Зошто пратениците на СДСМ
гласаа за предлог закон со кој власта сака да си создаде нов механизам за
цензура и контрола на медиумите и граѓаните?
Во партиското соопштение “ВЛАСТА СИ СОЗДАВА НОВИ МЕХАНИЗМИ ДА ГИ ЦЕНЗУРИРА И КОНТРОЛИРАМЕДИУМИТЕ”, e истакнато:
“СДСМ генерално ја подржува декриминализацијата на клеветата
и навредата, но нема да бидеме соучесници во владините намери дополнително да
ги ограничат новинарските права и медиумските слободи.
Затоа, ја користиме оваа прилика да информираме дека
поднесовме амандмани со кои бараме намалување на максималната казна од 27
илјади евра на 2 илјади и 700 евра, бришење на членот од законот кој овозможува
цензурирање на новинарски текстови и амандман за дефинирање на евентуалната
одговорност на интернет порталите.
Очекуваме од владејачкото мнозинство или да понуди подобар
текст на законот или да ги прифати нашите амандмани.”
Но, дури и да се прифатат трите амандмани на СДСМ, нема да
се решат главните проблеми со пакетот предлог-закони кои ја загрозуваат
слободата на изразување.
Опозицијата треба под итно да ги блокира сите предлог-закони
кои ја засегаат слободата на изразување и да издејствува нивна темелна
преработка во соработка со граѓанскиот сектор преку јавни дискусии на кои ќе
може да се произнесе секој засегнат граѓанин.
Ако опозицијата се впушти во амандманско пазарење за
слободата на изразување, и таа ќе стане соучесник - не само во исклучувањето на
граѓанството од процесот на донесување на закони, туку во информациското
помрачување во Македонија.
0 коментари:
Објави коментар