До издавачот на овој блог, стигна следново „Коминике No. 1“ од Иницијативниот одбор на партијата (во основање) ЛУЗЕР Македонија (Либерална Унија За Единствена Република Македонија):
Лузери и Лузерки!
ЛУЗЕР Македонија ги известува сите свои потенцијални гласачи (вечни студенти и невработени, изманипулираните верници на МПЦ, ПОА и „Третиот пат“, очајни домаќинки, изневерени пријателки и пријатели, осиромашени домаќини, злоставувани деца, запоставени пензионери, и малтретирани домашни галеничиња) да не подлегнуваат на тајната пропаганда на новата партија во основање која со перфидни методи сака да предизвика раздор и нетрпеливост во потенцијалното гласачко тело на ЛУЗЕР Македонија!
Од извори блиски на ЛУЗЕР Македонија, дознаваме дека денеска одржал состанок иницијативниот одбор за формирање на нова партија со единствена цел да се оневозможи ЛУЗЕР Македонија да победи на следните парламентарни избори! Според неофицијалните информации, името на новоформираната партија ќе биде КОДОШ (КОалиција на ДОбронамерни Шегаџии) кои веќе работат на платформа и стратегија како да приграбат 20% од целокупното гласачко тело!
Спин-докторите на новата партија се убедени дека секој петти граѓанин на РМ е КОДОШ, и дека со примена на оперативно-тактички мерки - систематско излагање на подбив на целите и личностите што стојат зад ЛУЗЕР Македонија - ќе приграбат огромен дел од потенцијалното гласачко тело на соперничката партија. Еден од поранешните членови на иницијативниот одбор на КОДОШ (кој за две чашки ж'та пребега во ЛУЗЕР Македонија) не извести дека новата партија планира да издава весник наречен „Месечен КОДОШ“ со намера истиот да прерасне во „Неделен КОДОШ“ и „Утрински КОДОШ“!
На нашите потенцијални гласачи им ветуваме дека сите деструктивни обиди на КОДОШ ќе бидат разобличувани во нашиот блогерски гласник „Лузерска куродрвица“!
Лузери и Лузерки! Да не се правиме на „три и пол“! Дилемата на претстојните избори не е СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ! Вистинската дилема е ЛУЗЕР или КОДОШ!
Не е дилемата „Три Е!“ или „Три НЕ!“ Вистинската дилема е „Три ДЕ“ (Демократизација, децентрализација, демонополизација) или „Три Бе!“ (Бееe... Бееееe... Бееeeeee..!)
16 коментари:
абе па и ти.. :)
вистиската дилема е три ме на квадрат..
ме... меееее.. мееееееееееее
тоа се вика експоненцијално мекање
Фала ти Шепард, сум ја утнал малку ономатопејата. Е, сега, кога ги прашав у ЛУЗЕР дали е „бееееее“, или „мееееее“, откако ги консултираа нивните спин-доктори, официјално појаснија: „зависи од типот на офцата - некои беее-каат, а некои меее-каат!“ Инаку, изразија и загриженост експоненцијалното предизборно мекање, да не се претвори во секспоненцијално!
:-) Имам едно прашање за тебе ...
Прашај што ќе прашаш! Љубопитен станав... :)
Си замислувам како би изгледала вистинска национална (nation-state) партија на Република Македонија ...
Мислам дека секој обид во таа насока во моментов би изгледал на „политичко самоубиство“ ... Штета!
Колку и да звучи ова ретроградно или самоубиствено (како што велиш), ама најдобар лек за етно-национализмот е граѓанскиот национализам! Е, тоа е кај нас убиено во поим уште од осамостојувањето (со глупата дефиниција за „национална припадност“). Затоа прашањето на националниот (не-етничкиот) идентитет е мошне битно политичко прашање. Еден типац-коментатор вика дека е поарно сега Шешељ да дојде на власт у Србија, за комплетно да се деградира, па да се случат промени на поарно. Колку што е полошо, толку подобро за револуцијата што следи - викаше и Ленин. Но, ако кај нас дојдат „Шешељовци“ на власт, отиде све у ичку ајчину!
Ако не почнеме да градиме нација на време, малце да билдаме патриотизам (национален ТВ-девник, и други институции), тогаш никогаш нема да се раатисаме од манипулаторите со етничките идентитети.
А има ли нешто друго што може политички да се мобилизира за време на избори во Македонија? Е, тоа е прашањето?
Што мислиш за идејата да се воведе уставна забрана на партии кои не го исполнуваат бадентеровиот принцип? I am not kidding :)
Па нели имаше на времето едно такво политичко здружување од неколку македонски интелектуалци од различни етноси, меѓу кои и Мухиќ ако не се лажам, нешто партија за меѓуетничко разбирање или што знам јас како се викаше со идеја на граѓанско движење и удружување ама ојде јабана одма. Не сме спремни за такво нешто сеуште. Самоубиство да.
Жарко 50% од проблемот си го решил, уште 50 ти фали и решен проблем - ала ја ја сакам уше она да ме засака :О)
toa 3E na angliski pazar koa kje trgneš da go implementiraš, mnogu poinakva dimenzija ima:D
na koja bi se izraduvale... razni...:D
prvo beše vrekja brašno
pa nekoi lubenici ili što
sea 3E:D:D:D:D:D ionaka so toa se gubi apetit
a inaku mekaat jagninjata. bekaat ovcite?
filosofiraat dve jagninja: "ima li život posle kurban-bajram?":D
Тие термини „граѓански“ или „уставен“ патриотизам или национализам кај нас не фатија корен, за жал.
Овие месеци, во еден мал круг на луѓе, зборувавме за идеја за промоција на политичко движење (партија сеуште им е одвратна на луѓево како термин) која би се викала „Зелените - Të Gjelbërit - The Greens“ со една радикално либерална (граѓанска) платформа и со appeal за сите граѓани на Македонија.
Не станува збор за локален одговор на глобалното зелено движење, туку едноставно за обид да се втемели еден политички субјект на реална либерална и граѓанска платформа.
Меѓутоа, прашање е колку долго една ваква „билка“ би виреела во Македонија ...
ја првата политичка идеја шо ја добив у мојот живот беше:
укинување на партии на национална или верска основа..
иначе билката боцевски, ќе вирее до први избори. таму ќе видиш колку народот е спремен за таа нова опција.
не може ли некако да се укинат бе партииве, онака, формат Ц, па од по ново да инсталираме плурализам?! :)
Единствената партија во која сум членувал (чисто симболички) беше Партијата на зелените, која се самоукина (без да се оствари :).
Убаво е што некој работи на „зелена платформа“, независно дали е тоа движење или партија - радо би се приклучил и дал свој прилог.
Инаку, како што го почувствувал тоа и Шепард - една од клучните сопирачки за нашиот развој лежи во партиите.
Има ли некоја наша партија програма, стратегија, конкретен план за акција?
„Зелените - Të Gjelbërit - The Greens“.
Одлична идеја!!! Само се плашам дека има и извесна завршница на претстојните избори:(
Оптимистички, околу 1% кај етничките македонци и околу 10-12 гласа кај етничките албанци.
Калина, тоа движењето на Ферид Мухиќ за кое што зборуваш беше формирано во 1998 година.
Не беше клуб на интелектуалци, туку платформа за здружување на повеќе ситни етнички партии. Тие на изборите коалицираа со Социјалистичката партија на Љубисав Иванов - Ѕинго, ама листата не успеа да го премине прагот од 5 %.
Никогаш во Македонија немало обид за предизборна македонско-албанска коалиција, ниту, пак, за создавање на национална партија на Република Македонија.
E, fala na odgovorot. Ne mislev klub na intelektualci,mi se vrtese samo vo glava deka bese inicirano od nekolku od niv.
nego ne e sekoja partija nacionalna? Mislam otvorena za sekoj? Ako sakam da stanam clenka na DUI nemozam? Prakticno se moze ne? Toa shto se nema zelba i sto lugjeto ne go cinat e najverojatno odgovorot kolku takvo neshto bi bilo uspesno. Ili pak mozebi vekje vospostavenite se tolku ozoglaseni (mislam mozam da zamislam kako bi se gledalo na makedonec clen na DUI, ili albanec clen na Ve me ro). Se nadevam deka pricinata e ova vtoroto. Znam deka vo Kocani imase ogranok na DUI i imashe nekolku etnicki makedonci koi i pristapija - ne ni sakam da se sekjavam na reakciite, na tv so lice, ime i prezime gi istavija lugjeto cinish za mengele i Himler stanuvase zbor :(
епа глеаш.. абе треба едно форматирање на мал. пол. сц. па да вииш...
а тек да не се тие закони за малцинства или националности..
Објави коментар