Македонското знаме

6/11/2008

Македонското знаме
Очигледно, филмскиот слоган „Големината е важна“ не прилега само за хорор-филмови со огромни чудовишта („Годзила“) и за тврди порнофилмови. На првиот национален меч во новата спортска сала во Скопје, видовме дека „Големината е важна“ и во случај на врвниот државен симбол - македонското знаме. Истакнувањето на грандиозното државно знаме на црвено-жолтата трибина е уште еден симптом дека Македонија се' уште ги нема преживеано симболичките војни што почнаа уште пред нејзиното осамостојување.
Да потсетиме, политичкиот конфликт за симболите почна уште при конституирањето на првото повеќепартиско Собрание, во однос на прашањата која химна треба да се интонира („Денес над Македонија“ или „Хеј Словени“) и дали треба да се симне сликата на Тито од собраниската сала. Одлучено е да се изведуваат обете химни, а покрај големиот портет на Тито да се постават помали портрети на македонските револуционерни икони Никола Карев и Гоце Делчев. На почетокот на 1991, политичкиот плурализам на симболички план е се' уште во сенка на Титовото „едноумие“, исто како што македонското републичко знаме е во сенка на популарната југословенска тробојка. Единственото знаме објавено на насловната страница на „Нова Македонија“ од 9 септември 1991 беше југословенската тробојка во рацете на група граѓани фатени на „референдумско“ оро.
Пред да биде усвоено во август 1992, првобитното државно знаме со „сонцето од Кутлеш“ ретко се употребуваше како идентитетски симбол, освен во партиски цели и во дијаспората. По усвојувањето, немаше видливи славенички реакции кај Македонците, ниту, пак, беше веднаш ритуално развиорено на државните институции наместо знамето со идеолошки компромитираната петокрака. Тоа почна да станува „национален култен објект“ дури по оспорувањето од страна на Грците, непосредно по неговото прогласување за национален симбол и, уште повеќе, по неговото менување во 1995 .
Падот на знамето го симболизира исходот од меѓународната симболичка војна - тоа е симбол на меѓународниот пораз на македонскиот национализам во битката со национализмот на Грција. Имено, уште во 1993, при приемот во ОН, Македонија доживеа симболичко понижување - беше примена без уставното име и без државното знаме. Сепак, тоа не беше повод за протести, туку за прослава. На објавените фотографии од масовната прослава на плоштадот во Скопје, може да се забележат одвај неколку развиорени државни знамиња со 16-кракото сонце.
Накусо, знамето со симболот од Вергина не прерасна ниту во моќен ниту во кохезивен и инклузивен национален симбол на македонските граѓани. Дури и кога во 1995 Македонија се обврза дека ќе престане да го употребува спорниот симбол, не уследија масовни протести за одбрана на националното знаме, туку постепено почна да се прифаќа новото државно знаме како национален симбол.
Битката за симболички престиж новото знаме ја водеше на неколку фронта. Од една страна, против приврзаниците на моќниот симбол од Вергина, кои подбивно го нарекуваа „некој си вентилатор од ‘Јапан’“. Доказ дека оваа симболичка војна се' уште трае е ланската прослава на двата Илиндена: ако на Мечкин Камен актуелното државно знаме беше реткост меѓу приврзаниците на премиерот Груевски, на Пелинце државното знаме доминираше меѓу приврзаниците на претседателот Црвенковски. Иако мнозинството македонски националисти веруваат во слоганот „Има само една Македонија!“, јавното прославување со повеќе „национални“ македонски знамиња може да се толкува како симптом за идентитетска криза на нацијата, како симптом за „нарушување на повеќекратна личност“. Националното знаме станува симбол на поделбата помеѓу „Старомакедонци“ и „Новомакедонци“, успешно доловена од познатиот сликар Александар Станковски.
Прикажувајќи ги двата вида разулавени колективни „македонски национални идентитети“, визуелно разграничени со двете доминантни „национални“ знамиња, Станковски ја прикажува децениската симболичка војна помеѓу двата главни националистички табора, кои со помош на „националното“ знаме се обидуваат да воспостават контрола не само врз колективната имагинација туку и врз колективната политичка акција.
Од друга страна, актуелното државно знаме беше симболички оспорено на внатрешен план од страна на албанскиот политички блок, кој се' уште го фаворизира исклучиво знамето на Скендер-бег. Да потсетиме, Уставниот суд во 1997 го толкуваше ова знаме како маркер на „албански територии“, како симбол што го загрозува територијалниот интегритет на Република Македонија, а не како маркер на идентитетот на граѓаните со албанска „националност“. Дури и Европскиот суд за човекови права ја прифати интерпретацијата дека во 1997 станувало збор за вооружена одбрана на „знамето на Република Албанија“, а не за одбрана на знамето на албанската „националност“ во Република Македонија. Но, тоа што беше незамисливо за Уставниот суд во 1997, стана политичко правна реалност по Рамковниот договор од 2001. Симболички исход од конфликтот во 2001 беа не само уставните измени (кои експлицитно определуваа дека „припадниците на заедниците“ имаат право „да ги употребуваат симболите на својата заедница“), туку и непречената употреба на знамето на Скендер-бег, и намерното игнорирање на државното знаме во општините во кои етничките Албанци претставуваа мнозинство.
Како и претходната влада, и владата на Груевски не успеа да организира избори на кои ќе се вее државното знаме на целокупната територија на Република Македонија. Џабе е грандиозното државно знаме во скопската сала, кога истото знаме го немаше на скопските улици во населбата Чаир на денот на изборите.Ако сакаме прегласувањето да биде успешно и согласно со законите, владата на Груевски мора да вложи дополнителни политички напори за „најтоплото знаме на светот“ да почне да ги „грее срцата на сите Македонци“, независно од нивното етничко потекло. Груевски е во позиција да ја надмине симболичката „федерализација“ и да обезбеди барем симболично национално единство со мошне едноставен потег - да изјави дека услов за влегување во владата на која било партија ќе биде јавното прифаќање на актуелното македонско државно знаме.

8 коментари:

Комитата рече...

И двете знамена са много странни. Това, което аз се чудя е, защо не се прифати някое от знамената на Илинденско-Преображенското въстание. Има много знамена, главно червени със златен лъв по средата.
Има и охридско знаме ама айде може би не е политически коректно днес да се говори за него.
Нито лъвът - традиционният македонски символ, нито знамето (традиционно червено, но понякога и зелено) са прифатени в Македония. Вместо това се фантазира на тема "слънце" "вентилатор" и т.н.

Много са тихи специалистите по хералдика. Защо не им се чуват гласовете?

Unknown рече...

Комита, во нашата химна има стих:
„Одново сега знамето се вее на Крушевската Република...“
Ама ретко кој знае за кое знаме станува збор...
Колку што можев да видам на некои фотки, тоа знаме (со сонце и карта на Македонија - до Солун) било користено од „бугарските освободители“ во 1941, заедно со огромна слика на Хитлер, и помала слика на бугарскиот цар со трнаспаренти „Еден народ, еден цар, едно царство“.

Анонимен рече...

Баш пред некој ден размислував на слична тема, дали Груевски може да се искурнази и кога ќе дојде време за коалицирање да им наложи на коалиционите партнери јун(л)ски договор да почнат да ја покажуваат должната почит кон државното знаме. ама ајде ќе видиме дали ќе има нешто ново на тој план или па ќе продолжиме по старо кон бавна федерализација на македонија

Анонимен рече...

И ваш'та не е лесна... (без майтап)

Анонимен рече...

ZOLTIOT LAV NA CRVENA PODLOGA,STO SEGA SE VEE VO MAKEDONIJA E ORIGINALNIOT GRB NA MAKEDONIJA-SPORED HERALDIKATA,TREBA DA SE IZGLASA ZA DRZAVEN GRB I TOA E TOA,NEMA NEKOJA GOLEMA FILOZOFIJA ILI PAK AKO VLASTA NEMA ZA TOA "MUDA" NEKA SI STOI STARIOT GRB OD FNRJ SO VRVOT NA PLANINATA PIRIN(nema da mu bide milo na ovoj bugarinot koj se mesa kaj sto ne mu e mesto ama koj go e.e).DODEKA ZA DRZAVNO ZNAME, OVA SEGA STO GO IMAME T.N."VENTILATOROT" E NAVISTINA DETSKA RABOTA.

Анонимен рече...

Харесва ми израза „червена подлога“ :-)

Анонимен рече...

Без връзка с темата: Жарко, прочети това, може да ти е интересно (аз съм го писал) и като го прочетеш - истрий моля те този коментар и линка:-)

Хесапов рече...

...ах този вентилатор, какво ли , защо ли?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week