Дознаваме дека некои следбеници ја перципирале Шеќеринска како „претседателот“, а на „претседателката“:
„Претседателот Радмила Шекеринска својот збор го кажа веднаш по завршувањето на броењето во повеќето избирачки места. Му честиташе на победникот и ја презеде целосната одговорност,без задршка и без калкулација. Машки до крај, како што впрочем ја тераше и целата кампања.“ (Јован Деспотовски, Одговорност (2))
„Машки до крај“?
А што стана со „женскиот фустан“?
На СДСМ-овците дефинитивно им треба родово сензибилизирање.
Треба да го сменат филмот.
Оти и после „умри машки – втор дел“, „мачо“ серијалот продолжува.
7 коментари:
Жаре, мислам дека и ти понекогаш претеруваш со очекувањата. Зар можеш да очекуваш од глуп човек да напише нешто попаметно од ова?!? Па вакви „халоспијеви маршалу“ имаше само уште во титово време.
Ова е само уште еден симптом кој ни ја кажува причината зашто СДСМ рокна на изборите. Неможе луѓе со ваков титовопионерски менталитет да се претставуваат за „европска“ опција. И да очекуваат дека некој ќе им поверува во тоа. Пројдоа тие времиња... фала Богу, дури и во Македонија, фајнали! :)
Секогаш кога нешто барам да прочитам било од блог или некој он-line весник, секогаш се загледувам најпрво во насловот а потоа во се друго.
Сакав да кажам: премногу се комплицира, анализира и паламуди со некој интелктуални сегрегации и компарации на некој идеологии што не се ни приближни на споредбените.
И пак, сакав да кажам:
"Само погледнете им ги очите. Очите никогаш не лажат. Посебно на постарата политичка плејада."
PS
Во ова општество постојат (според мене)од 1000 до 2000 момци и девојки кој можат да го променат светот а не пак, Македонија. Кличното е: како да се пронајдат?
Поздрав,
Nenad Jovanovic
Колку романтично нели.
Дали е?
(а наместо во политика да има "beautifulmind" - кај нас има "bad mother fucker" - и интелекуално и емотивно.
(истиот Ненад од претходно...да го ебам и него)
како да се создаде критична маса од луѓе кои ќе предизвикаат „лавина ефект“ за општествени промени? - прашање без конкретен одговор, засега.
Луѓето молчеа во 50год. социјализам и сега Вие наеднаш очекувате да прозборат, да се бунтуваат - критички да опсолвираат општествени феномени...Тешко е, не се амнестирам - ветувам дека кје се трудам, сепак мускул и статус се во прашање. Мешлакот и хранопроводникот мене ми е многу побитен од било која Кртика. Прво храна па се друго.
Вие имате прилика, пишувате колумни. Еве, јас Ви ветувам дека кје бидам Пандан на критичка мисла ако еден мангуп ја мрдне пост-модерната на +5%.
Ненад Јовановиќ
Критична маса?
КРИТИЧНА МАСА?!?
Човеку, па додека некој мисли дека со секундарно (СИЦ! - намерно!) поентирање и мудријашење, постигнува некаква цел, освен лично моментално болскотење, дотогаш ќе нема ни снежна топка, а не пак лавина.
Треба да кажеме нешто ЕДНАШ.
Да го повториме УШТЕ ЕДНАШ.
Кога ќе биде кажано ТРЕТ ПАТ, да биде и РЕ- и ПАРА-фразирано.
Веќе од ЧЕТВРТА можеби може да се очекува погодување на некаков нерв кај јавноста (која е поголема и, секако, поИНЕРТНА целина која ја содржи во себе првичната критична маса).
Објави коментар