Претседателот (или неговиот кабинет) изгледа благовремено реагираа на моето укажување во колумната „Ветената земја“, па ја исправија грешката на интернет сајтот. Сега Македонија не се граничи со четири, туку со пет држави.
Забележете го и овој параграф:
„Службен јазик е македонскиот. Во општините во кои живеат етнички групи чија застапеност изнесува над 20% од вкупното население во општината како службен јазик, покрај Македонскиот, се употребува и јазикот на таа етничка група.“
Исправена е и грешката со „Македонскиот“, но само во првата реченица. Во втората пак си стои со голема буква.
Очигледно, „екстерното оценување“ дава некакви резултати.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
Jebiga, kratka memorija imaat, mora rechenica po rechenica da im kazhuvash shto da popravat.
barajki neshto za drvjata na Balkanot mi izleze site na kineskata ambasada vo Albanija(!)Vo pretstavuvanjeto na drzhavata domakjin navedeni se sosednite drzhavi megju koi i Makedonja, no, imenuvana kako FIR Macedonia!
http://al.mofcom.gov.cn/aarticle/ddgk/zwdili/200712/20071205298359.html
pogledni na pochetokot pod GEOGRAPHICAL POSITION, Makedonija ja imenuvaat kako Firom (!?)Kolku jas shto znam R Kina ne priznava pod ustavnoto ime, ama vo stranstvo e izgleda podrugo. Zborot mi e, i drugi imaat problemi so imenuvanje na sosedni drzhavi
Жаре за дактилографка!
Да си признаам, голем комплимент за мене е што и од кабинетот на претседателот го читаат овој блог, па веднаш ја исправиле и втората грешка со „Македонски“.
Заедно можеме повеќе е муабетов... :))
si ja ispolnil gragjanskata dolzhnost, bravo! :)
Не брзајте со заклучоците, можеби едноставно некој го прочитал блогот па пратил мејл до кабинетот кој потоа реагирал. Се знае какви луѓе брзаат да приграбат заслуга за нешто :)
Туку г. Трајаноски, дали планирате да напишете некаков текст за последните скандалозни потези на ЕУ со кои Македонија ПОВТОРНО е оставена да чека некои други за да ја добие најпосле таа долгоочекувана визна либерализација? Оправдувањата се благо кажано патетични и мислам дека дури и на Груевски би му било срам да ги користи! Па до кога ќе чекаме, кога некој нас ќе не чека?! Дури и во моменти кога очигледно и фактуелно сме НАЈДОБРИ ние повторно сме приморани да ја чекаме Србија. Дајте ако е проблемот во Груевски нека каже Европа отворено дека само со друг премиер (друга партија на власт) ќе не примат и да си знаеме да не губиме време. Не знам за вас другите ама мене ми е веќе навистина смачено од омаловажувања...
И уште нешто, Ви препорачувам да ја промените анкетата на блогов зашто ем долго време стои ем е апсолутно нерелевантна. Или тие што гласале тоа го правеле тенденциозно или пак народов навистина нема поим :)))))
Ми се чини дека најголема опасност за одложување на визната либерализација се обидите за нејзина политичка злоупотреба од Груевски и Боцевски.
Дури и најголемиот Грујо-скептик-евро-полтрон Светлана Јовановска мораше да се сложи дека во случајов Европа покажува недостаток на храброст и одлучност, зошто да не можеш и ти да го сториш истото?
Мило ми е што ја тргна анкетата, но штета што тоа го направи без коментар. Белким поставеното прашање заслужи анализа откако помина доволно период за да се изанализираат резултатите?
Еве ти извадок од колумната „Политички пролетери“:
„Откако политичките „пролетери“ Иванов и Фрчкоски добија максимални 40,07 отсто од важечките гласови, секако би било неумесно да се поставуваат прашања за легалноста и легитимноста на новиот претседател „еден за сите“. Тоа што на повеќе места граѓаните биле „советувани“ да гласаат и за локални и за претседателски избори (затоа што избирачките одбори барале да бидат потпишани и двата списока), сигурно не влијаело на одвај достигнатиот цензус од 42,61 отсто. Бездруго, на одѕивот на избирачите не влијаело ниту прекршувањето на изборниот молк од „фантомски невладини организации“, регистрирано од „Мост“. Навистина, каква врска со легалноста и легитимноста на новиот претседател имаат „традиционалното“ семејно и групно гласање, гласањето без употреба на УВ-ламба и безбоен спреј и неадекватната идентификација на гласачите? Каква врска имаат заканите и заплашувањата помеѓу двата изборни круга, регистрирани токму во некои од местата на кои имаше фантастичен одѕив над 80 отсто? Има ли смисла да се доведува под прашање легалноста и легитимноста на нашиот нов претседател (промовиран како „писмен“ човек), затоа што ненадејно се зголемил бројот на „неписмени“ гласачи во урбаните средини што морале да побараат помош од друг за да го остварат своето гласачко право?
Нема никаква потреба да се себезалажуваме. Се' додека не се дадат одговори во која мерка горенаведените проблеми влијаеле на одѕивот од 42,61отсто, ќе постојат и основи за сомневање не само во легитимноста, туку и во легалноста на избраниот претседател.“
Објави коментар