Чувството дека припаѓам на генерација која е заложник на меѓународниот спор со Грција ме поттикна пак да се навратам на „проблемот со името“. Неодамна, во интервју за „Дневник“, амбасадорот на САД не' потсети на тажната реалност дека нашата земја се' уште нема меѓународно признаено име: „Земјата треба да најде име за да почне да се движи кон натамошна целосна интеграција.“ Понатаму, Рикер укажа дека „Идентитетот е ваш, на секој поединец и на секоја група.“ Несомнено, во нашиот политички контекст идентитетот е малку покомплексно прашање кое може да има различни одговори, во зависност дали станува збор за индивидуален или групен идентитет.
Најзначајната, и можеби најконтроверзна теза на Рикер беше дека идентитетот е „нешто за што не може да се преговара“. За разлика од веќе чуената теза на Нимиц дека идентитетот не е предмет на преговорите за спорот со името, Рикер тврди дека идентитетот воопшто не ни може да биде предмет на преговори!!!
Најпосле, Рикер уште еднаш се обиде да ги отстрани сомнежите дека решението за името може да го загрози идентитетот: „Со решението за името ќе се зацврсти европскиот идентитет на Македонија, за што верувам дека сите граѓани со години сакаат тоа да се постигне.“ Се разбира, Рикер го потенцираше граѓанскиот „европски идентитет на Македонија“, а не етничкиот „македонски идентитет на Македонија“, кој исклучиво се брани од нашите портокалови „соборци“ за „Европска Македонија“.
Укажувањата на Рикер се на иста линија со аргументите дека спорот за името не е никаков спор за идентитетот, а на различна линија од аргументите што ги застапуваат нашите „борци за името и идентитетот“. Според нив, зад спорот за името всушност се крие спор за „нашиот идентитет“ без да појаснат што подразбираат со тоа. Колку за потсетување, во едно предизборно интервју за Би-би-си, претседателскиот кандидат Фрчкоски потенцираше дека „македонскиот идентитет во преговорите за името на ниеден начин не е загрозен“. Фрчкоски тогаш укажуваше дека „темата околу националниот идентитет е комплетно измислена од изолационистите“ и дека обидот за наметнување на темата е симптом дека не сакаат сериозно да се преговара за име за меѓународна употреба, кое треба да го замени понижувачкиот акроним.
Меѓутоа, начинот на кој Фрчкоски го дефинира спорот во својата најнова публикација остава впечаток дека темата околу националниот идентитет не е комплетна измислица. Имено, според Фрчкоски, основна карактеристика на спорот за името меѓу Македонија и Грција е неговата симболичност, „знаковност“, тоа е спор околу користење и контрола на симболи кои означуваат идентитет, а поврзани со зборот „Македонија и македонски“. Ако државното име е еден од симболите кои означуваат идентитет, може ли тогаш преговорите за симболот (државното име) да не се истовремено и преговори за идентитетот означен со симболот (името „Македонија“)?
Несомнено, мислењето на Фрчкоски значително се разликува и од мислењето на медијаторот Нимиц, кој лани во април одрекуваше дека прашањето на идентитетот е поврзано со прашањето на името на државата. Имено, Фрчкоски во публикацијата потврдува дека „За македонската страна спорот нема само димензија на име на државата, туку е поврзан со идентитетот на мал народ“. Ако идентитетот не биде меѓународно признаен како „македонски“, укажува Фрчкоски, „постои опасноста да се отвори старата теза за „македонска салата“, за непостоење на посебен етнос „македонски“, кој е супстрат на државата со исто име.“
Може ли барем делумно да се расчисти конфузијата во се' пожестоката дебата за тоа дали спорот за името е спор за идентитетот? Лично верувам дека може, под услов да почнеме да правиме лингвистичка разлика помеѓу граѓански идентитет поврзан со народот како „демос“ и етнички идентитет поврзан со народот како „етнос“. Ако во Македонија се негуваше културата на човекови права, одамна ќе ни беше јасно дека правото на државјанство и правото на етнички идентитет се две различни права. Ќе ни беше многу појасно дека во современа Европа и САД под правото на националност се подразбира токму правото на државјанство, независно од етничкото потекло.
Ако сакаме подобро да ја согледаме природата на спорот, мора да се погледнеме себеси со очите на другите, пред се' со очите на „Европејците“ и очите на „Американците“. Во нивните очи, како што можевме да видиме од известувањата за пролетните избори, сите граѓани имаме националност Macedonian, независно од етничкото потекло, токму онака како што ни пишува во личните карти и пасошите. Во САД нема никаков проблем да си Италијанец, Евреин, Грк... и истовремено Американец, но во Македонија има проблем да си Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин, Бошњак... и истовремено Македонец.
Дури откако ќе увидиме дека проблемот не е само во другите, туку и во тоа што не сме создале услови за соживот помеѓу граѓанскиот и етничкиот идентитет, ќе создадеме плодна почва за надминување на проблемот. Независно од спорот за државното име, нашата држава си имаше проблем со националниот идентитет, затоа што не создаде можност за инклузивна граѓанска употреба на идентитетот „Македонец“ без разлика на етничката припадност. Поради идентитетската политика која ги претпочиташе исклучивите етнички идентитети, се доведовме во ситуација да градиме демократија без демос, да градиме „национален идентитет“ заснован на повеќе етнички заедници од племенски тип, наместо „национален идентитет“ заснован на една политичка заедница од граѓански тип.
На крајот на краиштата, дали ќе биде загрозен нашиот национален идентитет ако го смениме државното име? Без паника, не може да ни биде загрозено нешто што воопшто го немаме. Во Македонија немаме национален идентитет „Македонци“, туку само етнички идентитет „Македонци“. Ние, граѓанските Македонци настрадавме како колатерална штета на етно-националистичката заложничка криза на идентитетот.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
http://www.vreme.com/cms/view.php?id=867809
Komercijalni genetički rodoslov -
prochitaj ja statijata vo Vreme i ke vidish dekanauchnicite tvrdat deka: " ponegde to već postalo i političko pitanje, kao u slučaju Makedonije (za koju "iGenea" tvrdi da je naseljena sa 30 odsto potomaka antičkih Makedonaca)."...."Prva nevolja je što je bez ikakvog ustezanja došlo do izjednačavanja za biologiju teško prepoznatljivog pojma naroda sa populacijom koja danas čisto geografski živi na nekoj teritoriji,"....""Potpuno je jasno da individualno deklarisanje pripadnosti nekom savremenom narodu nema previše veze sa biologijom i genetičkim nasleđem"...."Drugi problem je, naravno, u tumačenju dobijenih procenata."...."Svaka dosadašnja analiza ljudske vrste, bez obzira na broj i tip gena koji je obrađen, nedvosmisleno ukazuje da INDIVIDUALNA varijabilnost čini 85–95 odsto ukupno uočene varijabilnosti"...."Definitivno, individualne razlike nadilaze bilo kakve podele na etnose; značajno prevazilaze čak i podele na veće grupe koje nazivamo rasama."
I, sho praime sea?!
Абсолютно правилно!
Диференцирането между македонски гражданин, който се идентифицира ако си иска и като марсианец не може да го направи по-малко гражданин на Македония или един ден на Европейския съюз, отколкото друг македонски гражданин, който се смята за албанец, персиец или американец. Гражданството няма как да задължи някого да се самоопределя така, както си иска. Ако някой се смята за лунатик или лунатичар няма как да му се забрани да бъде македонски или гръцки гражданин, стига да отговаря на предпоставките за това. Но за себе си може да си е и лунатичар от Луната...
Въпрос на свободна воля, която липсва из балканските ширини...
Тези размисли от материала са напълно валидни и имат приложение върху всички балкански държави.
Жалко, че политиците-политичари не могат и не искат да го разберат смисъла на текста, защото докато го осъзнаят трябва да прочетат няколко десетки хиляди страници. Това не ги интересува. Те мислят, че са прочели това, което е трябвало... :-)
Објави коментар