Издавачите на „поправен“ испит?

2/07/2007

Во постот За неморалот во политиката укажав:

„Ако имаше трошка морал, Никола Груевски јавно ќе ги соопштеше посредниците кои му нуделе мито, ќе ги признаеше наместените огласи и конкурси, и ќе иницираше поништување на резултатите од конкурсот на Министерството за култура.“

Читам, Министерството за култура ќе формира нова комисија ... „поради големиот број приговори пристигнати во Министерството во однос на објавената програма за издавачка дејност“.

Иако издавачите продолжија во стар стил - „Едно те исто“, од Министерството за култура дуваат нови охрабрувачки ветришта.

Честитки за одлуката на Министерот!

„Пиринскиот“ грб на НРМ

2/06/2007

Во образложението на Законот за грбот на НРМ, донесен на 27 јули 1946 год., стои: „Пирин и Вардар го симболизираат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување...“

Видете и Грб на Република Македонија - Википедија.

МНТ во Бугарија - 1946


„Македонскиот народ располага суверено со своите судбини, зборуе и се учи на свој јазик гради своја култура“ (Исечок од статијата „Софискиот печат за гостуењето на Македонскиот народен театар“, Нова Македонија, јули, 1946 година.)

Дали станува збор за Георги Цанев (Георги Цанев Ценов), „Ръководител на Катедрата по история на българската литература (1950-1961). Декан на Историко-филологическия факултет (1951-1952). Директор на Института за литература при БАН (1959-1963)“?

Доброволен групен секс во училница?

2/05/2007

Што вика една експертка, во врска со случајот „порно-клипови“:

- Прашањето е дали малолетниците се снимале доброволно или не. Ако е доброволно, нема место за кривична одговорност, бидејќи секој може да снима што сака.“ (Се обложувале дека можат да имаат орален секс во училиштето!)

Но, што вика законот:

„Тој којшто пред друг врши полово дејство на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“ (чл. 190 од КЗ)

Во законот нема „доброволно“ или не. Значи, се поставуваат две прашања:

1. Дали оралниот секс е „полово дејство“?

2. Дали училницата е „јавно место“?

Се надевам дека немаме толкави почитувачи на ликот и делото на Бил Клинтон кои ќе ја застапуваат тезата дека оралниот секс не е „полово дејство“.

Што се однесува до тоа дали училницата е „јавно место“, иако училниците не се експлицитно споменати во чл. 3 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир (каде што се дефинира "јавно место"), во истиот член е наведено дека „ако последицата настапила на јавно место“ ќе се смета и дека прекршокот настапил на јавно место. Ако се прифати ваквото толкување на „јавно место“ и за споменатото кривично дело, тогаш има основи за сомневање дека е сторено кривично дело.

Да повторам, прашањето дали малолетниците се снимале доброволно или не е сосема друго прашање од прашањето дали можат да вршат „полово дејство на јавно место“!

Некој може да тврди дека цитираниот член важи само за егзибиционисти.

Дури и да е така (иако во законот не го пишува тоа), дали тоа значи дека ученици-егзибиционисти („дркаџии“) слободно можат да изведуваат егзибиционистички акти во училниците?

Ако го прифатиме експертското толкување - „Ако е доброволно, нема место за кривична одговорност - тогаш учениците можат да имаат доброволно и групен секс во училница, и притоа да си се снимаат „бидејќи секој може да снима што сака“!

Што се однесува до клипот, ако се докаже, на пример, дека некој го експлоатира на порно сајт, тогаш има основи за сомнение дека е сторено кривично дело злоупотреба на малолетно лице „за изработување на аудиовизуелни слики или други предмети со порнографска содржина или за порнографска претстава“ (за што следи парична казна или затвор до три години, според чл.193 од КЗ).

Со оглед на тоа дека најверојатно станува збор за постари малолетници, а за споменатите кривичните дела не е пропишана казна потешка од пет години затвор (чл. 86 од КЗ), во случајот би се изрекле само воспитни мерки - доколку судот ја утврди вината.

Што мислите - кој е одговорен и кој треба да се казни за тоа што учениците не ги познаваат одредбите од кривичниот законик?

Кој е одговорен за тоа што средношколците не ги познаваат своите сексуални права и одговорности?

Трагикомедија

Навистина потресна приказна: Платил 3.000 евра и останал без невеста

Кутрите ергени од Битолско! (Мизерија невидена!)

Не знае човек дали да се смее, дали да плаче:

„ - Случајно се сретнавме во Ѓавато, а селаните го замолија како момче од град да ми најде невеста. Тој рече дека се' ќе исполни само ако му ја платам услугата. Прво ми зеде 300 евра за да ми донесе мома од Струмица, шест години помлада од мене. Потоа ми побара 2.000 евра за да ми обезбеди инвалидска пензија со врски.“

До кога бре ќе ги сожалуваме тие што сакаат да купуваат жени?

До кога ќе ги сожалуваме тие што даваат по 2.000 евра мито за обезбедување „инвалидска пензија со врски“?

Ме фаќа ужас од тоа како новинарката Жанета Здравковска ги зајакнува постојните традиционални стереотипи кои поддржуваат трговија со жени и коруптивно однесување.

А проблемот со отсуството на жени во некои средини воопшто не е мал, и за негово решение е потребен системски пристап. Токму затоа е потребно да се развиваат долгорочни политики за родова еднаквост на сите нивоа.

МАССО обвинува!

2/03/2007

„Професорите д-р Георги Чадловски и Олга Мурџева-Шкариќ шират хомофија во учебниците за високо образование, обвини Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација (МАССО), на вчерашната прес-конференција.“

(Познати професори шират хомофија во учебниците )

Други релевантни линкови:

Втори февруари не е ден на хомосексуалците, порача МАССО

МАССО: Втори февруари не е ден на хомосексуалците

МАССО потсети на правата на хомосексуалната популација

Лекарската комора да ја спречи хомофобијата

Хомосексуалците во Македонија против 2 февруари нивен ден- тоа е македонска измислица што ги дискриминира

МАССО: ВТОРИ ФЕВРУАРИ НЕ Е ДЕН НА ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ

па, и

Препорачана блог-прошетка (фала Шепард).

„Јаболкото на раздорот“

2/02/2007

„Жарко, те молам да ми објасниш како се признава еден народ од друга држава?“ („Жарко, моля те обясни ми как се признава един народ от друга държава?“) - прашува еден анонимен коментатор на постот „Бугарската гордост“.

Еве три интересни примера, како:

1) „По долги, упорни и крвави борби, македонскиот народ најпосле му покажа на 2 август о.г. на целиот свет, дека правото за самоопределување на народите не се дава, а се извојува... Се разбира дека македонскиот народ наполно ќе ми поверува ако му кажам, дека неговата радост поради неговата голема победа и оправданите негови надежи за блескава иднина на неговата нова држава ги дели најискрено и братскиот бугарски народ...“ (Тодор Павлов, регент на Бугарија, Софија, 20.X.1944, превод од „Работническо дело“, 21.X.1944 год., од книгата „Од признавање до негирање: бугарски ставови за македонското прашање“, Култура, 1976 год., стр. 32)

2)„Софиа, 9 март.

Во својата голема реч, произнесена пред конгресот на НОФ во Бугариа, претседателот на бугарското правителство, г. Кимон Георгиев кажа мегiу друго и следното:

„Ние искрено му пожелаваме на македонскиот народ да си го осигури правото на самоопределение, и сме убедени, дека по тој начин, Македониа, от јаболка на раздор, каква била порано, ке се преврти во алка на разбиранје и сближуенје мегiу балканските држави. Това наше основно разбиранiе се покрива наполно во создаванiето на македонска федерална единица во рамките на федеративна и демократска Југославиа коiа е едно од многите доказателства за мадроста, државноста и смелоста на легендарниот, на југословенските народи водач, маршал Тито“. (Нова Македонија, бр. 58, 1945)

3) „Отечествениот фронт смета, дека треба да направиме се што е неопходно Македонија еднаш засекогаш да престане да биде јаболко на раздорите на Балканот, да стане обединителна алка меѓу Бугари и Срби, меѓу нова Бугарија и нова Југославија (ракоплескања). Не поделба на Македонија, не борба за нејзино завладување, туку почитување на волјата на Македонците, чиј основен дел ја доби својата национална слобода и национална рамноправност во рамките на Југословенската федеративна народна република (ракоплескања).“ (говор на Георги Димитров во Народното собрание на 25 декември 1945 год., превод од „Работническо дело“ од 26.XII.1945, од книгата „Од признавање до негирање: бугарски ставови за македонското прашање“, Култура, 1976 год., стр.65)

А од овој извадок од интервјуто со Жељу Желев од 2003 год. може да се согледа зошто Македонците имаат чувство дека сеуште се негирани како народ:

„-Во принцип, јазик и нација во меѓународното право не се признаваат. Меѓународното признавање на една држава означува признавање на нејзината територијална целина, на нејзиниот суверенитет. И тоа го направивме. Бугарија прва ја призна Македонија.
Вие како претседател тогаш дадовте една необична изјава: ја признаваме државата Македонија, но не и македонската нација. Дали имаше потреба да го кажете тоа?
-Не, тоа не сум го кажувал така?
Меѓутоа, подоцна, бугарските медиуми во повеќе прилики токму така Ве цитираа кога пишуваа за нерешениот спор за јазикот.
-Кај нас има сешто. Ние прашањето тогаш го поставивме многу елегантно и така се случи. Ние пропуштивме многу шанси, загубивме неколку години. Потоа нештата тргнаа.“ (Интервју во „Утрински Весник“, број 1197, 2003)

Меѓутоа, за Македонците од Република Македонија поблиско е следново тврдење, кое го наведуваат и проучувачите на бугарскиот „македонски“ национализам:

In 1992 Bulgarian president Zhelyu Zhelev explicitly stated that Bulgaria recognized the state of Macedonia and not the nation...“

Bulgaria’s recognition of the Macedonian state (the first country to do so in 1991) initiated a period of a peculiar ambiguity in its foreign policy, as it refused to recognize a Macedonian language and nationality.“

Јасно е како бел ден дека Бугарија и денеска продолжува да не го признава македонскиот јазик (обрасците за визи се само на бугарски јазик), и покрај тоа што постојат и мислења дека расправата за јазикот е официјално разрешена:

„Bulgaria and Macedonia resolved the so-called language dispute in 1999, when Bulgaria recognized Macedonian language in return for Macedonia’s affirmation that it would not interfere in Bulgaria’s domestic affairs.“ (Bulgarian “Macedonian” Nationalism: A Conceptual Overview).

Во однос на прашањето за јазикот, Желев во 2003 направи интересен дипломатски гест:

„...од македонска страна се заинатија за јазикот. Ние никаде не го поставувавме прашањето дека не го признаваме македонскиот јазик. Ние го поставивме прашањето на друг начин - ние сме политичари, ние не можеме да го решаваме прашањето на јазикот. Тоа се прашања за лингвистиката, која е строга наука и која има математички методи. Лингвистите можеа да кажат дали македонскиот е друг јазик, дали е некаков дијалект на бугарскиот јазик. Тоа не е работа на политичарите.“ (Интервју во „Утрински Весник“, број 1197, 2003)

Се извинувам, ама изјавата е многу наивна - кој бре се заинатил за јазикот?

Ем не ти го признава јазикот, ем го негира тоа, ем вика дека си инаетчија!

А непризнавањето на јазикот не се огледа само во документи, туку и во гестови - отсуството на официјални преведувачи, обрасци за визи единствено на бугарски јазик - па и во тоа дека Бугарија воопшто не го доведува под прашање хрватскиот јазик како српски дијалект, тврдејќи дека „Тоа се прашања за лингвистиката, која е строга наука и која има математички методи.“

Непризнавањето на етничкиот идентитет и мајчиниот јазик е повреда на достоинството на човекот и основа за недоразбирања и конфликти.

Во коментарот на постот „Бугарска“ љубов! напишав:

„...се залагам за тоа сите кои овде се чувствуваат Бугари, Б'лгари или Болгари да можат да си го изразат идентитетот, и да формираат здруженија или партии преку кои на мирен начин ќе ги промовираат своите убедувања, без разлика колку тие мене ми се допаѓаат или не.“

Се залагам и сите кои што се чувствуваат како Македонци во Бугарија да можат да си го изразат идентитетот, и да формираат здруженија или партии преку кои на мирен начин ќе ги промовираат своите убедувања, без разлика колку тие им се допаѓаат на Бугарите.

Како што осудувам македонски шовинисти кои тврдат дека сите Бугари се Татари, исто така осудувам и бугарски шовинисти кои тврдат дека сите Македонци се Бугари!

Претпоставувам дека достоинството на повеќето Бугари би било погодено ако Македонците почнат јавно да тврдат дека бугарскиот јазик е всушност руски дијалект! (Некои кинески лингвисти веројатно би се согласиле со тоа.)

За русификацијата на бугарскиот јазик можете да прочитате и кај тетка Вики:

Today one difference between Bulgarian dialects in the country and literary spoken Bulgarian is the significant presence of Russian or Church Slavonic words and even word forms in the latter.

Подеднакво смешни ми се тврдењата дека бугарскиот јазик е руски дијалект, како и тврдењата дека македонскиот јазик е бугарски дијалект!

Но, воопшто не е смешно кога со некои тврдења се оспорува нечиј идентитет, и се гази по неговото лично достоинство!

Конвенција за „лицата со инвалидност“?

2/01/2007

Го прочитав Обраќањето на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на македонската промоција на Конвенцијата на ОН за лицата со инвалидност.

Ме потсети на коментарот на Анти, на мојот пост Крик против непристапноста!:

„Жаре знаеш што е поголем проблем од ова? Тоа што се уште ги викаат ИНВАЛИДИ, но и сеуште ги СМЕТААТ за инвалиди. За НЕ валидни, за отпадоци. Имаат само сожалување за нив. Не ги сметаат за рамни на себе.
А многу од нив (имам и лични познанци со хендикеп) се дури и поспособни од многу од нас.
Значи, поголем проблем е свеста дека се отпадоци, фабрички грешки...“

Во случајов, станува збор за погрешен превод на UN Convention on the Rights of Persons with Disabilities, каде што терминот „disability“ е погрешно преведен со „инвалидност“.

Колку што можам да забележам, здруженијата на граѓани почесто ги користат изразите „лица со хендикеп“ и „лица со посебни потреби“, иако кај нас има и здруженија на „воени инвалиди“.

Психолози или хомофоби?


Одиш кај медицински психолог, и тој ти кажува дека си „душевно растроен“, и дека твојата ментална болест „тешко може да се лекува“, затоа што - „Не се станува хомосексуалец, хомосексуалецот така се раѓа“.

Одиш кај развоен психолог и таа ти го кажува спротивното - дека „Хомосексуалноста е избор, а не судбина“. Таа признава дека „хомосексуалноста не е веќе на листата на ментални пореметувања“, ама дека сепак имаш проблеми со сексуалната ориентација. Меѓу другото, и поради „фактот“ (?!?) дека „денес се повеќе токму хомосексуалците хомосексуалноста ја наметнуваат како да е она што би требало да биде“. (Шкариќ, Олга Мурџева. „Развојна Психологија, Филозофски факултет, Скопје, 2004, стр. 215)

Излегуваш со збрка во главата, со чувство дека си наметлив и дека ти си тој кој има проблем (а не општеството) поради тоа што си отфрлан, исмеван, физички напаѓан, и што погрешно те сметаат за најчест преносител на сидата.

Одиш на интернет и го наоѓаш документот на Американската психолошка асоцијација - APA Policy Statements on Lesbian and Gay Issues - насочен кон елиминирањето на дискриминацијата кон хомосексуалците. Читаш, и се прашуваш: Кој им дал право (и лиценца) на Чадловски и на Шкариќ јавно да ги дискриминираат хомосексуалците, наместо да го прават токму спротивното - да бидат активни и јавни учесници во борбата против дискриминацијата и социјалното исклучување на хомосексуалците?

Да потсетиме, тоа се лица што треба да им пружаат професионална психолошка помош на хомосексуалците во нивната борба за остварување на правото на сексуална ориентација, на правото на лично достоинство и правото на сексуално здравје. Тоа ти е како да одиш на лекар, а тој те отфрла затоа што си болен, наместо да ти пружи лекарска помош.

Кога конечно вистинските психолози ќе излезат во јавноста и ќе се оградат од своите „колеги“ кои го срамотат името на психологијата како наука?

За неморалот во политиката

Демократијата изгуби на конкурс, вклучително и на конкурсот на Министерството за култура.

Еве што изјавува еден од одлучувачите:

Дали требаше и јас како член на Комисијата за култура да ја продолжам дискриминацијата кон Маја Апостолоска само затоа што таа ми е сопруга?

(Инсинуации и играчки со читателите).

Признавам, ваков идиотски аргумент одамна не сум чул. Човекот морал да пријави конфликт на интереси и, во најмала рака, да се изземе од одлучувањето.

Одговорот на „Дневник“ е мошне јасен:

Јасно е како ден дека Јовица Тасевски - Етернијан ја злоупотребил функцијата член на Комисијата за издаваштво кога и' одобрил пари за книга на својата сопруга. Тоа во светот е познато како класичен непотизам.“ (Не беше за сопругата, туку за моралот на сопругот).

Ако не се лажам, вчера на некои вести слушнав дека Владата апелира за враќање на моралот во политиката.

Ако имаше трошка морал, Љубиша Георгиевски ќе си дадеше оставка по одлуката на Комисијата за култура, и ќе се посветеше на своите собрани дела, сценариото за филм, и театарските претстави.

Ако имаше трошка морал, Никола Груевски јавно ќе ги соопштеше посредниците кои му нуделе мито, ќе ги признаеше наместените огласи и конкурси, и ќе иницираше поништување на резултатите од конкурсот на Министерството за култура.

За разлика од нив, новиот јавен обвинител испадна ептен морална личност - не му засмета тоа што беше избран според закон кој не е во согласност со Уставот и не скри дека имал блиски пријателски врски со семејството Мијалкови.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week