Како граѓани, имаме право да практикуваме демократија.
Иако уште веднаш ги собравме првите сто потписи за граѓанската иницијатива за распишување референдум „за или против изградба на црква, џамија и други верски објекти на плоштадот Македонија“, вчера продолживме со собирањето потписи на градскиот плоштад. Бујрум, можете да ја дадете својата поддршка, независно дали сте од општина Центар (каде што ќе се распише референдумот), или од некоја друга скопска општина (потписи за поддршка), на следниве пунктови:
- Плоштад Македонија, секој работен ден од 18 до 21 часот
- Културен центар Точка, секој работен ден и в сабота од 10 до 17 часот
- Кај фонтаната во Градски парк, в сабота и в недела, 16 и 17 август, од 10 до 14 часот.
Еве и една моја изјава, дадена за А1: „Мислам дека плоштадот треба да биде јавно место, достапно на сите. Ако биде црква, или џамија или било кој друг објект, којшто нема да биде достапен на сите, тоа нема да биде плоштад Слобода“, вели Жарко Трајановски, од невладината „Граѓани за европска Македонија“. (Политичко-верските препукувања како основа за меѓуетнички тензии?)
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Почитуван Г-дине Трајановски, бидејќи не постои друг начин, ќе ја „злоупотребам“ оваа форма на коментари за да Ви честитам на последниот натпис во неделникот „Сега“ околу делото на Тодор Александров. Обејективен, без догми, критичен и пред се историски вистинит текст. Чиста 10, можеби само би додал дека Тодор Александров е канонизиран како светец од Бугарската Православна Црква.
Бидејќи Ве респектирам за искрено вистинолубив ум,ќе си ја земам слободата да Ви ги препорачам литературните дела на Димитар Талев посебно „Железниот светилник“, и секако да се информирате за активностите на србскиот висок дипломат од 19 и 20 век, Стојан Новакович.
Ќе си ја земам и слободата да посочам дека најголем дел од денешните Македонци кои си го имаат сочувано националното самочуствие идентично на тоа на нашите предци пред 1943 година, се искрени подржувачи на независна и ДЕМОКРАТСКА Македонија, се разбира членка на ЕУ и НАТО. Од тој аспект како таков/такви сум/сме и бевме и сме силни противници на сите кои го кочат и уназадуваат демократскиот капацитет на РМ по нејзиното осамостојување, било да се од т.к.н десница било од т.к.н левица.
ЧЕСТИТКИ!!!
Се или ништо за Македoнија
мојата ланска колумна за Александров.
текстот во „Сега“ е на мојот колега и пријател Жарко Јорданоски.
Баш ме интересира твој коментар.
:)))
Се извинувам,...но Жарко да е па и от кал да е...
А бе ние милни очи за малку објектвност правиме тоа е тоа
:)))
ПОЗЗ
Објави коментар