ЕУ признава Македонци и македонски јазик!

12/10/2009

Сите кои што деновиве, во анти-ЕУ-форично расположение, тврдат дека ЕУ не сака да не признае како Македонци, убаво нека ја погледнат фотографијава, или нека ја посетат официјалната страница на ЕУ.

Без паника, ви се молам! Бевме етнички Македонци во земјата кандидат, ќе останеме етнички Македонци и откако ќе добиеме датум за преговори. Дури и во неодамнешните документи каде што неосновано ја нарекуваат нашата земја „FYROM“, си стои терминот „Macedonians“ и кратенката „МК“ (EUROBAROMETER).
Сите кои заплашуваат дека ако влеземе во ЕУ нема да сме можеле да ја употребуваме придавката "Macedonian" - „Македонски“ - нека ги протријат очите. На сајтот на ЕУ има линк за Macedonian Government !
Сите кои заплашуваат дека ЕУ не ни го признава јазикот како „Македонски“, љубезно ги молам прво да ја посетат страницата на Европската Комисија, каде што има листа на јазици кои се зборуваат во ЕУ, меѓу кои е и „Macedonian“ (во Greece!). Еве ја и табела на Euromosaic:
Ако кликнете на јазикот означен како „Macedonian“, ќе се отвори страница на која пишува „Macedonian in Greece“ (кој знае француски, може да го прочита и извештајот). И во други документи се признава „Macedonian“.
Накусо - имаме толку многу аргументи во наша полза, ама немаме кој да ги застапува. Наместо да изнесуваат цврсти докази дека ЕУ веќе не признала како етнички Македонци, дека признава македонски јазик (и во Грција), дека не ни ја оспорува употребата на „македонски“, нашите политички претставници претпочитаат да ни ги прераскажуваат „максималистичките ставови“ на Папандреу за да го плашат народот дека ЕУ не сака да го признае македонскиот етнички идентитет и македонскиот јазик.

4 коментари:

Анонимен рече...

А каде беше она „to be determined“ на некој од европските сајтови? ова повеќе изгледа ко некаков туристички информатор отколку официјален ЕУ став. Баш ме интересира колку време ќе помине пред да го сменат ова, сега откако е објавена во јавност страницава.

Анонимен рече...

Сето тоа многу убаво за вториот линк за јазикот, ама некако ми смета формулацијата "Le (slavo)macédonien/bulgare) en Grèce",
или славомакедонскиот/бугарски во Грција. Бугарите некако ептен влегоа во филм дека Македонците се измислица на 20 век.

Анонимен рече...

Е Жаре многу "убаво" си пишува на мапата кога ќе ја кликлнеш за да ја зголемиш - ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на македонски јазик, но и истиот текст на македонски јазик со спрско-хрватско писмо...бравос...
Плус моментот со тоа дека Србија ја нема на мапата, а фигурираат Бугарија, Албанија и тоа како Shqiperia и замисли го има Косово - Метохија, иако тоа не е официјалното име на Косово и секако врвот - ја нема Грција, а има DYTIKI MAKEDONIA I KENTRIKI MAKEDONIA.
И ДО КОГА БЕ ВЕЌЕ ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО ЌЕ ГО НЕМА НА МАПИТЕ????? ОК, знам дека е многу мало, но е едно од трите природни езера во земјата и навистина треба да го има на мапите!!!
Нејсе, имаш ти право, но "детаљите" мене ми бодат очи.
Поздрав од Елена.

Unknown рече...

Ништо не ми побивте - само нешто се жалите ко „Калимеро“ :)
Да францускиот документ е прилично контроверзен, но на официјалната страница убаво си пишува „Macedonian“. Можеби ќе го променат - не велам не. Но, зошто никој не ги користи аргументите што се во наша полза? Зошто нашиот премиер и нашите министри не укажат дека е бесмислено да се оспорува веќе стекнато право?
Во францускиот документ стои „la langue [slavo-]macédonienne“ и „Le macédonien n'a acquis une forme littéraire standard qu'en 1944 sur la base des variétés dialectales de Prilep et de Veles.“
Значи, не се оспорува дека нашиот стандарден литературен јазик е „македонски јазик“.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week