„Успехот“ на кампањата за кирилица

6/09/2008

Еве како се мери „успехот“:

„Дали сте задоволни од одзивот на кампањата „Мојата кирилица”?
Многу сме задоволни. Фактот што нашата интернет страна досега ја посетија повеќе од 6000 луѓе, сам по себе зборува колкаво е интересирањето. Јас сум презадоволен од публицитетот што го добивме во медиумите и од коментарите на луѓето. Мислам дека кампањата помина и подобро отколку што очекувавме.“ (Кампањата „Мојата кирилица” го постигна посакуваниот ефект)

Уште да научеа дека правилно се пишува „интернет страница“, а не „интернет страна“ и „одѕив“, а не „одзив“.

После толку ТВ хука-бука, после толку спотови, плакати, билборди, поштенски марки, за неколку месеци интернет страницата ја по сетиле „дури“ 6000 луѓе.

Што сакав да кажам? Крајно време е попосетуваните блогери да ги демонстрираат своите потенцијали за водење на групни кампањи кои би имале барем 10 пати поголем е-ефект отколку кампањата за кирилица.

Ако успехот на една кампања се мери со 6000 посети, тогаш поефективно и поисплатливо е да се ангажираат популарни блогери, отколку некои аматери.

3 коментари:

Анонимен рече...

бев на две од „трибините“ или што и да беа во стопанска комора.

невидена катастрофа, собрани некои типци академици што ти ја знам.. секој си раскажува некои приказни целосно надвор од тема. Флоскули на сите страни... ауф мачно беше.

Анонимен рече...

За малку заради нив не го прекинав постот од постирање, а сега ти сакаш да се измрсам пак :).

Анонимен рече...

Жаре не претерувај... станува збор за „кирилица“, а не за „говорете македонски“. Одзив си е одзив, важно е на кирилица... :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week