Миленко не прекрсти

12/01/2009

Еве што објавува „патриотот“ Миленко:
„Дефинитивно, граѓаните во Македонија се поделија на македонци, и на оние кои се недефинирана, безлична, безидентитетна, лукративна, предавничка маса.“
Ете за какви „чувари“ станува збор! А, бе Миленко, не се пишува „македонец“ со мала буква, туку со голема - „Македонец“.
Според „чуварите“, меѓу „македонците“ има и „женишта кои имале поголеми муда од многу мажи: Мирка Гинова, Мара Бунева и секако Мирка Велиновска“. Да си признаам, ова со Мара Бунева малку ме буни. Да не се спрема случајно некаков атентат?
„Чуварите“ се многу „проевропски“ настроени. Зборуваат за „пропаднатото друштво на педери, наречено Евроатлантска заедница“, а ЕУ и НАТО се „организации кои се наоѓаат пред распад“.
А ова е дефинитивно за јавниот обвинител: „Затоа, сите вие предавнички копилиња, не се заебавајте со македонскиот народ. Оти клетвата, ама и раката на македонецот, ќе ве стигне кај и да сте.“.
Потпишано „од чуварите“, кои ги прекрстија Македонците во „македонци“ (наследници на Мара Бунева).
Имајќи предвид дека на листата на „предавници“ се наоѓаат конкретни имиња „за отстрел“, полицијата и јавниот обвинител треба под итно да си ги засукаат ракавите и да ги откријат лицата кои јавно се закануваат и кои поттикнуваат на национална нетрпеливост.

5 коментари:

Сашо рече...

'Чуварот', како докажана ретко видена будала, го објавува она што оние со помалку 'муда' го мислат. А јавниот обвинител дефинитивно нека засука ракави, само ако му биде дозволено (од оние со помали 'муда').

Ognen рече...

Zarko te molam napisi nesto za situacijata so omo ilinden i zosto evropa presudi deka bugarija e vo pravo sto ne gi registrira?????

N. JOVANOVIC рече...

Мислам ова е нешто што стварно треба да се прокоментира. Ваквите сигинали оддаваат најпрво еден 19 вековен дух на примитивизмот отколку да се нарекува „некаков“ Социјален екцес, како највторо. Ова е класичен националистички фронт која во крајна линија е закана и за редот и за поредек на државава, ако веќе истата и го има?

Ако ме прашуваш за чаре, имам одговор. ГРАЃАНСКИ ПРОТЕСТИ, само така ќе може да се доведеат или укажат некои работи на ред. Вака ако остане да умуваме на интернет (невелам дека ова не апел на алармантност!)само ќе продолжиме да јаваме на националистичкиот бран, или коњ. Оти Јебеш таков коњ на кој не си јавал!

ПС: Слободата на говор може само во еден случај да се забрани или цензурира. Значи ќе се забрани само тогаш кога таа има говор (дискурс) на насилие, а ова на Миленкиното, е касично тоа. Говор на омраза ПАРЕКСЕЛАНС.

Ова е скандалозно! Ова е опасно! Ова генерира еден тон други проблеми.

ППС: Говор на омраза не е ако јас го наречам Миленко ТОРКО! Затоа што торко се раѓаш, торко не можеш да станеш.

Ognen рече...

Hm, sloboda na govorot??? Postaviv edno obicno prasanje koe avtorot na blogot odbi da go objavi???? pa za kakva sloboda na govorot zborime tuka/????

Unknown рече...

Огнен, ќе напишам нешто штом ја најдам и прочитам пресудата.
Веќе имам пишувано на блогов и за Македонците во Бугарија и за Македонците во Грција, прочепкај.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week