Конзервативна хипокризија

8/12/2009

(Денешната колумна, која во еден дел е реакција на колумната на Влатко Ѓорчев)

Што ли правеше последнава година непоправливиот повторувач - „конзервативната“ влада на Груевски, наместо трпеливо и посветено да ги решава домашните задачи за ЕУ („реперите“)? И годинава нашиве „конзервативци“ продолжија со трендот да „остваруваат“ работи што не се нивна работа.

Прво што решија да прават е да изградат државна црква на плоштадот со буџетски пари. Колку ли само месеци, енергија, време и пари беа залудно потрошени за најпосле премиерот да признае дека изградбата на верски објект воопшто не е прашање за кое тој бил надлежен? Продолжија со градба на огромен број скапи скулптури и споменици (вклучително и на мегаломанскиот споменик на „Mеgas Alеxandros“) - иако и тоа не беше нивна надлежност. И градскиот превоз на Скопје не е надлежност на Владата, ама „конзервативците“ изарчија баеги енергија и пари за распишување неуспешни тендери за претпотопски двокатни автобуси кои никој веќе не ги произведува. Џабе премиерот се обидуваше да ги испере рацете од аферата „Сведмилк“. Пирамидалната млекарница немаше да биде толку голема афера ако „конзервативците“ не беа пиеле јогурт таму каде што не им е работа.

Најголемото „кидање“ од часови на „конзервативците“ се случи за време на локалните и претседателските избори. Наместо на ЕУ-агендата, министрите и државните службеници со месеци работеа за интересите на нивниот „конзервативистички“ клан, користејќи ги сите државни ресурси што им стоеја на располагање. Колку ли само предизборни лопати фрли Груевски на камен-темелници чија изградба воопшто не беше во надлежност на Владата? Колку ли само нови партиски „конзерви“ беа предизборно и постизборно регрутирани во јавната администрација, наспроти потребата за нејзино де-конзервирање и редуцирање? Најпосле, што бараше ликот на премиерот на градоначалничките плакати „Заедно можеме повеќе“ - да предупреди дека децентрализацијата е обична илузија, и дека локалната власт комплетно зависи од волјата на „конзервативните“ носители на извршната власт?

За тоа колку „конзервативците“ го „остварувале“ тоа што не им е работа, сведочат и бројните одлуки на Уставниот суд: за укинување на „патриотските“ сметки, за укинување на веронауката во основното образование, за случајот Клинички центар (мешање на Владата во надлежностите на Собранието), за обидот законски да се стави рака врз пензионерскиот „солидарен фонд“. Наспроти конзервативистичкиот стремеж за пазарни и други слободи, Уставниот суд сведочи за спротивното - за обидите на Владата да ја наруши слобода на пазарот и претприемништвото и да задре во доменот на приватноста и во индивидуалните човекови права. Наместо да се освестат и да почнат да работат согласно Уставот, нашиве „конзервативци“ извршија невиден партиски атак врз Уставниот суд. Знам, ќе забележите, тоа не беше атак од страна на Владата, туку од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Но, зошто многу повеќе информации за работата на Владата може да се најдат на партиската страница на ВМРО-ДПМНЕ, отколку на официјалната страница на Владата? Зошто со недели на прво место упорно стои писмото на МПЦ и на другите верски заедници со барање повторно да се воведе укинатата веронаука?

И покрај полжавското спроведување на ЕУ-реформите, разбивањето на системот на поделбата на власта, дрското газење по демократските традиции и принципи, газењето на основните човекови права, влошувањето на односите со нашите ЕУ-соседи, „конзервативците“ сега сакаат да не' убедат дека тие ми ти биле најголеми Европејци. На колегата (колумнист) Ѓорчев, кој се обидува да ми одржи лекција по „конзервативизам“ и „европеизам“, би му поставил неколку прашања:

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина конзервативна партија, зошто не се откаже од зборот „револуционерна“ организација во своето име? (Или за нашиве дрвено-железни, ѓоа револуционери-конзервативисти, важи забелешката на Хана Арент: „Добро е познато дека најрадикалните револуционери ќе станат конзервативци првиот ден по револуцијата“.)Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина конзервативна партија, зошто не се откажува од „туторската“ позиција кога е на власт и, како и другите конзервативни партии во ЕУ, не работи на редуцирање на Владата и на јавната администрација? (Или Дизраели беше во право кога тврдеше дека „конзервативната влада е организирана хипокризија“).

Ако „конзервативизмот е врзан за стварноста“ и европските вредности, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно претпочита да води антички и неолитски археолошки кампањи што немаат врска со стварноста? Зошто не води кампањи што ќе ги промовираат темелните принципи на ЕУ-демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права - принципи што се загрозени токму од самоволието што катадневно го манифестираат „конзервативците“?

Најпосле, ако „конзервативизмот значи негување на традициите и почитување на идентитетот“, зошто ВМРО-ДПМНЕ ги изневерува државните традиции на АСНОМ, фаворизирајќи нов национален идентитет, сосема туѓ на основачите на македонската антифашистичка држава? Наместо промоција на македонскиот библиски, антички, неолитски и претпотопски идентитет, зошто не се промовира македонски европски идентитет?

Навистина штета што не се меѓу нас Аденауер, Шуман и Де Гаспери. Ѓорчев ќе имаше прилика да ги прошета пред споменикот на Александар и на арената „Филип Втори“ - најпосведочени демохристијани и негувачи на традиционалните семејни вредности. Ех, да можеше да ги однесе и во „европскиот“ музеј на ВМРО-ДПМНЕ! Можам да си ги замислам како се восхитуваат од восочната фигура на Иван (Ванче) Михајлов, додека Ѓорчев им раскажува за демохристијанските подвизи на воениот соработник на Мусолини, Хитлер и СС-овецот Химлер, и личниот пријател на творецот на Јасеновац - Анте Павелиќ. Сигурно ќе беа воодушевени. И Аденауер (кој со години бил прогонуван од нацистите), и Шуман (кој за малку го избегнал Дахау поради отпорот кон нацистите) и Де Гаспери (кој чмаел во затворите на Мусолини поради антифашистичка дејност). Пред восочната фигура на „крволокот Иван Михајлов“ (извадок од манифестот на АСНОМ), основоположниците на ЕУ ќе можеа лично да се уверат како „конзервативизмот на ВМРО-ДПМНЕ се надоврзува на борбата за слобода и за национална самостојност водена од изворната ВМРО“.

8 коментари:

Анонимен рече...

NEMAS KOMENTARI BRE INTELEKTUALNA GLUPERDO,RESIV DA TE DIGNAM MALKU(NA KUR) SO TOA, ABE MAJMUNE DENES KE ODIS NA STADION T.E ARENATA Eeeeee TIKVO EDNA SO IME FILIP VTORI,KOGA KE BIDES NA STADION SO TAKVO IME GLUPERDO EDNA AKO GRUJO NE MU GO STAVESE IMETOI DA ZNAES SO TIE LOPATI OD GRUJO E IZGRADENA I SALATA BORIS TRAJKOVSKI I OVAA ARENA TIKVO EDNA,PRAVO KOPILE SI MAJKU LI TI JEBEM....STO TI SMETA SPOMENIKOT BRE IDIOTU EDEN,BAREM ZA DA SE SLIKAS DO NEGO NE MORA DA ODIS DO GRCKA PICKA TI MATERINA,SOROSOIDISTA EDNI PROKLETI NAVISTINA STE GRUPA KOJA NIKOJ NE BI SAKAL DA JA IMA .... ABE KOPILE SPOREDETE SE SAMO SO PARTIJATA NA MAKEDONCITE OD EGEJSKA MAKEDONIJA KOJA NE GO DAVA IMETO I POGLEDNETE SE VIE (AKO VE IMA VO OGLEDALO) I SPOREDETE SE,KOI KOPILINJA STE SO ONOJ GEROSKI NA KOGO MUIMAM OBEKANO DEKA KE MU GO SKRSAM NOSOT AKO GO VIDAM BILO KADE A TI BATKA ....ne si vreden ....taka ke crknete i samo ke jadete gomna,nisto drugo i ne vi ostana,za tolku ve biduva,bre,bre,bre sto ne krepi ovaa zlatna zemja...umrete mame ....

Родината рече...

Г-не Трајановски, во се се согласуваме но сепак за делото на Ванчо Михајлов би Ве замолил да поподрбно го истражите и анализирате со Вашиот неспорен критички ум.
Вака напишаното од Вас е во матрицата на србо-болшевичкото третирање на делата на овој неспорно голем, ако не и најголем македонски патриот.
Благодарам

Unknown рече...

Ќе го анализираме, ако има време за анализи :)
Несомнено е дека Михајлов преговарал со нацистите.
Според одредени извори, тој директно зборувал со Хитлер и Химлер во 1943, по што биле формирани батаљони од добоволци во Македонија кои биле ставени под директна команда на SS-овецот Химлер.

Unknown рече...

Од првиот омразителен коментар многу ме бендиса една работа, затоа и не го избришав:
„STO TI SMETA SPOMENIKOT BRE IDIOTU EDEN,BAREM ZA DA SE SLIKAS DO NEGO NE MORA DA ODIS DO GRCKA“.
Фала ти што ме просветли. Лани Вест објави: „И Груевски лани имаше продолжен викенд на "непозната локација" некаде во Грција“. Случајно да не отишол да се слика до некој споменик на Александар?
За тоа ли ќе се фрлат толку милиони?

Родината рече...

Со Хитлер и Химлер се имаат среќавано многумина, дел од нив и со силен придонес кон човечката цивилизација како на пример нобеловци, индустријаци...но како и да е, сепак Ванчо Михалјов можеби единствениот кој му има кажано не Хитлер без консеквенци кон него или неговото движење.
Неспорен факт е дека западот му дозволи да го помине остатокот на својот живот по II световна војна дел во САД, дел во Италија и секако слободно да патува по запдните земји. Дополнително, беше и дискретно обезбедуван од содветните служби за да не биде цел на ликвидација на тогашните југословенски тајни служби. Чинам дека ваков третман неможе да добие некој соработник на фашистички режим.

Околу наводните СС баталјони, потекнувам од семјство чиј претци биле дел од оперциониот дел на организацијата на Ванчо Михалјов и Тодор Александров и секако имав можност изворно да ги знам собитјата од времето србската окупација на Вардаска Македонија и од времето на II световна војна.
СС баталиони ниту биле формирани, ниту пак ималонамера да се формираат. Самата ВМРО си е имала свои облици на организација и хиреархија па немало потреба да копираат структури од други системи, што не е случај на пример со Босна и муслиманите таму. Треба да се има и на ум дека после 1941 ВМРО на Ванчо Михалјов не извршува организирани вооружени дејства.

Како и да е за делото на ВМРО на Ванчо Михајлов постојат многу србо-комунистички догми, но едно е сигурно денешното ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно ништо заедничко со ВМРО на Михајлов.


Поздрав

gragjanin рече...

Родината вели: "после 1941 ВМРО на Ванчо Михалјов не извршува организирани вооружени дејства." Da, tochno e, i VMRO nemalo NIKAKVI dejstvija vo odbrana na Makedonija od fazhizmot i okupatorite. Mozhe bi zatoa toj svoj, sram, sakaat da go izbrishat so negiranje na doskoreshnata istorija na sozdavanjeto na drzhavata! Pa sega, i korenjata si gi baraat ushte podaleku vo matnoto minato, vo antikata

Родината рече...

За gragjanin:Ја разбирам Вашата неинформираност за ВМРО на Михајлов, но сепак треба да знаете дека до крајот 1943 година нема партизанско-комунистичко движење во Македонија. За негово колку толку скромно заживување заслужен е и Михајлов кој дава пасс народот од Македонија во втората поливина на 1944 излегува во партизани.Самиот Ванчо Михајлов во тоа време е свесен дека Германија ќе е поразена и формирањето на независна Македонија по егзамплар на НДХ (Хрватска)може да ја донесе Македонија во многу лоша ситуација по крајот на војната и тоа кобно да се одрази на делото на ВМРО.
Средбата на Михајлов со Хитлер е од аспект на следните препоставки, Бугарија е извесно дека ќе паѓа како и Италија, а Хитлер сака да обезбеди сигурно повлекување на своите војски од делот на Грција како и зајакнување на своето јужно крило пред евентуална можна инвазија на Грција од страна на сојузниците или евентуален пробив на руските војски кон егејскот море и затварање во џеб на гермаските војски на ферлдмаршал Лер во Грција.

За другите констатации во Вашиот пост морам да кажам дека се пак од матрицата на србо-комунистичката длабоко фалсификувана историја.

За некава антиквизаја во времето на ВМРО на Михајлов пак е апсолутен апсурт, како што е апсурд денешното ВМРО-ДПМНЕ да се поситоветува со тогашното ВМРО. Михајлов и неговата организациа се многу јасно национално определени и многу јасно ја гледаат Македонија како дел од цивилизираниот и демократски Запад како и впрочем мнозинството од словенскиот народ во тогашно време.

Делото на Михајлов е национална гордост, но делата на луѓето кои ја водеа Македонија после него е срамот на овој народ.

Како и да е, Поздравдогмите правото на различни мислења го респектирам, но Ве охрабрувам по критички да ги толкувате догмите на србо-комунистичкиот тоталитаризам и историја.

Поздрав

Анонимен рече...

Морам да се согласам со Родината кога се во прашање ликот и делото на Вачно Михајлов. Трајаноски навистина делуваше како да не си запознаен со неговото дело со оглед на она што го пишуваш во колумната. Ванчо Михајлов е идеен творец на идејата за независна држава без разлика на националната припадност. А второ како што нагласи и Родината, Михајлов му кажува не на Хитлер, токму затоа што тоа е најдобриот потег за Македонија во тоа време. А за пријателството со Павелиќ, тоа е пријателство од типот „непријателот на мојот непријател е мој пријател“, јасно непријателот е српската власт.
Пишував доста за тоа со што не се согласив, затоа што со останатот во целост се согласувам со ставовите на авторот на написот. Точно е дека во оваа влада и во денешното ВМРО_ДПМНЕ нема ни „к“ од конзервативност. Всушност, ова е кажано многу пати, Груевски и џганот немаат никаква идеолошка позадина, тие се камелеони спремни да се закачат за било која идеја и ориентација која во дадениот миг ќе им донесе политички поени.
Поздрав
Владо

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week