја епизода од „Касандра“ (и клоновите), така и Фрчкоски се обидува повторно да се „упика“ срозувајќи го „интелектуалистичкиот“ жаргон на ниво на задоволовање на локално-сеирџиски потреби.
Во најновата турбо-фолк епизода „Лошите тетки“, експертот по сештологија повторно се обидува да ја манипулира јавноста дека Охридскиот договор е „правно-политички акт“ иако Уставниот суд јасно укажа дека Рамковниот договор е политички акт, а „не е правен акт што може да биде предмет на уставно судска оцена“. (уште)
Овој пат, новина е тоа што покрај „Рамковниот“ се спомнува и Уставот (кој што бил „на негова основа“), па оттаму барањата за измена ќе биле „против Уставот и потоа против Охридскиот договор“. Фрчкоски мудро ги премолчува разликите помеѓу одредбите од „Рамковниот“ и од Уставот, а како да не бил тука во 2005 год., кога донесовме толку нови Уставни амандмани кои, секако, ги немаше во „Рамковниот“ (па никому ништо).
Но, не станува тука збор само за наивен обид да се создаде од себеси жртва на некаква „денунцијација“ како палаво мангупче со пис јазик. Фрчкоски (типично за него) со навредлив говор ad hominem возвраќа на аргументите дека е апсурдно наш претставник во ЕКРИ да биде некој кој тука умешно култивира навредлив говор, сексистички говор, и други форми на нетолеранција. Навистина, објаснете ми, како Фрчкоски се бори против навредливиот говор, сексизмите, ксенофобијата, религиозната нетолеранција... - што е дел од мисијата на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата? Со тоа што дава свој личен пример како треба да се навредува секој кој има поинакво мислење, со тоа што ги нарекува нашите политичарки „невротични кучки“, „истоштени квазиисусовки“, „девојки од работните акции“, со тоа што ја прогласува Јовановата црква за „кула од карти, пепел и пепел ќе остане“?
Наместо противаргументи, кутриот Фрчкоски плаче дека „оваа лоша тетка ме цинкари, ја денунцира мојата дребност во Стразбур (во Европската комисија за борба против расизмот и дискриминацијата ЕКРИ, во која ја сум независен експерт)“.
„Кутриот“ Фрчкоски не заборава да спомене дека е „независен експерт“, а мудро премолчува дека како член на ЕКРИ е именуван од својата Влада, согласно критериумот „висок морален авторитет и признаена експертиза во справувањето со расизмот, расната дискриминација, ксенофобијата, антисемитизмот и нетолеранцијата“.
А за каков експерт станува збор, показател е тоа што човекот не знае ниту точно да го наведе името на комисијата каде што го назначиле. Скриј се професоре Фрчкоски - тоа не е „Европската комисија за борба против расизмот и дискриминацијата ЕКРИ“ туку Европска комисија против расизмот и нетолеранцијата (European Commission against Racism and Intolerance). Само поради тоа треба да се дистанцираат од тебе, затоа што лажно ги претставуваш.
Фрчко вели дека е „недостојно за споменување“ критикувањето на неговиот учебник за човекови права, поради незнаење. Ај да видиме што е недостојно:
„Меѓународното право за правата на човекот, по дефиниција, претставува: збир од норми содржани во современите меѓународни конвенции и договори, во кои државите преземаат обврски да ги признаат, да ги почитуваат, да ги заштитуваат и да ги гарантираат – специфичните права на своите граѓани во рамките на нивната територија.“ (Фрчкоски, Љубомир Данаилов. Меѓународно право за правата на човекот. Магор, 2001, стр. 11.)
Професоре, кој ти даде диплома? Меѓународното право за правата на човекот се занимава со меѓународните инструменти за човекови права, во кои носител на правото е човекот, а не граѓанинот. Убеди ме дека секој човек е граѓанин (државјанин) - па ќе ти го читам понатаму учебникот. Да сум ти ја професор Фрчкоски, на испит не би те пуштил за ваква елементарна утка, камоли да те признавам за експерт по човекови права! Да бараш да ти ги врати парите тој што те учел човекови права, оти или ништо не те научил, или пак како палаво учениче си бегал од првите часови.
Научи прво во која комисија те поставиле за член, почни од Wikipedia да читкаш за International human rights law, за нетолеранција, па можда после некое време ќе правиме и муабет за човекови права.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
Е, оваа колумна имате ексклузивно право да ја читате тука. По мое мислење, сеуште нема печатен медиум кој го негува критичкото и аргументирано мислење и слободата на изразување (без цензура), со одговорност и оградување од сите форми на нетолеранција.
Тоа е причината зошто колумнава не е понудена во „Дневник“, каде што излезе текстот на г-нот Фрчкоски, кој е цел на мојата критичка аргументација.
А бе....многу внимание си му посветил на Фрчко! Не заслужуе до толку да си ги абиш прстите на него ;).
Инаку, многу прецизен колумнистички профил си изработил за дотичниот. И мене неговите колумни веќе подолго ме живцираат и - ја прескокнувам страницата! Пробај и ти, не се замарај со неговите халуцинации !
Of lele. Go citav snoshti i posle ona "jas sum eskpert" cekav da ja zbumbari "tetkata" so argumenti, i da mi dade mene nekolku za pod pojas, ko ke mi treba da branam zoshto pcovki, i navredlivi zborovi se ok na momenti. Ama ne be, me ostai samo na ona "ona na mene!" go zamisliv kako si ja zaliza kosata i griza dolna usta.
Ekspert be - falese samo uste nekoj anglicizam i ekspertskata intelektualnost ke dojdese do poln izraz.
жаре, пиши бе кај уредници, да не спомињам имиња, ова мора да оди и печатено.
Preostar e tonot... Se plasham deka kje bide prochitano ko vodenje stari borbi (megju drugoto, Najchevska-Frchkovski...) Al do kurca! Makedonija! Kaj i da se svrtish, zamavuesh laktot u nechie rebro! A se' osetlivi... (a i dosta laktashi, fakat:). Taka shto: sepak braos, momche! Argumenti - puna kanta (si crpel od klozetot, si vlechel, gleam, taka se reshavaat kaj nas rabotite, so arhivarski creva&kamioni za izmet, neprochistena ni e nam kanalizacijata, a i ja neame, ko kje vidish...) Kopanje po sanitarni dupki ispadna ova javnava rabota - blaze si ni... (Stalno sakam da prasham, a bidejkji eve luduem ovde, pa dobra e prilika: a asanacija, a? Kakov strashen zbor! Srbite go koristea ko gi krieja trupovite na ubienite Albanci - asanacija terena... Kaj go najde Asn ona ime, stalno na toa me potsekja, ti ibam, kaj zhiveeme i so shto sme opsednati - jas, t.e.:), gomna, dupki, leshevi... Do kurca, rekov! I do poslednjeg daha! Krempita&shampioni!
refus reče, najpameten si bil od site nas tamu:D
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it »
Објави коментар