Прво ни беше обзнанета вечната вистина дека разумен компромис е разумен компромис. По премудрата тавтологија ни беше сервирана пророчката контрадикција дека двојната формула не е двојна формула. Откако нашите сојузници „пријателски“ не' потсетија дека преговорите за името се преговори (само) за името, црвената линија веќе не е црвена линија. Колку што политичарите повеќе газат по неа, толку повеќе избледува во портокалова линија.
Само лековерни незнајковци може да поверуваат во прикаската дека американското инсистирање преговорите да се концентрираат на прашањето за името е во корист на македонската страна. Имено, последната американската теза е прагматично парафразирање на позицијата на Бакојани, која пред почетокот на ланските преговори изјави дека „само и единствено името е предмет на преговори“. Тогаш, нашата поранешна преговарачка позиција не беше воопшто блиска со тавтологијата „спорот за името е спор (само) за името“, туку со контрадикцијата „спорот за името не е спор (само) за името“.
За да увидиме дека нашата претходна позиција значително се разликува од актуелната американско-грчка позиција, не е лошо да се потсетиме на некои официјални изјави.Министерот за надворешни работи во април 2008 јасно ќе истакне: „Мислиме дека тоа не е спор за името. Зад спорот за името на нашата држава, Грција само ја крие својата прикриена агенда, а тоа е на Македонија да не и го признае правото на национално и јазично самоопределување“.
И вицепремиерот Боцевски застапуваше слична позиција во интервју за грчки весник со реторичкото прашање: „А зошто го имаме спорот со името од 1990 година, ако не беше прашањето со македонскиот идентитет?“ Во целото интервју новинарот упорно инсистира дека се бара заедничко решение само за спорот за името: „Доколку прашањето за етникумот досега не ви било оспорено од страна на Грците, а и Грците досега го немаа покренато ова прашање, зошто го изнесувате токму сега?“ Боцевски одговара дека прашањето на името е повеќеслојно и сугерира „да ги тргнеме површинските делови и да ги видиме длабинските слоеви на нашиот спор со името.“ Тоа беше стратегијата за разоткривање на грчката „скриена агенда“, која некои прогонети Македонци од Грција ја опишаа како агресија врз „македонскиот национален идентитет“.
Но, откако нашиот вицепремиер ја соопштува фамозната „црвена линија“ („прашањето на идентитетот“) - грчкиот новинар се интересира дали во евентуални директни преговори „тоа ќе биде главното прашање, а не прашањето за името?“ На секој што малку се разбира во елементарна логика му е јасно дека Боцевски е втеран во логичка стапица. Потврдниот одговор би значел дека Македонија ќе преговара за идентитетот, а не само за името. Со негативниот одговор Боцевски би се довел во друга противречност. Ако македонската страна тврди дека суштината на спорот е во идентитетот, а не во името, тогаш логично следува дека „заедничкото решение“ налага преговори не само за името туку и за идентитетот. Иако Боцевски вешто успеа да го ескивира прашањето, останува впечатокот дека нашата позиција е логички неодржлива: ем тврдиме дека спорот не е за името, туку за идентитетот, ем не сакаме да преговараме за идентитетот, а сакаме да преговараме за да го надминеме спорот за идентитетот?!?
Накусо, почнавме да ја плаќаме меѓународната цена за виталната лага на Груевски дека „борбата за уставното име е борба за зачувување на нашиот идентитет!“ Оваа теза се потпира на една погрешна и една небулозна претпоставка. Прво, дека спорот е за нашето уставно име, а не за името кое ќе се користи во меѓународната комуникација. Второ, дека ако го зачуваме уставното име ќе го зачуваме и „нашиот древен идентитет“, иако уставното име ни е од 1991 година. Груевски делумно потврди дека борбата не е за уставното име, кога изјави дека е задоволен од позицијата на Саркози дека заедничкото решение не може да биде „Република Македонија“. Се разбира, за нас „борбата за уставното име“ ќе остане „борба за уставното име“, но само за домашна употреба. Премногу е да се надеваме нашиот Устав да важи и надвор од границите на државата, кога нашите политичари упорно докажуваат дека Уставот не важи ниту во нејзините граници.
Сега, Груевски е меѓународно притиснат да се откаже и од втората претпоставка, дека името на државата е во суштинска врска со двосмислената фраза „нашиот идентитет“ - која може да се толкува и како етнички, и како национален (граѓански) идентитет. Небулозноста на оваа претпоставка, која е непресушен извор на шарлатански македонски национализам, стратегиски ја подгреваат Грците затоа што им служи за оправдување на нивниот шарлатански национализам. Имено, има ли полесен начин на одржување на власт на десничарските братски партии од константното меѓусебно подгревање на радикалниот национализам?
Меѓутоа, колку и да е небулозна и двосмислена, претпоставката дека промената на државното име може да доведе до промена на идентитетот не мора да е погрешна. Стравот на Македонците дека со евентуалната промена на името во Северна Македонија може да бидат меѓународно идентификувани како Северномакедонци воопшто не е ирационален и токму затоа мора да се инсистира на негово адресирање во преговорите. Иако официјално не постои држава со име „Северна Кореја“ (туку „Демократска Народна Република Кореја“), светот упорно ги нарекува „Севернокорејци“. Притоа, ако 26% од жителите на Северна Ирска (креирана 1921) денес се идентификуваат како „Северни Ирци“, колку од жителите на некоја идна „Северна Македонија“ би се чувствувале во иднина како „Северни Македонци“?
Од друга страна, ако може без проблеми да функционира дистинкција меѓу „Република Ирска“ и „Северна Ирска“, зошто тогаш не би функционирала и дистинкција меѓу „Република Македонија“ и „Јужна Македонија“ (како дел од Грција)? Ако сега има Ирци (од Република Ирска и од Северна Ирска) и Северни Ирци од Велика Британија, тогаш ќе си има Македонци (од Република Македонија и од Јужна Македонија) и „Јужни Македонци“ од Грција. Ако Грците толку упорно сакаат јазична дистинкција меѓу разните видови Македонци, зошто тогаш ние да не им ја понудиме?
Портокаловата линија
6/03/2009во 20:13
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

2 коментари:
BRAVO Care,samo onie shto ja matat vodata ne veruvam deka sakaat nekoi reshenie vo bliska idnina. Kolku podolgo e matno tolku podobro, za nekoi.
Не се секирајте, колку и да е инат Груевски Европа ќе му го промени мислењето, па ако треба и со ќотек :)))))
Објави коментар