Грујоумие
6/27/2008Уште не се докрај исчезнати темните облаци на Титовото „социјалистичко“ едноумие, а ни се надвиснуваат мрачни облаци на вмровско „конзервативистичко“ грујоумие. Малку ни беше говорот на омраза на недемократски спроведените избори, проследени со насилство и заплашување, селективно игнорирани или активно потпомогнати од Министерството за вмровски работи и Министерството на вистината. Сега сме сведоци и на застрашувачки говор на омраза лично од премиерот, насочен не само против непослушните новинарки („дописничките од Брисел“), туку и против „внатрешниот отпор“ („т.н. „независни аналитичари“, колумнисти, божемни експерти, бивши (...) државни функционери, водачи на невладини организации и слично“).
Секој критичар на Груевски, секој „што се прашува дали ќе успееме“, е промовиран во член на лузерскиот табор „државни непријатели“, „кои сеат страв наоколу инспирирани исклучиво од лукративни цели“.Но, кој повеќе сее страв - критичарите или, пак, Груевски (кој ни се закани со зборовите: „На нив историјата ќе им суди“)? За кого повеќе важи јавното обвинение „шпекулира(ат) на штета на сопствената држава“ - за критичарите или, пак, за Груевски (кој со заканувачкиот говор на омраза кон критичката мисла го нокаутираше меѓународниот имиџ на нашата држава)? За кого повеќе важи дијагнозата на премиерот - „Ова е обид за едностран диктат, проследен со навреди и закани“ - за арогантните Грци или, пак, за уште поарогантниот „нокаутер“ Груевски?
Ете, во едно дефинитивно може да се согласиме. И во интервјуто на Груевски, „Нема борба со аргументи, туку демонстрација на сила“. Во истото интервју во кое го оцрни „грчкиот преговарач“ (кој „крајно арогантно кажува што ќе може, а што не ќе може“), Груевски не помалку арогантно ни порача: „сега треба да престанат да се сомневаат во сопствената држава и во сопствениот народ и да почнат да веруваат во сопствената иднина“! Но, каде е тука „силата на аргументите“? Зошто треба да престанеме да се сомневаме, а да почнеме да веруваме дека „Македонија веќе успеа“?!? Зошто треба да ја отфрлиме рационалистичката максима „Се сомневам, значи сум“, а да ја прифатиме схоластичката догма „Верувам, затоа што е апсурдно“?Како и обично, Груевски зборува едно (за силата на аргументите), а прави нешто сосема друго (ги демонстрира аргументите на силата). Големиот брат Грујо ни испрати порака - нема веќе сомневање, нема веќе поставување прашања. Ако почнете да се сомневате во светата догма на св. Грујо - „Македонија веќе успеа“, ако случајно си поставите прашање „Во што тоа Македонија успеа - освен што доби уште еден нокаут во Брисел?“, тогаш сте сигурно непријател на сопствената држава (и народ) кој работи за туѓи интереси. Останува само да се разработат практичните и небитни детали како тоа ќе ни пресуди историјата, која лично почна да ни ја крои изборниот победник Груевски од името на народот.
Каква порака ни испрати Брисел во контроверзниот документ, а каква порака испрати Груевски? Брисел ни испрати експлицитна порака дека „останува суштинско“ зачувувањето на добрососедските односи, и дека тоа вклучува заемно прифатливо решение на проблемот со името по пат на преговори. Груевски изгледа не го читал истиот документ, затоа што изјави дека „решението за спорот со Грција околу името“ „директно не е поставено како услов, туку само се насетува“. Очигледно, или пораката од Брисел не стигна до Груевски или, пак, тој сака до граѓаните на Република Македонија да стигне некоја сосема друга порака. Имено, Груевски продолжи да инсистира дека не станува збор за експлицитен услов во документот, иако призна дека „во реалноста, надвор од овој документ, проблемот со името е главниот услов, централен услов“. Продолжи да зборува „за спорот со Грција околу името“ иако во документот Грција воопшто не е спомната - сега имаме спор и со ЕУ.Најочигледен показател дека Груевски ги извртува пораките од Брисел се неговите манипулативни изјави: „заклучоците на Европскиот совет воопшто не се толку тврди“ и „во заклучоците нема ниту збор за изборните инциденти“. Остана слеп при очи, игнорирајќи го експлицитното повикување на претходните заклучоци од 16 јуни во кои се критикува спроведувањето на изборите и се препорачува брзо составување влада и преземање чекори за приближување кон ЕУ. Наместо добрососедски чекори за приближување кон ЕУ, Груевски продолжи со националистичката кампања против Грција претставувајќи ја како главен виновник за сите негови и наши неуспеси. Овој пат, според теоријата на заговор на Груевски, не ни се криви само надворешните непријатели, туку и внатрешните - „куп интелектуалци, мислиоци, експерти, колумнисти и остали плевел“ (во превод на „Еднооки“).
„Обзнаната“ на големиот брат против „внатрешниот отпор“ испрати само една порака до нашите меѓународни пријатели и непријатели: Македонија станува се' помалку демократско, а се' повеќе тоталитарно општество. По атаците врз демократското право на глас и слободата на печатот, Македонија не може да се опише ни како „демократура“ („замаскирана диктатура“). Оти во Македонија не се случува ниту демократизација, а најмалку либерализација (освен либерализација на политичкото насилство и на политичката неодговорност). Залудни се предупредувањата до Груевски дека поголемата политичка моќ подразбира и поголема одговорност. Груевски го манифестира токму спротивното: „Колку поголема моќ, толку поголема политичка неодговорност“.
Видете и Сериозна опасност за слободата на говорот
во 12:34 0 коментари
Сеништето на комунизмот
6/18/2008Веднаш штом победи, Груевски направи голем чекор во спроведувањето на надградената и проширена „Преродба во 100 чекори“. „Машки“ се фати за лопата и означи „Почеток на изградба на Музејот на ВМРО и на Музејот на жртвите на комунизмот“. Откако „корифејот на македонската борба“ ги удри темелите на музејот - ем културно (со вратоврска), ем ударнички (со ракоплескање на „масите“) ем „со Господ напред“ (темелите беа осветени лично од архиепископот) - на сите ни олесна на душичката. Сега веќе ни Севишниот не може да се посомнева дека Груевски навистина сака да „отвори една нова страница од нашата историја“ градејќи го толку посакуваниот „мост помеѓу нашето славно и богато минато и оптимизмот, посветеноста и прогресот на нашата иднина“.
Ама, секогаш ќе се најде некое „ама“ што ќе го расипе впечатокот за светлиот ни чин. Во случајов, тоа се фотографиите од „историскиот“ настан, кои се поречити од илјадници збора. Зборовите на Груевски кажуваат едно (дека „Музејот на жртвите на комунизмот“ ќе претставува „приказ на отпорот против комунистичката диктатура“), а владината фотографија прикажува нешто сосема друго. Во путиновски стил, премиерот говори на црвена говорница на која доминира државниот грб со црвена петокрака, несреќно симболизирајќи ги „придобивките“ од нашиот славен „отпор против комунистичката диктатура“!
„Парадокс, ама вистина“ - што би рекол еден наш голем, но несфатен мислител. „Со Господ напред“, ама и со комунистичка петокрака, беше означен почетокот на изградбата на „Музејот на жртвите на комунизмот“! Како и обично, останавме и без аргументи и без критичка дебата зошто се гради ваков музеј и дали воопшто има смисла да се гради. Затоа, не е лошо уште еднаш да се запрашаме какви пораки испраќаме до младите генерации родени во Република Македонија што немаат паметење за претходниот систем.
Како прво, испраќаме порака дека „комунизмот“ бил виновен за масовните прекршувања на човековите права во претходниот систем, а не конкретни лица со име и презиме. Пораката е - за страданијата на Ченто не биле виновни ниту министерот за внатрешни работи на НРМ (кој му наместил лажно бегство преку граница), ниту судиите на наместениот процес со однапред подготвено обвинение и пресуда (на кои им било наредено Ченто да биде осуден „11 години лишување од слобода со присилна работа“). Не биле виновни тие што наредиле Ченто да биде уапсен, осуден и измачуван, а ниту свирепите иследници и мачители во Идризово. Според градителите на нашиот музеј, испаѓа дека Ченто и тие што завршиле како него биле жртви на сеништето на комунизмот! Дали е праведно луѓето што настрадаа во Идризово и на Голи Оток заради изразување различни политички идеи да се третираат како жртви на една политичка идеја - идејата на комунизмот?
Како второ, дури и под „комунизмот“ да не се подразбира политичка идеја (за слободно општество без класни поделби и отуѓување, без угнетување, влади и држави), туку конкретен политички режим (македонската „диктатура на пролетеријатот“), тогаш повторно од индивидуална одговорност се амнестираат конкретни злосторници. Вината и одговорноста за масовните прекршувања на човековите права се префрла на грбот на апстрактниот „систем“ кој, патем, воопшто и не се самоопределуваше како „комунизам“, туку како социјализам (нешто како транзиција кон“комунизам“). Да се обвинува „комунизмот“ (или транзицијата кон комунизам) како произведувач на масовни жртви на човекови права е исто како да се обвинува „демократијата“ (или нашата „транзиција“) заради масовните жртви од сиромаштијата, од безработицата, од приватизацијата, од самоволното апсење и тортура, од неефикасното судство и администрацијата, од корупцијата, денационализацијата, од прислушувањето, партизацијата, дискриминацијата, стигматизацијата итн. Јавното жигосување и јавната осуда на комунизмот, заради тоа што некои правеле злосторства од негово име, е исто како јавно да се осудуваат демократијата или христијанството, затоа што од нивно име некои луѓе правеле и се' уште прават масовни злосторства.
Како трето, иако музејот беше најавуван како „симболичен гест кон сите жртви“, Груевски испрати порака дека во него ќе има место само за „борците за Македонија“, само за тие што се бореле за идеалите што во моментов ги претпочита премиерот. Ако во музејот бидат изложени оригиналните политички досиеја само на следбениците и симпатизерите на историската ВМРО, Музејот на жртвите на комунизмот ќе биде само продолжение на Музејот на ВМРО и класичен пример за системска дискриминација кон жртвите. За да не бидат привилегирани само ВМРО-вските жртви, неопходно е да се прикажат и сите други жртви без разлика дали причините за прогонувањето биле политички или не. Имено, покрај ВМРО-вците и информбировците, треба да бидат опфатени и сите други „реакционери“, „ненародни елементи“, „класни непријатели“, капиталисти, буржуи, „национал-шовинисти“, сепаратисти, противниците на колективизацијата и аграрната реформа, непријателите на социјализмот и еднопартизмот, како и шпекулантите што непосредно по војната биле осудувани на смртна казна или робија заради трговија со забранети стоки.
Најдобар начин да се превенира синдромот на беспомошна жртва е да се создадат услови за жртвите да станат активни чинители во процесот на нивното закрепнување. Обновување на загубеното чувство на правда и на довербата во институциите на системот не е можно само преку симболички гестови ако притоа не се идентификуваат сторителите и не се обештетат жртвите поради нанесените неправди. Ако Груевски не отвори поширок процес на транзициска правда во кој ќе бидат опфатени и жртвите од „транзицијата“ и конфликтот од 2001, почетокот на изградба на Музејот „Македонска борба“ ќе остане само проѕирен обид за ескивирање од личната одговорност за катастрофално спроведените избори. Избори што придонесоа за зголемување на бројот на жртвите на масовно прекршување на демократските права.
во 21:44 3 коментари
Македонското знаме
6/11/2008Македонското знаме
Очигледно, филмскиот слоган „Големината е важна“ не прилега само за хорор-филмови со огромни чудовишта („Годзила“) и за тврди порнофилмови. На првиот национален меч во новата спортска сала во Скопје, видовме дека „Големината е важна“ и во случај на врвниот државен симбол - македонското знаме. Истакнувањето на грандиозното државно знаме на црвено-жолтата трибина е уште еден симптом дека Македонија се' уште ги нема преживеано симболичките војни што почнаа уште пред нејзиното осамостојување.
Да потсетиме, политичкиот конфликт за симболите почна уште при конституирањето на првото повеќепартиско Собрание, во однос на прашањата која химна треба да се интонира („Денес над Македонија“ или „Хеј Словени“) и дали треба да се симне сликата на Тито од собраниската сала. Одлучено е да се изведуваат обете химни, а покрај големиот портет на Тито да се постават помали портрети на македонските револуционерни икони Никола Карев и Гоце Делчев. На почетокот на 1991, политичкиот плурализам на симболички план е се' уште во сенка на Титовото „едноумие“, исто како што македонското републичко знаме е во сенка на популарната југословенска тробојка. Единственото знаме објавено на насловната страница на „Нова Македонија“ од 9 септември 1991 беше југословенската тробојка во рацете на група граѓани фатени на „референдумско“ оро.
Пред да биде усвоено во август 1992, првобитното државно знаме со „сонцето од Кутлеш“ ретко се употребуваше како идентитетски симбол, освен во партиски цели и во дијаспората. По усвојувањето, немаше видливи славенички реакции кај Македонците, ниту, пак, беше веднаш ритуално развиорено на државните институции наместо знамето со идеолошки компромитираната петокрака. Тоа почна да станува „национален култен објект“ дури по оспорувањето од страна на Грците, непосредно по неговото прогласување за национален симбол и, уште повеќе, по неговото менување во 1995 .
Падот на знамето го симболизира исходот од меѓународната симболичка војна - тоа е симбол на меѓународниот пораз на македонскиот национализам во битката со национализмот на Грција. Имено, уште во 1993, при приемот во ОН, Македонија доживеа симболичко понижување - беше примена без уставното име и без државното знаме. Сепак, тоа не беше повод за протести, туку за прослава. На објавените фотографии од масовната прослава на плоштадот во Скопје, може да се забележат одвај неколку развиорени државни знамиња со 16-кракото сонце.
Накусо, знамето со симболот од Вергина не прерасна ниту во моќен ниту во кохезивен и инклузивен национален симбол на македонските граѓани. Дури и кога во 1995 Македонија се обврза дека ќе престане да го употребува спорниот симбол, не уследија масовни протести за одбрана на националното знаме, туку постепено почна да се прифаќа новото државно знаме како национален симбол.
Битката за симболички престиж новото знаме ја водеше на неколку фронта. Од една страна, против приврзаниците на моќниот симбол од Вергина, кои подбивно го нарекуваа „некој си вентилатор од ‘Јапан’“. Доказ дека оваа симболичка војна се' уште трае е ланската прослава на двата Илиндена: ако на Мечкин Камен актуелното државно знаме беше реткост меѓу приврзаниците на премиерот Груевски, на Пелинце државното знаме доминираше меѓу приврзаниците на претседателот Црвенковски. Иако мнозинството македонски националисти веруваат во слоганот „Има само една Македонија!“, јавното прославување со повеќе „национални“ македонски знамиња може да се толкува како симптом за идентитетска криза на нацијата, како симптом за „нарушување на повеќекратна личност“. Националното знаме станува симбол на поделбата помеѓу „Старомакедонци“ и „Новомакедонци“, успешно доловена од познатиот сликар Александар Станковски. Прикажувајќи ги двата вида разулавени колективни „македонски национални идентитети“, визуелно разграничени со двете доминантни „национални“ знамиња, Станковски ја прикажува децениската симболичка војна помеѓу двата главни националистички табора, кои со помош на „националното“ знаме се обидуваат да воспостават контрола не само врз колективната имагинација туку и врз колективната политичка акција.
Од друга страна, актуелното државно знаме беше симболички оспорено на внатрешен план од страна на албанскиот политички блок, кој се' уште го фаворизира исклучиво знамето на Скендер-бег. Да потсетиме, Уставниот суд во 1997 го толкуваше ова знаме како маркер на „албански територии“, како симбол што го загрозува територијалниот интегритет на Република Македонија, а не како маркер на идентитетот на граѓаните со албанска „националност“. Дури и Европскиот суд за човекови права ја прифати интерпретацијата дека во 1997 станувало збор за вооружена одбрана на „знамето на Република Албанија“, а не за одбрана на знамето на албанската „националност“ во Република Македонија. Но, тоа што беше незамисливо за Уставниот суд во 1997, стана политичко правна реалност по Рамковниот договор од 2001. Симболички исход од конфликтот во 2001 беа не само уставните измени (кои експлицитно определуваа дека „припадниците на заедниците“ имаат право „да ги употребуваат симболите на својата заедница“), туку и непречената употреба на знамето на Скендер-бег, и намерното игнорирање на државното знаме во општините во кои етничките Албанци претставуваа мнозинство.
Како и претходната влада, и владата на Груевски не успеа да организира избори на кои ќе се вее државното знаме на целокупната територија на Република Македонија. Џабе е грандиозното државно знаме во скопската сала, кога истото знаме го немаше на скопските улици во населбата Чаир на денот на изборите.Ако сакаме прегласувањето да биде успешно и согласно со законите, владата на Груевски мора да вложи дополнителни политички напори за „најтоплото знаме на светот“ да почне да ги „грее срцата на сите Македонци“, независно од нивното етничко потекло. Груевски е во позиција да ја надмине симболичката „федерализација“ и да обезбеди барем симболично национално единство со мошне едноставен потег - да изјави дека услов за влегување во владата на која било партија ќе биде јавното прифаќање на актуелното македонско државно знаме.
во 00:15 8 коментари
„Аце наш, голем маж!“
6/09/2008Еве зошто Грција води битка против нас за Александар Велики:
Геј-туризмот на Грција годишно и носи 1,5 милијарди евра
Крајно време е нашата „империја“ да го возврати ударот организирајќи „геј-крстосувања“ по Охридското езеро и Скопската чаршија како наши туристички „Мека и Медина“.
Еве и предлог за рекламен слоган: „Кој ќе преживее, ќе раскажува!“
во 12:39 8 коментари
„Успехот“ на кампањата за кирилица
„Дали сте задоволни од одзивот на кампањата „Мојата кирилица”?
Многу сме задоволни. Фактот што нашата интернет страна досега ја посетија повеќе од 6000 луѓе, сам по себе зборува колкаво е интересирањето. Јас сум презадоволен од публицитетот што го добивме во медиумите и од коментарите на луѓето. Мислам дека кампањата помина и подобро отколку што очекувавме.“ (Кампањата „Мојата кирилица” го постигна посакуваниот ефект)
Уште да научеа дека правилно се пишува „интернет страница“, а не „интернет страна“ и „одѕив“, а не „одзив“.
После толку ТВ хука-бука, после толку спотови, плакати, билборди, поштенски марки, за неколку месеци интернет страницата ја по сетиле „дури“ 6000 луѓе.
Што сакав да кажам? Крајно време е попосетуваните блогери да ги демонстрираат своите потенцијали за водење на групни кампањи кои би имале барем 10 пати поголем е-ефект отколку кампањата за кирилица.
Ако успехот на една кампања се мери со 6000 посети, тогаш поефективно и поисплатливо е да се ангажираат популарни блогери, отколку некои аматери.
во 11:59 3 коментари
Шеќеринска: „умри машки“?
6/07/2008Дознаваме дека некои следбеници ја перципирале Шеќеринска како „претседателот“, а на „претседателката“:
„Претседателот Радмила Шекеринска својот збор го кажа веднаш по завршувањето на броењето во повеќето избирачки места. Му честиташе на победникот и ја презеде целосната одговорност,без задршка и без калкулација. Машки до крај, како што впрочем ја тераше и целата кампања.“ (Јован Деспотовски, Одговорност (2))
„Машки до крај“?
А што стана со „женскиот фустан“?
На СДСМ-овците дефинитивно им треба родово сензибилизирање.
Треба да го сменат филмот.
Оти и после „умри машки – втор дел“, „мачо“ серијалот продолжува.
во 15:33 7 коментари
Груевски победи, Македонија загуби!
6/04/2008Груевски победи, Македонија загуби!
Груевски убедливо победи - Македонија уште поубедливо загуби! Накусо, тоа се резултатите од предвремените парламентарни избори 2008. Уште една голема победа на Груевски на домашната политичка сцена, уште еден тежок пораз на Македонија на меѓународната политичка сцена.Првпат власта не беше изборно казнета од граѓаните, туку неподготвената опозиција која заигра на свадба со празни раце - без убедлива изборна програма, со нереални политички ветувања и со негативна кампања насочена кон лично дискредитирање на противниците. Не ни се повтори историјата, но затоа ни се повтори парадоксалната постбукурешка равенка: интернационален пораз на Македонија = домашна победа на ВМРО-ДПМНЕ.
По предизборната рашомонијада - „Што и' се случи на Македонија на букурешкиот самит?“, преживуваме постизборна „резилијада“ - „Што и' се случи на Македонија на изборите?“
Дефинитивно, како и по Букурешт, некој има изгубено контакт со реалноста! Не се знае само кој, дали нашиве кусогледи политичари или, пак, меѓународните набљудувачи што почнаа да не' „ѕиркаат“ преку очила со ЕУ-диоптер. Од една страна, странските воајери создаваат претстава дека на предвремените избори демократијата на ЕУ-кандидатот била бандитски силувана („gang rape“). Од друга страна, нашите политички егизбиционисти се обидуваат да создадат претстава дека станувало збор за доброволен секс на македонски начин.
Џабе „воајерите“ на ОБСЕ констатираат дека стандардите останале незадоволени. Нашиот премиер веќе обнароди дека имавме фер и демократски избори. Остана да лебди само дилемата колку изборите ни биле демократски, поради нерегуларностите од 1 до 2 процента - дали 98 посто или, пак, 99,102 посто.
Џабе меѓународните „пазачи“ укажуваат на „неуспехот да се превенираат насилните акти“ и на „ограничената и селективна примена на законите“. Интелектуалните мегафони на Груевски веќе разгласија дека инцидентите биле во помал обем од 2006, а дека полицијата била многу поефикасна. Кој не верува, нека го гледа во живо полициското спроведување на Красниќи во судот.
Залудни се предупредувањата на МКГ дека безбедносната ситуација драстично ни се влошила поради предизборното насилство, кое на некои гласачки места се преобрази во вистинска „касапана“. Директорот на Центарот за управување со кризи веќе констатираше дека „по вчерашните инциденти... безбедносната состојба во земјата е подобрена, а не влошена“. Кој не верува, нека гледа Грујовизија.
Залудни се укажувањата на нашите меѓународни пријатели дека силувањето на гласачките кутии е силување на македонската демократија од страна на оружени групи. Во некои случаи дури и пред очите на нашите полицајци, во улога на неми воајери или активни помагачи на „гордите“ насилници. Премиерот со личен чин им покажа на нашите американски партнери дека не е верно оти спроведувањето на предвремените избори „ја дискредитирало оваа земја“. Лично премиерот покажа дека Македонија има вера и ќе докаже дека демократијата и' е света, со тоа што отиде во црква да се поклони во знак на благодарност кон Бога.
На денот на изборите, предизборниот фестивал на лагата се претвори во вистински циркус на вербални акробации. Како да постоеше натпревар помеѓу портпаролите, кој ќе даде изјава што е подалеку од реалноста. Според мене, во финалето влегоа портпаролот на „Сонце“ (кој веднаш по изборите изјави дека Груевски не ја постигнал целта), портпаролот на ДПА (со изјавата дека ги победиле ДУИ со резултати од 2:1 до 4:1), како и портпаролот на Владата кој најжестоко се огради од насилните инциденти како да се случуваат на некоја друга планета, а не во Македонија. Специјална награда за „одлепеност“ би и' доделил на Шекеринска за изјавата за нејзините активисти: „Одговорноста за нереализираното мнозинство е моја, заслугата за одлично водената кампања е ваша“. Како е можно „одлично водената кампања“ да резултира со толку катастрофални резултати? Колку што „Сонце“ е далеку од мнозинството со освоените бедни 28 пратенички места, толку изјавата на нивната лидерка е далеку од реалноста.
Утешната награда за „промисленост“ му ја доделувам на победникот на коалицијата „За подобра Македонија“ за неговата историска изјава: „Тој што вчера се обиде да создаде проблеми, не и' мисли добро на Македонија“. Машала, уште малку ќе испадне и дека насилните инциденти на 1 јуни не биле реални проблеми, туку само обид за создавање проблеми. Се чини залудно насилниците поарчија толку куршуми и силуваа толку изборни кутии. За премиерот, тоа се луѓе што не и' мислат добро, а не луѓе што не и' прават добро на Македонија. Новата народна поговорка „Кој пука - зло не мисли“ изгледа важи само за славениците на победничката коалиција, но не и за „луѓето што не им мислат добро на Албанците“ и на Македонија.
Без разлика какви небулози шириме по дома, јасно е дека на 1 јуни добивме единица по демократија од Фуере, со шанса за поправен испит и одлични изгледи и третпат да ја повторуваме годината во средното училиште „ЕУ-интеграција“. Па што ако уште еднаш ја повторуваме? Нели, повторувањето е мајка на знаењето. Знаењето е моќ. Македонија знае. Преродбата продолжува. А Груевски има се' поголема моќ.
Мојот список со блогови
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 3 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 5 години
-
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 13 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 15 години
-
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this month
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this week
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...