Го гледам обраќањето на „премиерот м-р Никола Груевски по повод 100-те дена од работата на Владата“ па си ги тријам очите и си ги штипам образите. Дали е 1 ноември или 1 април? Дали сме 2008 или 2006? „Денови ли се денови“ - дал се 100 или 800 - откако Груевски стана премиер на 28 август 2006?
Пресметувам и - нема сомнение - на плешките на нашиот премиер „легнале та натежнале“ цели 800 дена. Секој божји ден откако е на власт Груевски не уверува дека правел „Стани си утре порано / Дојди си вечер подоцна“: „Посветено, деноноќно, без слободен викенд, без запирање, со силно темпо, без да се штедиме себеси, се работеше на остварување на програмата“.Е, ај да видиме што е сработено од програмата. Еве што вели владината програма за 2008 - кои се стратегиските приоритети:
1. „Зголемување на вработеноста и подобрување на животниот стандард на граѓаните на Република Македонија“.
Во своето обраќање Груевски неколку пати спомна дека продолжил да работи на „намалување на невработеноста“. Навистина, откако дојде на власт, стапката на невработеност е намалена од 36.1 (втор квартал 2006) на 33.8 отсто (втор квартал 2008). Но, и Груевски не успеа драстично да го намали бројот на невработените. Во 2006 имало 319.316 невработени, а во вториот квартал од 2008 има 310.441. Тие што тврдат дека не сме биле ништо полоши од Бугарија и Романија од пред 5 години, нека погледнат поубаво. Стапката на невработеност во Бугарија е намалена од 18 (2003) на 8 (2008), а стапката на невработеност во Романија се намалила од 8.3 (2003) на 4.1 отсто (2008) (податоци од Индекс мунди).
За животниот стандард немаше место во обраќањето на премиерот. Во разговорот со новинарите, вицепремиерот Ставрески ни објасни што покажувале податоците. Според последните официјални податоци, просечната плата била 15.850 денари, а потрошувачката кошница била „околу 12 илјади и нешто... двесте, триста денари“. Ставрески убедуваше дека сега „околу 30 отсто од платата остануваат откако ќе ја намирите потрошувачката кошница“, а во 2005 потрошувачката кошница била 90 отсто од платата. Заклучокот на Ставревски е дека „порастот релативен на платите во овие две години е повисок отколку порастот на потрошувачката кошница“.
Но, Ставрески има сериозни проблеми со калкулациите и заклучоците. Да видиме што вика простата аритметика и заводот за статистика. Простата математика вели дека 30 отсто од 15.850 денари е 4.655 денари, а само 3.608 е остатокот (15.850 денари минус 12.242 денари)! Според последните податоци, остатокот од 3.608 денари не е „околу 30 отсто од платата’ туку 22,76 отсто!
И тврдењето на Ставрески дека „во 2005 потрошувачката кошница била 90 отсто од платата“ паѓа во вода ако се споредат официјалните податоци од Заводот за статистика за декември 2005: „Просечната нето плата по работник за декември 2005 година изнесуваше 13 125 денари. Вкупните трошоци за исхрана и пијалаци изнесуваа 9 947 денари и се пониски од просечната нето-плата за 3178 денари, односно 24.2 отсто“ Ако „потрошувачката кошница била 90 отсто од платата“ тогаш ќе останувале само 10 отсто, а не 24.2 отсто!
Не држи вода ниту заклучокот на Ставрески дека во последниве две години порастот на платите е повисок отколку порастот на потрошувачката кошница. Кога Груевски дојде на власт во август 2006, просечната исплатена месечна нето плата по вработен изнесуваше 13.718 денари, а во август 2008 просечната плата изнесува 15.820 денари. За истиот период, потрошувачката кошница пораснала од 10.074 на 11.957 денари. Значи, платите пораснале за 15.3 отсто, а потрошувачката кошница за 18.7 отсто!
Накусо, во 2005 и 2006 останувало повеќе од платата отколку што останува сега. Податоците укажуваат дека нема „мало, но постепено подобрување“ на стандардот, туку мало, но постепено влошување. Колку и да се фали Владата со економски прогрес, граѓанинот тоа не го чувствува.
2. „Добивање полноправно членство на Република Македонија во НАТО“.
Груевски комплетно го игнорира овој стратегиски приоритет во своето обраќање. Спомна само дека сме го зајакнале стратешкото партнерство со НАТО, ама тоа не беше стратегиски приоритет на неговата влада во 2008, туку „полноправно членство“. Накусо, ниту приоритетот е остварен ниту беше дадена анализа зошто не е остварен.
3. „Продолжување со активностите за почнување на преговорите за интегрирање на Република Македонија во ЕУ“.
Се чини, ова е единствениот приоритет што навидум го оствари Груевски, но само благодарение на начинот на кој си го дефинирал. Бездруго, Груевски продолжи со „активностите за почнување на преговорите“. И секој друг што ќе продолжеше, ќе го оствареше ваквиот стратегиски приоритет.
Но, годинава очекувавме многу повеќе. Во почетокот на 2008, министерот за надворешни работи оптимистички ни порача од Зубовце дека ова ќе биде пресвртна година на надворешнополитички план. Милошоски ветуваше ем „година на успеси за Република Македонија, пред се', во однос на нашите НАТО-аспирации“ ем година во која нашата земја ќе направи историски чекор во приближување кон ЕУ.
Но, ниту лобирањето кај ноевите помогна, ниту палењето свеќа во црква. Нема да помогнат ниту „суши-лажи“ анализите дека „забележавме значаен прогрес“ во исполнувањето на 8-те репери (според Боцевски, исполнетоста ќе биде 90 отсто). Фалбаџиските оценки дека и „90 проценти од ветеното за првите 100 дена од овој мандат се реализира“, можат да поминат само во фармата за ноеви во Зубовце, но не и во Брисел.
Се чини, ништо не може да ја спречи Македонија на патот кон ЕУ, освен немањето елементарна политичка култура и недостиг од храброст за соочување со реалните бројки и проценти за (не)оствареното. И по 800 дена владеење на Груевски, продолжуваме да си нижиме синџир од лаги железен, околу вратот навезен.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
20 коментари:
Како што пишав и на минатата тема, секој си ги толкува бројките како што му одговара. Сега останува 22.76% а пред 3 години останувало 24.2%? Која драстична разлика! Но те разбирам, на некого му треба Груевски (не владата или партиите кои ја сочинуваат владата туку само и исклучиво Груевски) да го претстави во што е можно полошо светло па и тие 2% ги претставува како нешто катастрофално.
За втората точка нема што многу да се коментира, јасно е зошто не добивме покана за во НАТО и секоја дополнителна анализа е непотребен трошок кој секако ќе се одрази на процентот од првата точка.
И повторно ќе потенцирам, блогов е премногу едностран за да се сфати сериозно. Во земјава (а и пошироко) се случуваат многу повеќе работи за некој сериозен „експерт“ и аналитичар да се сконцентрира исклучиво на една тема. Освен ако тоа не е плански и со одредена намена? Вака повторно и повторно и повторно ипаѓаш аматер.
Podatocite vo ovoj blog se sosema korektni i egzaktni. Analizata e mosne tocna i ja odrazuva realnosta vo Makedonija. Sega se nametnuva prasanjeto koga ke se smeni ova praksa koja sto ja forsira aktuelnata Vlada. Dokolku ne se smeni odnosot na nasata Vlada sprema megunarodnata zaednica, mozni se novi predvremeni izbori.
Pritisokot za takvo nesto veke zapocna...
ауууу,
жаре, не ми се верува. аматер си пошто како експерт следиш само една тема и се обидуваш да ја поткрепиш со факти, и копаш и копаш и копаш и презентираш бројки и бројки ...
и оп, аматер. и јас сакам :)
колку се изместени вредностиве во општествоо наше, боли глава.
патем одличен пост, ама тоа си знаеш :)
Da parafraziram eden poznat tragikomicen filmski junak iz Shumadije - Ali rejting, jebiga ... ;)
Iliti vo prevod, analizite se OK, odlicni, ponekogas urnebesni, ama nemaat politicki efekt. A lekot za toa go nema na povidok.
Ете уште една интересна работа - сите критикуваат и напаѓаат, по некој споменува некаков фамозен лек но никој не кажува што е точно тој лек! Најлесна работа е да се биде негативен, за тоа сме веќе бајаги испраксирани низ транзицискиве години, но кога ќе треба да се делува позитивно се слушаат само штурци во позадина. Никој не вели дека некои од работите што се кажани во постов и севкупно во блогот не се на место, но да се тврди дека анализата во која разлика од -1,44% (22,76-24,2) се претставува како катастрофален резултат а истовремено намалувањето на невработеноста од 2,3% (36,1-33,8) да се престави како ништо посебно, е коректна е далеку од реалноста. Никој не ја спори егзактноста на наведените податоци (иако практиката која се воспостави последниве 5-6 години секоја година да се менува директорот на заводот за статистика драстично ја девалуира и точноста на податоците, ама ај...), јас само ја оспорувам коректноста тие податоци да се наведат во форма во која е очигледно дека намерата е да се биде негативен и по секоја цена да се прикаже некој (во случајов Груевски) во лошо светло. Никој не вели дека Груевски е светец (далеку далеку од тоа) но фер е понекогаш да се пофалат и позитивните потези на владата, да прошириме и малце позитивна енергија.
И ако веќе за се поврзано со владата го именуваме лично Груевски зошто тогаш кога се споменува ЕУ наместо ЕУ не го споменуваме Фуере или незнам кој друг претставник го имаат тука? Малце фер плеј молам.
За darko156:
За која тема збориме? За анти-Груевски темата? За анти-влада? За анти-ВМРО-ДПМНЕ? За македонската историја? За економија? За евроинтеграции? За стандардизација? Авторот на блогот далеку од тоа да се занимава само со една тема, освен ако не се работи за првите три кои ги набројав кои може да се каже дека се една иста тема.
Eve bre Zare i drugi decki primetuvaat toa sto ti go imam pisuvano predtoa,premnogu si opsednat so Gruevski i VMRO,premnogu negativna energija imas,daj batka olabavi malku,go tupis,go tupis i na krajot ke go iskrivis....deckooooooooo......promeni tema, daj pisuvaj za promenat na klimatskite uslovi,eve nosat novi zivotincinja vo zooloskata napisi nesto za toa.......ebate so belja ebate.Inace ova ti go pisuva eden egeec,da znaes kolku da ne se s'kldisuvas.
Навистина, тоа „владеењето на Груевски“ звучи многу лошо, ко да сме во некој деспотизам! Ама да беше така сигурно немаше ниту ти ниту било кој друг да пишува вакви текстови, нели? :)
Anonymous, ne li go naogas za problematicno toa sto premierot i vicepremierot javno lazat i manipuliraat so procentite?
Toa e katastrofalno i pokazuva kolku visoko mislenje imaat tie za gragjanite na nivnata zemja.
Не е само „владеењето на Груевски“ виновно, виновни се и сите претходни владеења коишто ја уништија државата, а обичниот граѓанин го оставија да умира од глад. Сите политичари се едно те исто смрдливо гомно. Народот треба да се свести и еднаш веќе да го дигне гласот против оваа тиранија од 21 век.
1) „секој си ги толкува бројките како што му одговара“.
Беа презентирани погрешни бројки, и врз основа на тоа беа извлечени погрешни заклучоци.
2) Поарно е да сум аматер, отколку „професионалец“ (како од истоимениот филм) :)
3) „да се тврди дека анализата во која разлика од -1,44% (22,76-24,2) се претставува како катастрофален резултат а истовремено намалувањето на невработеноста од 2,3% (36,1-33,8) да се престави како ништо посебно, е коректна е далеку од реалноста.“
Никаде не сум заклучил „катастрофален резултат“, туку „мало, но постепено влошување“.
Катастрофално е тоа што беа презентирани погрешни статистички податоци (или можеби Заводот за статистика лаже?).
4) „да беше така [деспотизам] сигурно немаше ниту ти ниту било кој друг да пишува вакви текстови, нели?“
Делумно е така, ама нели е малку симптоматично и тоа што најголем дел од коментаторите се анинимни?
5) „виновни се и сите претходни владеења коишто ја уништија државата, а обичниот граѓанин го оставија да умира од глад.“
Критичкото мислење подразбира преиспитување на авторитетите/властите, без оглед на тоа која политичка гарнитура е на власт.
„невработеноста е бетонирана на околу 350.000 лица“, тврди твојот „колега“ Никола Поповски.
Дали и него ќе го критикуваш за манипулирање со бројки?
Ај од позади. Критичкото мислење претпоставува критика на се што треба да се критикува, не само и исклучиво власта (односно само една личност од власта). Симптоматично е што не кажа ни збор за последниот потег на Црвенковски а и предходно гледам не си пишал ништо за аболицијата (барем од тоа што можев да видам низ блогот, не е баш најидеален за пребарување низ постарите теми). Да не зборам за низата погрешни потези и изјави и од страна на опозицијата кои поминаа без никаков коментар. Дали тоа што не се на власт ги амнестира од критика? Па тоа се истите што утре повторно ќе дојдат на власт, и после што, и нив ќе ги напаѓаш? Па кај ќе ни биде крајот тогаш ако само мудруваме кога некој греши а не правиме ништо за да го поправиме пред да го направи тоа! Знам дека нагонот да се биде фраер и да се мудрува е многу голем кај нас но ако веќе се сметаш за интелектуалец и експерт ти си должен да одолееш на тоа и не да се занимаваш само со најмодерните теми туку и тоа што е помалце интересно но сепак подеднакво битно (како на пример последната изјава од кабинетот на претседателот дека го разрешил Димитров за да му одржи лекција на Груевски!). Но ако ти се сметаш дека блогот треба да го посветиш исклучиво на една личност нема проблем, твој е блогот и имаш право да си пишуваш за што сакаш.
А тоа е поврзано и со прашањето за анонимусите. Тоа што ти си се претставил тука со име и презиме не значи ама баш ништо. И јас можам без проблем да бидам Игор Тодоровски или Стефан Кралевски или пак Горан Велков ама тоа тебе нема ама баш ништо да ти значи зашто јас не сум јавна личност а претпоставувам дека е исто и за повеќето од луѓево што коментираат тука. Ако ти прави разлика ќе пишам име и презиме па може дури и моето ама не гледам каква разлика ќе ти направи тоа. Еднаш ти посочив дека анонимусите се практично 'рбетот на интернетот и без нив нема да има ни сврха луѓе како тебе да пишуваат блогови така да немој и ти да згрешиш ко што згрешиле многу други и да се пуштиш во војна со анонимусите. Јасно е дека ќе се појават многу партиски војници кои ќе си ја бранат својата страна но тоа е неизбежно, посебно со темите кои ги обработуваш.
А за бројките, искрено ниту слушнав што кажале Груевски и Ставревски ниту ме интересира. Дали биле 20 или 30% не ми прави ама баш никаква разлика кога ќе се земе во предвид „големата слика“. Дека власта преувеличува и шминка некои бројки не е ништо ново, не се случува првпат ниту пак ќе биде последен пат. Да паѓаме во несвест зашто Ставревски рекол 30тина % (значи не точно 30 туку 30тина!) наместо 20% не ми значи ама баш ништо исто како и статистичката бројка за просечна плата која не му значи ништо на обичниот човек кој зима 2-3 пати помалце. Искрено повеќе ме плашат изјавите кои доаѓаат од спротивниот табор, од луѓето кои буквално секогаш кога биле на власт владеела економска стагнација и сега кога најпосле има некаков напредок се прават паметни и не им е доволен напредок од 5%! Тоа се истите тие што ќе дојдат утре на власт и тоа мене ме плаши. Сегашноста е лоша, иднината е уште полоша...
Не знам од каде му се податоците на Поповски. Еве што вика Агенцијата за вработување на РМ:
„Со состојба на 30.09.2008 година во Агенцијата за вработување на РМ, евидентирани се вкупно 343692 невработени лица. Од нив 71965 (20,9%) евидентирани невработени лица се изјасниле дека се пријавуваат само за остварување на правото на здравствено осигурување, а 271727 (79,1%), активно бараат работа.“
Во колумната, јас се служев со последните податоци за II квартал од 2008 година, објавени на официјалниот сајт на Државен завод за статистика.
Кога реков дека критичкото мислење подразбира преиспитување на авторитети, не реков дека го подразбира само тоа.
„а и предходно гледам не си пишал ништо за аболицијата...“
Еве како ја започнав колумната „Олимпијада стоп!“:
„„Тивкиот“ бојкот на Олимписките игри добива епски размери: Зошто претседателот не отиде на Олимписките игри? - Затоа што аболицијата и амнестијата не се олимписки дисциплини.“
Многу си напишал... И ајде, чекаме тазе пост со плукање по Груевски зошто не успеал и оваа година да обезбеди почеток на преговорите. Немој да не разочараш!
Потрошувачката кошница е само еден сегмент од целокупниот трошок на човекот. Во нејзиното пресметување не се земаат во предведвид секундарни трошоци (парно, кирија, образование, лекови, транспорт, домашни апарати, стуја, телефон). Кај нас се пресметува како у Зимбабве - храна и облека. Макроекономските елементи (кои нудат поширока перспектива) од друга страна (конректно инфлацијата) се пресметува на принцип на споредби со предходната година. Така немаме јасна слика са од пред неколку години. 1000 денари во 2005-та година вредат 660 денари сега. Тоа е поконкретно мислам, зашто секој си ги распоредува парите по сопствени потреби. Та ти се пљукнам у економскиот раст што не зголемуе стандард....
„Да ти се пљукнам у економскиот раст што не зголемуе стандард...“
Токму тоа е поентата.
Згора на тоа, прв стратешки приоритет на Владата за 2008 беше зголемување на стандардот, а не „прогрес на економски план“.
Нагрубо кажано, ако има економски прогрес, а нема зголемување на стандардот, значи дека економските придобивки ги користи некој друг, а не граѓаните.
Не може да се стави „Точка на дебатата“ (како што сака Ставрески во својата колумна), ако се игнорира прашањето како се одразува економскиот раст врз стандардот на просечниот граѓанин.
Една поправка. Максимумът на безработицата в България беше през април 2000 година - 19% (http://www.stat.bg/bg/indicator/400/). Минимумът на безработицата в България е през лятото на 2008 година, когато достигна 5,89% (http://news24.bg/novini-11597-bezraboticata_v_balgariya_namalyava_sochi_statistikata_prez_avgust_v_biurata_po_truda_sa_registrirani_.html). Сега заради световната икономическа криза се очаква увеличение на безработните.
Един българин
Безработицата на Балканите:
Slovenia 4.50% 2008
Romania 6.40% 2007
European Union 6.70% 2008
Bulgaria 7.75% 2007
Greece 8.30% 2007
Croatia 9.10% 2007
Albania 13.00% 2007
Montenegro 14.70% 2007
Bosnia 17.15% 2007
Serbia 18.80% 2007
Macedonia 35.00% 2007
Само 12 държави в света имат по-висока безработица от македонската.
Един българин
Благодарам за постирањето на статистиките, иако тука малку им се верува на статистичките податоци.
Објави коментар