Еве што напишав лани:
„Зошто сум против ден на човекови права?
Затоа што на тој ден им се пружа прилика да си ја смират совеста оние кои останатите 364 дена во годината не направиле ништо за промоција и заштита на човековите права.
Секој ден од годината е ден на човековите права!“
Еве и дел од вчерашната изјава за Шпиц:
„Аналитичарот Жарко Трајановски вели дека луѓето во Македонија малку си ги знаат правата, па затоа има и малку поплаки за нивно кршење.
- Државните институции имаат обврска за промоција на човековите права, но потфрлаат во таа нивна обврска за да не си отворат дополнителна работа со постапки за кршење на правата - вели тој.“
Еве и уште неколку необјавени поенти кои му ги укажав на новинарот:
Во Македонија е бесмислено да се зборува за уставна заштита на човековите права, затоа што само граѓанинот има право на уставна заштита.
Исто, само граѓанинот има право да биде запознаен со човековите права.
Практично, уставот ги редуцира правата на човекот во права на граѓанинот.
Човековите права се претвораат во карикатура, кога механизмите за нивна заштита се непознати и/или неефикасни.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
Monotoni se tvoite postovi decko,prepolni so negativna energija i toa kako se imas skoncetrirano sve kon Makedonija,te abortiranjeto bilo ubistvo (so tie tvoi "filozovski" ubeduvanja za embrionot dali e "covek" ili ne.....za prvite nedeli.....batka cisto gubenje na vremeto) te alfite ti smetale,te so tvoite tantalovi maki na Makedonija,te Gruevski ti smeta (ama mora da go gledas za podolgo vreme,na tvoja nesreka) sega pak se fati i za coveckite prava vo Makedonija.......drn,drn,drn jarinja se nesto bilo sto samo da e vo negativna konotacija,tolku li si mracen vo toa dusata..........pa ete pisuvaj,doagjaj do zaklucok .......za pravata na Makedoncite vo sosednite zemji....i t.n.....najdi nekoja posvetla tema po krikladen nacin na kritika...........zapamti edno......kritikata moze da e i p o z i t i v n a.
Пријателе, повеќе пати сум пишувал за правата на Македонците во Грција и Бугарија на мојот блог, прочепкај малку.
А се што кажа за мене, најмногу важи за твојата критика кон мене. Монотони се твоите омаловажувања, преполни со негативна енергија, не знам зошто толку си опседнат со мене, што толку ти смета моето пишување, и зошто си толку мрачен во душата. Не знам зошто и ти не најдеш некоја посветла тема, и зошто постојано какаш на мојот блог. :)
Како што пишав еднаш предходно, блогот е многу лош за навигација и пребарување на предходните теми така да тие во кои си пишувал за правата на Македонците во други земји исто ко да не си ги пишал. Друга работа е што многу често пишуваш за правата на граѓанинот во Македонија па еве тоа не ти пречело да пишеш повторно на таа тема. Зошто да не напишеш нешто и за нашите во ЕУ? Впрочем, после толку текстови во кои жолчно ја пропагираш ЕУ мислам дека е фер да се напише нешто и за оваа, на Европа не толку омилена тема.
'блогот е многу лош за навигација и пребарување на предходните теми така да тие во кои си пишувал за правата на Македонците во други земји исто ко да не си ги пишал' - eve edna tema za blogoteoreticarite, si pishal amo ko da ne si pishal, paradaksot na blogot?!? :-)))
Zhare batka,nemoj da se s`kldisuvas ne sum opsednat so tebe,sega uspae da me nasmees,navistina udiras tolku negativna kritika kon vlasta, pa neznam kako ne mozes da uvidis deka pretera,Daleku od toa deka se idealni ama koga ke gi sporedis so sdsm ovie navistina mozat voda da im nosat,zatoa i rejtingot si go kazuva svoeto.Edno nesto mozese da napises pozitivno........ete na primer, za penziite na zasluznite sportisti,potez koj navistina e na mesto i e jako dobar za podiganje na rejtingot megju "masata",neli?So taa razlika sto na sdsm toa ne im teknalo.....bidi mi pozdraven batka.Koga ke te komentira onoj "bugarinot" da znaes si ja "utnal" rabotata.
Нема шанси да пишува за такви теми зашто тоа по ниедна линија не ја тангира европската иднина на македонија. Башка и ја претставува во позитивно светло власта а еден сериозен блогер не смее да си дозволи да не биде негативно настроен кон владата, нели? :)
До тој анонимусот кој напишал:
„Monotoni se tvoite postovi decko,prepolni so negativna energija...“
Не се монотони и полни со негативна енергија постовите на Жарко. Монотона и полна со негативна енергија е ситуацијата во нашата Македонија, а Жарко само ја отсликува таа реалност која некои заблудени ОВЦИ (дпмне-овци, сдсм-овци итн.) како тебе не сакаат да ја видат. Ако ситуацијата во Македонија наместо црна беше розова и пишувањата на Жарко ќе беа розови.
Барањето на права за Македонците во соседството е чиста утопија и одвлекување на вниманието на народот во Македонија од секојдневните проблеми и бесперспективност. Во соседството освен некои организации составени од по 5 души финансирани токму од нашата влада, нема никакво позначајно наше малцинство и тие се бројат на прсти. Тие кои живеат во Грција веќе со години наназад се граѓани на Европа, земаат плати 5 пати поголеми од нашите. Тие кои живеат во Бугарија веќе со векови наназад ја владеат Бугарија. Колку ли претседатели, премиери, министри, пратеници, професори со македонско потекло имало и има во Бугарија. Во моментов и тие се во Европа и имаат стандард поголем од нашиот. Сегашниот премиер на Бугарија Сергеј Станишев е Македонец. Веројатно и тој е обесправен?!
И кој е сега обесправен? Обесправени сме НИЕ кои живееме во Македонија во сиромаштија и беда и бесперспектива. Организациите од типот на „Виножито“ или „Омо Илинден“ служат само за внатрешни потреби кај нас во Македонија, но не и во Грција односно Бугарија, каде единствените приврзаници им се неедуцирани жители од руралните области кои лесно биваат поткупувани за да дадат некој потпис.
Ширењето на национализам значи немоќ на власта да се справи со економските проблеми кои ги има премногу кај нас.
Монотон Македонецу, ако веќе се залагаш за жестоко галопирање кон ветената земја ЕУ тогаш редно е да почнеш од себе и да ги прифатиш европските вредности. Наместо Монотон Македонец треба да се наречеш Монотон Северномакедонец (или фиромакедонец, допрва ќе видиме тоа), наместо да даваш примери за состојбата на северномакедонците во другите земји треба да даваш идеи како да се подобри состојбата на албанците и ромите во Северна Македонија, и секако наместо бланко навреди кон двете партии треба да го плукаш стриктно Груевски. Е додека не почнеш да го правиш тоа твоите зборови ќе бидат само празна демагогија, подеднакво исто како и зборовите на авторот на блогот.
Водете со пример.
До последниот Anonymous.
Имаш право, направив огромна грешка што се потпишав како „Монотон Македонец“, затоа што до овој момент се уште сме ФИРО Македонци (Фироманци, Бившојугословеномакедонци или ако сакаш Бајрамци). Доволно е само да го следеше ракометното првенство кое се одржува на НАШ терен, а сепак таму нашата земја беше испишувана како "FYRO Macedonia". Тоа е нашето моментално име под кое настапуваме насекаде. Тоа е името за кое Груевски се бори со сета сила да го задржи па дури и поднесе тужба за да не примеле во НАТО токму под тоа име, БЈРМ (FYROM).
Да живее Бајрам (БЈРМ)!
Двете партии направија и прават подеднакво штета на граѓаните на Македонија. СДСМ го прифати името БЈРМ, а сега ДПМНЕ не сака да се откаже од тоа име. Дпмне-ОВЦИТЕ испаднаа поголеми југоносталгичари од комуњарите.
Двете партии само го МОЛЗАТ народот, ја искористуваат евтината работна рака и стекнуваат капитал преку ноќ. Токму поради тоа не сакаат да влеземе во Европа, затоа што се уште не си ги наполниле џебовите колку што сакаат, а кога ќе ги наполнат не само Северна Македонија (кое звучи подобро од БЈРМ), туку и “Источна Албанија“, а можеби и Илирида ќе прифатат како решение.
Човековите права на обичните граѓани во Македонија се кршат со самото тоа што заради личната полза на некои локални моќници, сите граѓани се држат во изолација и се злоупотребуваат да работат за безпари и да ги полнат џебовите на разни робовладетели како Груевци, Црвенковци, Шеќериновци и Ахметовци. А за да го држат народот во слепило, нашите робовладетели го лажат и го хранат народот со национализам и со лажни илузии.
"Двете партии направија и прават подеднакво штета на граѓаните на Македонија."
Веќе имам нешто слично напишано на блогов.
Проблемот е како да се намали штетата, и како да не се прави повеќе.
Со напаѓање исклучиво на власта (т.е. премиерот) сигурно нема да се намали штетата... Еве на пример тука детално се сецираат сите киксови на владата и премиерот но не гледаме никакви коментари кога еден несуден затвореник коментира за (не)почитувањето на судскиот систем. Страшно.
"несуден затвореник" ... Страшно. :)
Зарем успеа повторно да ја утнеш суштината?!
Објави коментар