Македонската борба

12/03/2008

Македонската борба е мртва. Нема ни трошка сомнеж во нејзината безживотност. Прашање е само кога го има испуштено последниот здив. Непоправливите песимисти тврдат дека испуштила душа уште на првиот Илинден 1903 (кога се' уште беше жива идејата за целокупна Македонија) или во Букурешт 1913. За поумерените, смртта настапила по вториот Илинден, со политичката елиминација на Ченто, или со Титовото „не“ на Сталин 1948. Потенцијални симптоми за смртта се и југоносталгичарското референдумско прашање 1991, откажувањето од уставното име и знаме при приемот во ОН 1993, трампањето на сонцето од Кутлеш 1995, рамковниот мировен договор 2001, неуспешниот референдум 2004, дебаклот во Букурешт 2008...

Сепак, симболичката смрт на македонската борба настапува со одлуката на Владата да изгради историски музеј „Македонска борба“! Со почетокот на изградбата на музеите на ВМРО и на жртвите на „комунизмот“ македонската борба дефинитивно заминува во историјата, претворајќи се во восочна фигура. Дали следната фаза од „историската“ борба ќе биде изградба на музеј на жртвите на ВМРО?

Нашиот премиер може колку сака да не' убедува дека борбата продолжува - за уставното име и „нашиот идентитет“ или за што и да е друго. Џабе му е. Ахмети уверливо му докажа дека македонската борба е мртва, за разлика од албанската борба. Не случајно, на Денот на независноста на Албанија, тој го отвори музејот на ОНА („Музеј на слободата“) „токму во главниот град на Дарданија“ - Скопје. Колку за потсетување, античкото име Дарданија е заштитен знак на неофицијалното знаме на Косово дизајнирано од Ибрахим Ругова, како и на „печатот на претседателот на Косово“. Токму грчката „македонска борба“ го застапуваше аргументот дека Скопје е во Дарданија, надвор од територијата на античка Македонија.

Но, не сме ние „параноични Грци“, па веднаш да дигаме џева дека употребата на името Дарданија подразбира територијални претензии. Не сме ние толку параноични да веруваме дека ѕвездичките на официјалното косовско знаме се проекција на некоја идна Косовска унија. Бездруго, секаква реакција би била хистерична во време кога претседателот на косовскиот парламент „добронамерно“ се заканува со обединување на Косово со Албанија. Нема место за никаква загриженост ниту кога нашите „неекстремни“ аналитичари искрено и добронамерно го поставуваат прашањето „Зошто да живееме во пет држави ако можеме во една?“

Независно од молкот на „борбениот“ премиер, церемонијалното отворање на „Музејот на слободата“ во „главниот град на Дарданија“ поттикнува неколку интересни прашања: Што, кого и од кого ослободувала во 2001 армијата што имаше иста кратенка како и косовската УЧК? Зошто ВМРО-ДПМНЕ не го обвини Али Ахмети како предавник на државните интереси, иако и тој застапува слични ставови како Грците? Ако Скопје е навистина „главниот град на Дарданија“, зошто не му предложиме на Нимиц „рамковно“ решение на маратонскиот спор со формулата Република Македонија (Дарданија)? Најпосле, ако музеите придонесуваат за надминување на конфликтите, зошто Груевски не го отвори Музејот на ВМРО во Солун, како „Музеј на слободата“ во „главниот град на Македонија“?

Јасно е дека премиерот ниту може ниту, пак, сака да го направи тоа. На Груевски му е многу поважна борбата со Црвенковски и коалицијата со Ахмети отколку македонската борба. Инаку, „македонската борба“ немаше да ја претвори во излитена пропагандна флоскула ползувана за дискредитирање на партиските противници.Разбира се, и Црвенковски и Груевски имаат многу повеќе сличности отколку што може на прв поглед да се претпостави. Обајцата ја претпочитаат меѓусебната борба и партиските интереси за сметка на македонската борба и државните интереси. И едниот и другиот грчовито се борат за политичка амнестија по заедничкиот дебакл во Букурешт.

Ете, и Црвенковски почна да не' убедува во прикаската дека ни Вашингтон не очекувал таков исход во Букурешт. Очигледно, претседателот не бил информиран за сведочењето на Даниел Фрид пред сенатскиот Комитет за надворешни работи од 11 март 2008. Фрид јасно укажува дека спорот „се заканува на НАТО-кандидатурата на Македонија“ и дека „без решение на овој проблем, Грција рече дека ќе ја блокира поканата за Македонија да му се придружи на НАТО“. Наспроти проценката на Црвенковски, не беше Грција ставена во или-или ситуација - или да прифати наше членство со референцата, или да прифати „Република Македонија (Скопје)“. По Букурешт ние бевме и сме ставени во или-или ситуација - или да изнајдеме заемно прифатливо решение со Грција, или да се откажеме од желбата за членство во НАТО.

Залудни се изјавите на политичарите дека сме морални победници. Ако им беше битен моралот, не требаше да бараат членство во воен сојуз одговорен за тешки кршења на хуманитарното право. НАТО никогаш не бил клуб на морални луѓе. Впрочем, тоа се гледа не само од наметнувањето дополнителен услов за наше членство туку и од тврдењето дека прашањето за името не е НАТО-прашање. Што друго ни преостанува, освен да се думаме зошто зад дополнителниот услов сега застануваат сите членки на алијансата?

Не можејќи да ја прифатиме народната „кај што има сила нема правдина“, побаравме правда во Хаг. На сите им е јасно дека, и во случај на позитивна пресуда, Грција може повторно да ја ескивира привремената согласност од 2005, која не е обврзувачка за НАТО. Проблемот го одложивме на неодредено време, коцкајќи се со нашата иднина.

Во меѓувреме, божемната македонска борба за „уставното име“ продолжува со нов преговарач, без да се отповикуваат претходните. Ако досега имавме симптоми на двојна личност, отсега ќе го манифестираме христијанскиот парадокс на троединството (народски кажано - „три во едно“). И пак станува актуелен вицот за тројцата Македонци, во следнава варијанта: Ако едниот е комита, а другиот војвода, кој од нив е кодошот?

17 коментари:

Анонимен рече...

Впрочем, тоа се гледа не само од наметнувањето дополнителен услов за наше членство туку и од тврдењето дека прашањето за името не е НАТО-прашање.

Строго погледнато името не е проблем – проблемът идва от това, че никой не иска съюзник-скандалджия, или съюзник, който вместо да носи сигурност, донася кавги и раздори. Това е големият автогол на македонското правителство – превърна един незначителен въпрос в огромен слон. Сега даже всички страни от НАТО да кажат на гърците „Не се ебавайте“ - гърците винаги могат да дадат този довод: „Република Македония носи конфликт със себе си“

А трябваше още преди години да се направи компромис и да се мине по тънката лайсна. Сега вече няма как – ще се наложи да се отстъпва за сериозните неща. А ако беше преди години - щеше да е малко отстъпление. Е, остава и алтернатовата да станете част от ОНД;-) (пази Боже!)

Анонимен рече...

Жаре, искам да те поздравя за текста! В последно време македонската преса не предлага нищо интересно – поне от една година насам пресата в Македония е забележително скучна.
Твоите текстове са едно приятно изключение, поздрави!

Unknown рече...

"никой не иска съюзник-скандалджия, или съюзник, който вместо да носи сигурност, донася кавги и раздори."
Stojco, vakviot imidz za Makedonija ne go sozdadovme nie, tuku nashite sosedi. Nie samo im pomagame da se zacvrsti loshata slika.

Анонимен рече...

Mnogu si zolcen bre Zhare,poln so gorcina i bes i toa protiv nas,poveke gi velicis shiptarive i grcive nego nasive pa bilo kakvi da sme.Da e do tebe istorijata makedonska sigurno bi zastanala uste poodamna ama za sreka ne e do tebe.I ne mesaj ziti majka Dardanija so Skopje,vremenski se cela svetlosna godina oddaleceni eden od drug,shiptarite ostavigi neka si se poistovetuvaat so sto miluvaat(itaka se promaseni) a ti batka za da bides pokorisen za Makedonija nasocija gorcinata tvoja kon EU i NATO so nivnata kurvinska politika i trolicnost.Crvenkovski za sreka ke go gledame uste 3-4 meseci i tolku,nego ovoj Gruevski ke te jade nesto podolgo vreme,neznam kako ke izdrzis a vo megjuvreme,dobro ti stoi zelenata boja na poluverceto. Sega do ovoj "bugarinot" - decko da zemes da ja procitas knigata "Koi sme nie bugarite" - od Petar Dobrev ili uste podobro"Bugarite imaat problem so identicnosta nivna" - od Stefan Vlahov Micov,pa posle da te vidam da jades burek,jasno???????? Kopuk eden.

Анонимен рече...

Posle komentarov na ova zalno bugarce treba da ti e jasno batka vo cija tikva duvas so tvoite pisuvanja,neli? Toa barem ne e visha matematika.Toa so alfite sto go imase napisano prethodno,navistina zalno od tebe......daj preispitaj se malku,ne zabeguvaj do tolku.

Анонимен рече...

Aj odi leci si gi frustraciite na drugo mesto, oti samo go potvrduvas bugarskiot stereotip deka sme kavgadzii :)

Анонимен рече...

Kade sega vide frustracii batka bas me interesira,ne e loso i ti da gi procitas knigite so "bugarinot"zaedno mozebi ke se osoznaete podobro i nema tuka nikakva kavga,bre,bre,bre sto ne krepi ovaa zemja.

Хесапов рече...

Ще дам една връзка, която само на пръв поглед няма отношение към текста на Жарко Траяноски и коментариите за него, но в действителност има много неща важни за сегашна Македония. Просто поглед от страни на хора, свързани със страната и проблемите и....
http://www.geocities.com/mwfbg/Vardar-Bulgarians.html

Анонимен рече...

"... Илинден 1903 (кога се' уште беше жива идејата за целокупна Македонија..."

Нищо вярно. Тогава все още беше жива идеята чрез автономия да се стигне до целокупна България. Жарко, крайно време е да оставите югославската концепция за македонска нация преди 1918 година като лишен от документална основа политически мит. Ако искате да сте етнически македонци - имайте си Втория Илинден и АСНОМ, но Илинден 1903-а на българското екзархийско революционно движение не македонизирайте ретроактивно.

Един българин

Анонимен рече...

Хехе, Жаре - каквото сам си направи човек, никой не може да му направи. Позицията ти напомня позицията на някои български политици по темата за лошия имидж на България пред европейските институции;-)
Та на вашите съседи им е все едно какви сте - стига да не правите скандали там, където ги няма

Анонимен рече...

Жарко, има многу вистини во тоа што си го напишал.

Стойчо, знаеш ли што изјави еден наш интелектуалец вечерва? Дека во времето на Југославија сме си живееле убаво оти сме биле ни ваму, ни таму; ни со Америка, ни со Русија. Истиот заклучи дека во моментов Америка ја губела светската моќ и не требало да брзаме во НАТО затоа што пак можело да дојде таква ситуација каде Македонија заедно со некои од бившите Југословенски републики да се обединеле и да направеле неутрален сојуз, т.е. Нова Југославија. Ете затоа не го решаваме проблемот со името, затоа што веќе со месеци наназад во Македонија дејствува српска и пројугословенска пропаганда.

Слободно и Жарко може да потврди дали е така или не. Имало ли некогаш толку пројугословенска пропаганда и србоманија во Македонија како сега? На сите национални телевизии се изнагледавме српски филмови и емисии како „Преживеан Србија“, „Орепација Тријумф (Србија)“ итн.

Ете затоа некои не сакаат да се смени името БЈРМ оти тоа Ј е света буква за нив и секој ден работат пак да сме си Југословенска Република.

Анонимен рече...

Ова „три во едно“ ми звучи како оние инстант пакувањата на Nes кафе. Ама се лошиии. Врска немаат со оригиналот. А јас баш го пијам несот со млеко и со шеќер.
Ништо, од утре поставувам ултиматум. Или ќе ги направат достојни тие инстант кафиња или не сакам да чујам ни Е од ЕУ :)

Анонимен рече...

Ту бре Жаре , никако да те намолам наместо издржани критики или иронично -саркастични есеи ЕДНАШ И ПО МАКАР ЕДНО ПРАЖАЊЕ ДА ДАДЕШЕ ИДЕЈА ИЛИ ТВОЈ СТАВ-КАКО И ШТО ТРЕБИТ ДА СЕ ПРАИ’.
Е баш не можам да се начудам како тоа мојот креативен пријател стана колумнист равен на оние кои отсекогаш ги сметал за крлежи на телото на македонскиот народ и ДЕБАТНИК по разноразни трибини од кои маглата само се згуснува а „македонската борба“ станува празна флоскула.
Еднаш да видев барем како ги вкрстувате колумните ако не и КОПЈАТА со грчките , бугарските , бриселските или американските „копјаници/колумнисти“.
Еби му мајката ама станува ДОСАДНА ЗА СЛЕДЕЊЕ „КРВАВАТА БИТКА“ меѓу Теута, Биљали ,Ахмети наспроти Фрчко,Жаре,Најчевска, Грујо и Бранко.
И сличните „беспоштедни“ дуели.
Ајде за промена ако можи малку ИДЕИ И РЕШЕНИЈА.
Или „борбата“ е за -КОЛУМНИСТИЧКИОТ НАДОМЕСТОК?!
Колку што знам И ТОЈ баш и не е некој „камен“.
За редовната исплата пак - ич муабет да не правиме.

Мирко Христов-Струмица

Анонимен рече...

Mirko, care. Uste ni se svezi vo sekjavanjeto tvoite idei i resenija. So predlagas ti - site kolumnisti da dadat ostavka i da zaminat so bombi u planina? :)

Анонимен рече...

Стойчо е прав. Аз нямам нищо против самоидентификацията на който и да е гражданин на Република Македония, тя си е право на самите македонски граждани, но след като македонската държава с години не позволява да се възобновят българските военни гробища на македонска територия според международното право и нормите на морала и води грозна пропаганда против това възстановяване - аз съм за българско вето на определянето на дата за начало на преговорите до решаване на този проблем. В обединена Европа няма място за такива националистически троглодити, които не дават дори на мъртвите право на нормален гроб!

Един българин

Анонимен рече...

Anonymous said...

Mirko, care. Uste ni se svezi vo sekjavanjeto tvoite idei i resenija. So predlagas ti - site kolumnisti da dadat ostavka i da zaminat so bombi u planina? :)

2:52 PM

Не бре АНОНИМЕН ЈУНАКУ, не да дадат оставка сите колумнисти и да ... туку да почнат да „шутираат“ од коментари факви јуначишта ДОДЕКА И САМИТЕ НЕ СТАНАЛЕ КАКО ВАС.

п.с.Него да кажеше каде да ти(ВИ)подигнеме спомен обележје и НА ВАС, НАЈХРАБРИТЕ ВО ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ та да узнајат поколенијата ви колку мака сте виделе со царевите како мене.
... Јадните и напатени вие, македонски модерни(незнајни) херои.
Мирко Христов -Струмица

ramadan ramadani рече...

Секој со своја борба!
Пред почетокот на читањето на текстот имав една надеж дека конечно некој од толку паметни македонци кои ги знаеме од јавноста, се сетил на недбранивиот потег против Грција-да предложи преговарачот за спорот со име да стане некој албанец. Тоа и лично го очекував од Жарко. Но залудно, тоа што го прочитав беше неумешно споредување на борбите. Секој човек има своја својствена борба, па така и народите. Албанскиот пример не личи на македонскиот. Ние сме различни лиги, судиите тие што се и фала на Бога што сами не ги одредуваме. Ние албанците во Македонија сме двапати мали-еднаш во ова држава како кога упорно со нелегалното конституирање на советот за култура при Министерството за Култура, и со истрајавање во таа грешка не потсетувате. И уште еднаш мали во однос на тоа дека сме нешто повеќе од десет посто од вкупните албанци во Балканот. И се однесуваме како големи, битни и реално мнозинство. И јас самиот еве се усудувам да го предложам предлогот за преговарач албанец од почетокот на текстот. Да сум македонец, а не сум, би назначил преговарач албанец можеби на две недели само да го видам изразот на лицето на госпоѓа Бакојани од овој непредвидлив потег. Но ни албанците не се македонци ни македонците албанци и тоа го одредил еден единствен Бог, кој ствара различно да ни ја докаже својата семожност. Ние не личиме а ни борбите не ни личат, а нема подобро аргументирање за ова мое тврдење од фактот дека еве македонците се мнозинство во ова држава а се однесуваат како малцинство. Жарко посакува да има УЧК македонска и музеј на слободата а всушност си има и ВМРО, и МВР и АРМ и музеј на борбата. Борбата за држава завршува кога ќе ја направиш државата. После почнува борба за очувување на државата. Тие борби не се исти, но и двете се прават споделувајќи. Државата е широк кревет, кој на една страна е ладен ако фали другиот.
Рамадан Рамадани

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week