Мал осврт на написот „Клуч за Алфите“, објавен во „Време“.
За флагрантнто кршење на човековите права од страна на „Алфите“ и за недостатокот од ефективна контрола врз специјалните полициски единици говори и последниот извештај на Европската комисија. И во последниот извештај на Комесарот за човекови права на Советот на Европа (септември 2008) се тврди дека „т.н. полициска единица „Алфа“ е презастапена во статистиката за лошо постапување.“ „Алфите“ се повторно истакнати како лоши момци и во последниот извештај на „Комитетот за заштита од тортура“ (ноември 2008), како и во претходните извештаи. Во извештајот за посетата од 2006, овој комитет забележува: „речиси сите лица интервјуирани од делегацијата, кои биле фатени од членовите на Алфа тимовите, наведоа дека биле подложени на лош третман“.
Посебна загриженост за дејствувањето на „Алфите“ изрази Комитетот против тортура на ОН, кој во препораките од мај 2008 јасно подвлече дека нашата држава треба да обезбеди: „Сите наводи за акти на тортура или свиреп, нечовечки или деградирачки третман или казнување извршени од службени лица за спроведување на законот, - вклучувајќи ги и оние извршени од членовите на „Алфа“ единицата – да бидат благовремено истражени, независно и непристрасно, и кога е умесно, да бидат обвинети и казнети.“
Не ми е јасно зошто официјалниот претставник на Македонија ја негира сопствената изјава на сесијата на овој комитет, поставувајќи го прашањето „Од каде ви е идејата дека единицата „Алфи“ ќе биде расформирана?“ Факт е дека неговата изјава за распуштање на „Алфите“ била сериозно сфатена од страна на Комитетот во мај годинава, за што сведочи и документот со завршните забелешки. Во него е јасно истакнато дека „Комитетот ја забележува информацијата примена од делегацијата дека „Алфа“ единицата наскоро ќе ги заврши („terminate“) своите активности“.
Ветувањето дека башибозукот наречен „Алфи“ ќе замине во историјата сеуште не е остварено.
Катанец за „Алфите“!
11/16/2008во 10:25
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

8 коментари:
Значи тезата дека Алфите се „лоши момци“ се поткрепува исклучиво со изјави на „лицата кои биле фатени од страна на членовите на Алфа тимовите“? Зборот на шверцерите, силувачите, трговците со оружје и бело робје, убиците итн. вреди повеќе од истрага и цврсти докази? Нешто овде смрди но не знам дали смрди кај Алфите...
„Да господине од ЕУ, мене алфите насилно ми провалија во кафаната и ми ги земаа сите украинки, молдавки и романки и потоа ме затворија во тесна и неосветлена просторија, ми мавнаа два шамари и ми вперија јак рефлектор во лицето обедувајќи се да ме натераат да ги кажам сите мои соработници. Срамота за Македонија!“
За која истрага и за кои „цврсти докази“ зборуваш пријателе? Еве што вика извештајот во тој поглед:
„The prosecutor's office should make further significant efforts
to promptly and in an independent manner investigate and prosecute allegations of illtreatment.
The decisions of the ECtHR in this respect need to be fully implemented. The Ministry of Interior needs to conduct its investigations in accordance with internal procedures, national law and international standards."
Извештајот вели дека досега обвинителството спровело само 22 истраги против лошо поведение на полицијата, МВР имало само 52 случаи на лош третман и „ниту еден случај на илегално апсење“!
Имаме дури и пресуда од Европскиот суд за човекови права која најде повреда на членот 3 заради „неуспех на властите да спроведат ефективна истрага за наводите на апликантот дека бил лошо третиран од полицијата“.
Зборам општо. Ако некаква европска комисија тврди дека Алфите кршат човекови права се надевам тоа е основано на нивни детални истражувања а не само на изјави на уапсените. Некако ми е тешко да давам поголемо значење на криминалци отколку на полицијата, па макар и биле Алфите. Тие се далеку од чисти, но те молам покажи ми дека низ ЕУ има 0% лош третман кон криминалците па тогаш можеби и јас ќе се придружам во твојата крстоносна војна против Алфите. Вака остануваш уште еден од армијата „експерти“ кои на алфите гледаат како чисто политичка полициска единица против која треба да се говори во секоја можна ситуација, без разлика на сите добри работи што ги направиле.
Никаде не сум тврдел дека Алфите не направиле добри работи. Во првите шест месеци од 2008 година „од страна на припадниците на Посебните мобилни единици откриени се сторители на вкупно 347 кривични дела“.
Сеуште верувам дека во МВР има многу повеќе добри полицајци отколку лоши полицајци. Проблем е кога добрите не сакаат да расчистат со лошите, па автоматски преоѓаат во нивно друштво.
Извештаите за човекови права не се темелат само на изјави на жртвите, туку и на увид како тие изјави се третираат од страна на институциите на системот. Ете тука потфрламе, пријателе.
Еве што заклучила Комисијата за превенција на тортура во својот извештај за последната посета, откако дел од наводите на жртвите биле потврдени со собрани докази:
„As stressed in previous reports, it is imperative that prosecutors and judges take appropriate action when there are indications that ill-treatment by the police may have occurred. Yet it would appear that no action has been taken by the relevant authorities to ensure implementation of the Committee's recommendation that, whenever persons brought before a prosecutor or judge allege ill-treatment by law enforcement officials, the prosecutor/judge record the allegations in writing, order immediately a forensic medical examination and take the necessary steps to ensure that the allegations are properly investigated.“
Еднаш бев сведок на судење кога обвинетиот се соблече покажувајќи ги трагите од повредите тврдејќи дека му се нанесени од полицајци, а судијата ништо не мрдна со прстот, и судењето си продолжи.
Што се однесува до „Алфи-те“, и во извештајот на Народниот правобранител е констатиран случај кога малолетник од Шуто Оризари бил претепан, а секторот за внатрешна контрола се обидел да ја покрие одговорноста на полицискиот службеник.
Секако, меѓународните извештаи се потпираат и на извештаите од страна на здруженијата на граѓани.
Еве само еден пример:
„Забележителна е тежината на повредите и високиот степен на суровост во случаите во кои се инволвирани полициските единици „алфи“ и Единиците за брзо распоредување. Во 90 отсто од случаите тие се однесувале грубо и недолично, а во 10 отсто случаи им нанеле телесни повреди на граѓаните“, се наведува во извештајот“ на Проектот за поддршка на човековите права.
И работниците од Маврово ги покажаа своите рани па никој не мрдна со прст. Но кога криминалците ќе се дигнат е тогаш мора нешто да се превземе. Тука не е проблемот што полицијата е груба туку што алфите се груби. Да се распушти таа единица а процентот на грубости од страна на полицијата да остане ист сигурно нема да е дигне толку голема галама. Но Алфите се жигосани како вмровска полиција и поради тоа мора да бидат елиминирани по секоја цена.
Само уште еден во низата еднострани текстови од нашиот мил и драг „експерт“. Следно: Жарко се претвара во врвно стручно лице од областа на земјоделството во епизодата „Како Груевски ги украде парите на земјоделците“. А за визите камо текст? А за фиромакедонците камо текст?
1) „Тука не е проблемот што полицијата е груба туку што алфите се груби.“
- Апсолутно неточно, секогаш „Алфите“ сум ги третирал како дел од полицијата.
2) „Но Алфите се жигосани како вмровска полиција...“
- Апсолутно неточно: „Единицата „Алфи“ е формирана со решение на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски на 15 јануари 2005 година.“ (Шпиц, Јанкуловска не ги дава „Алфите“).
3) „И работниците од Маврово ги покажаа своите рани па никој не мрдна со прст.“
Во постот „Амнестија или не?“ укажав дека „не може да има амнестија за злосторства против човештвото или воени злосторства“, став кој го застапувам уште откако беше донесен контроверзниот закон.
Треба да поработиш на реорганизација на блогот зошто постарите теми не може да ги бараме по наслов туку мора да листаме додека не дојдеме до бараната тема а тоа е доста напорно. Вака нема да знам што точно си пишал во постот „Амнестија или не?“...
Интересно е ова за Алфите, не сум знаел дека биле формирани од страна на предходната влада. Но без разлика на тоа, останувам на мислењето дека сите напади врз нив се поради тоа што ги сметаат за вмровска полиција.
И што правиме со другите интересни теми од деновиве? Некако ептен одбегнуваш да се изјасниш за нив...
Објави коментар